За нас

Што е Гете-герила?

Дефинициите за појмот „герилец” се разновидни, често недоволно јасни, а од неодамна овој збор доби уште едно значење. Обично герилци се нарекуваат припадници на (вооружена) група која се спротивставува на сваќањата и на правилата на мнозинството. Освен тоа, во нашиот регион постојат тнр. урбани герилци, во кои ги вбројуваме уметниците на графити, скејтерите и други групи кои сакаат да влијаат врз општеството на независен и креативен начин. Гете-герилата е најнов потомок на герилското семејство. За разлика од вообичаените герилци, според кои го добиле името, тие се група на мирољубиви и креативни млади луѓе, кои се залагаат за ширење на германската и за оживување на сопствената култура. Кон таа работа тие пристапуваат промислено, со исклучителна оригиналност и енергија. Целта на нивните акции е да потикнат позитивни промени во сопствената животна околина и општеството да го наведат на поактивен пристап.повеќе ...

Гете-герилата

Тековни информации за нашите активности

Goethe-Guerilla

Fotostream

Weblog: Goethe-Guerilla

The Goethe-Institut Belgrad will be 40 - and it is getting younger: Who is the Goethe-Guerilla and what is it doing?