Мрежа Гете-герилата

Град – заедничка тема

© Goethe-Institut Belgrad
© Goethe-Institut Belgrad
Град. Место каде човекот бега за да биде таму каде сè е направено по негова мерка. Место кое давајќи сè, поттикнува на давање и каде малку што е невозможно. Место на илјада лица и дом на урбаното општество. Прилика да се спои неспојливото.

Загреб, Сараево, Белград, Приштина, Скопје... Герилците од овие градови требаа да пронајдат заедничка идеја на тема „Град“, која би претставувала појдовност за заедничките проекти. Во боите, разликите и посебностите кои секој од овие градови ги нуди, не е сосема едноставно да се најде заеднички идентитет за сите нив, но постоеше една полесна и поинтересна опција – да се пронајдат заедничките недостатоци. Кои се тие работи што сите би сакале да ги видиме во нашите градови, а кои тие наши градови тивко ги заобиколуваат? Кои се предностите што ги дава германскиот град, а нам сè уште ни се далеку? Како сите овие градови во себе да добијат малку Берлин, Минхен, Хајделберг или Келн, на креативен, интересен и корисен начин?

Пронаоѓајќи ги заедничките недостатоци и проблеми во своите градови и барајќи решение во германските, крајната цел би била да се покаже како еден подобар град е можен секаде. Да се има град кој дава еднакви можности за сите свои граѓани е задача на сите нас, а мошне е едноставно, барем на еден момент, да се оживеат своите желби во него. На тој начин се свртува внимание на проблемите и недостатоците, а на граѓаните им се дава прилика да видат кои им се заедничките проблеми со другите градови во нивната околина. Исто така се дава можност за кратко да се најдеме во оние ситуации кои ги немаме, а ги посакуваме во нашите градови.
Какви би можеле да бидат Загреб, Приштина, Сараево, Скопје и Белград? Како би можеле да ги сакаме уште повеќе?
Хилма Ункиќ, Гете-герила Сараево

    Гете-герилата

    Тековни информации за нашите активности

    Weblog: Goethe-Guerilla

    The Goethe-Institut Belgrad will be 40 - and it is getting younger: Who is the Goethe-Guerilla and what is it doing?

    Goethe-Guerilla

    Fotostream
    Корисни линкови