Мрежа Гете-герилата

Од сопствен агол

© www.Colourbox.com
© www.Colourbox.com
Гете-герилата е група на млади луѓе со различни интересирања и образование, која врз основа на слободна волја работи во тимот, во рамките на Гете-институтот, смислува и реализира проекти во тесна врска со културните и општествените теми.

Групата се интересира за меѓузависноста на поединецот, општеството и културата и во своите размислувања на таа тема сака да ги вклучи и другите. Идеите кои Гете-герилата сака да ги подели со другите имаат различни форми и се создаваат со намера да се преиспитуваат постоечките состојби на работите и да се пробуди интерес за нивно менување. Тимската работа ја карактеризираат неколку насоки:

  1. ЗАПОЗНАВАЊЕ НА СВОИТЕ И НА ДРУГИТЕ КУЛТУРНИ И ОПШТЕСТВЕНИ УСЛОВИ
    Запознавање на другите култури и општества е разбирање на разни животни сценарија – различните култури и општества поинаку дејствуваат на своите поединци. Со воспоставување однос со нив, се гради нов пристап кон сопствената културна заднина. Запознавањето на социокултуралните влијанија врз сопствените постапки може донекаде да го ослободи поединецот од впечатокот на социјална условеност и да му понуди прилика за свесно правење на поинакви избори и освојување на личната слобода.

    Во центарот на интересирањето на членовите на Гете-герилата се запознавање со германската култура, општеството, јазикот и современата уметничка сцена. Групата не настојува со нив да се бави на вообичаен начин – со сознавање на фактите од дистанца – туку се обидува да ги препознае општите текови на германската култура и секојдневието и да ги спореди со условите во кои групата дејствува. Запознавањето со културата се одвива преку зборување за неа и преку доживување во нови контексти на оние нејзини аспекти кои најтесно се поврзани со секојдневната пракса.


  2. ПРОАКТИВНОСТ – ИНТЕРВЕНИРАЊЕ ВО ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И ПРОСТОРОТ
    Излегување на групата во јавен простор е начин поединците, преку своите идеи, да се поврзат со општеството и да се замешат во социјалната и културната зона, за низ различни начини на мислења и изразувања да внесат разлика во тековниот секојдневен живот. Тоа е директно вклучување на поединецот и на конкретната група во животот на заедницата и начин некое прашање, проблем или можен одговор да се постават јавно, и со тоа последично да станат видливи и заеднички.

    Постојат неколку обврски и одговорности, кои во групата спонтано се зацврстиле, но кои треба и натаму да се исполнуваат за групата да остане на работниот собир и да ја исполни својата цел и очекувањата на поединецот. За почетниот чекор е важно секој да има право да ја изложи својата идеја. Секој проект има своја почетна идеја и неговиот последен облик е последица од начинот на кој групата заедно го разработувала првобитниот концепт. Идејата се развива во правец на поврзаност со општите цели, а успешноста на нејзиното остварување е зависна од нејзиното разложување на специфични задачи. Одлучувањето за акцијата се донесува на ниво на групата, што значи дека секој член треба да се сложи со нејзината реализација. За текот на реализацијата е задолжено едно или повеќе лица. Се очекува степенот на ангажираноста на членовите да се разликува во однос на проектот или на некоја негова фаза, но појдовна претпоставка е дека сите се задолжени за сè и дека во текот на самата реализација можно е да се вклучат и други луѓе. Групата работи континуирано преку редовно состанување и комуницирање со мејл или со телефон.

    Гете-герилата, како креативна група, на секој член му нуди можност да учи од другите, прилика за индивидуална и групна работа, простор за покажување на креативност, испробување на различни видови на изразување и преставување на идеи и учествување во јавниот живот на градот. Секој проект е производ на меѓусебното запознавање на членовите и на запознавањето со германската и својата култура и општество.
Снежана Илиќ, Гете-герила Белград

    Гете-герилата

    Тековни информации за нашите активности

    Weblog: Goethe-Guerilla

    The Goethe-Institut Belgrad will be 40 - and it is getting younger: Who is the Goethe-Guerilla and what is it doing?

    Goethe-Guerilla

    Fotostream
    Корисни линкови