Историја

Куса историја

Foto: Milica Nikolic Copyright: Goethe-Guerilla
Foto: Milica Nikolic Copyright: Goethe-Guerilla
Goethe-Guerilla in Ohrid, Juli 2011
Гете-институтот во Белград 2010 година славеше 40. роденден. Со желба институтот и натаму да остане млад со духот и да не го изгуби контактот со младите целни групи, се роди идеја во осмислувањето на програмите да се вклучат активни и заинтересирани млади луѓе од Србија. Така, распишан е конкурс на кој се пријавија 70 заинтересирани. Од таа група избрана е првата генерација на Гете-герилата, која брои 22 члена. Со бројни проекти, како што е виртуалниот Музеј на југословенски бродови, акцијата „Поглед преку плотот“, потрага за најубавиот српски збор од германско потекло и Speed dating со германскиот јазик, успееја да остават трага во културниот живот на Белград и во Гете-институтот. Првата година од дејствувањето на Гете-герилата е окончана со оценка на резултатите и со избор на втората генерација герилци, чии активности ја исполнија 2011 година. Благодарејќи на добрите искуства во Белград, идејата за Гете-герилата ја прифатија и други Гете-институти во Југоисточна Европа, па во 2011 се оформени тимови и во Приштина, Сараево, Скопје и Загреб.

Во почетокот на јули 2011 година во Охрид е одржан првиот регионален состанок на герилците, каде герилците меѓусебно се запознаа, а ги запознаа и локалните координатори и вработените во Гете-институтот. На овој летен камп учесниците ги претставија дотогашните проекти од Белград и одбраа нови, заеднички теми. Како приоритет ја одбраа можноста за промена и подобрување на општествениот и на културниот живот во градовите во кои живеат. Средбата во Охрид не само што придонесе за усогласување на соработката, туку и на многу млади луѓе им овозможи по прв пат да ги запознаат своите врсници од соседните земји и со нив (успешно) да соработуваат.

Наредната регионална средба ќе се одржи во Сараево, од 2 до 4 декември 2011 година. На неа ќе се споредуваат резултатите од акциите од претходните месеци, ќе се преиспитуваат идејите, ќе се отфрлуваат старите и ќе се додаваат нови, и ќе се преземат сите мерки, за успешните акции на Гете-герилата ни во иднина ништо да не им стои на патот.

    Гете-герилата

    Тековни информации за нашите активности

    Goethe-Guerilla

    Fotostream

    Weblog: Goethe-Guerilla

    The Goethe-Institut Belgrad will be 40 - and it is getting younger: Who is the Goethe-Guerilla and what is it doing?