Да се осмелиме да се сетиме

Ризикот на сеќавањето

Критичко размислување на грчкиот писател Никос Темелис во превод на Емилија Мајсторова-Стојановска.

Што претставува големата идеја за една Европа како демократска заедница што ја зачувува многуобразноста на културните идентитети во рамките на едно мирољубиво соседство, и пулсирачка на рамниште на секојдневието: една химера или еден навистина остварлив сон, барем за следните генерации?

Ќе се обидам да загатнам неколку прашања:

Што е тоа што би можело да ги обединува народите на Југоисточна Европа во денешната реалност на европско заокружување и глобализација?

Поконкретно: Кое минато, која сегашност, која иднина?

Од кои вредности, начела и светогледи, од каков развој на собитија, од кои процедури може да произлезе една општа, заедничка свест која што ќе обединува а нема да разделува, односно ќе ја зацврстува демократската култура? Култура која што ќе ја почитува различноста и ќе ја консолидира мултикултуралноста не како нужно зло, туку како извор на солидарност и напредок.

Со што може да придонесе книжевноста?

Да се навратиме на нашето минато. Она кое што навистина постоеше, но истовремено и на она што го учевме преку официјалниот, државен образовен систем.

Минатото кое што ја обликува општествената историска свест го моделираат академиците историографи, дијахрониски служејќи им на тој начин не само на трагањето по вистината, туку и на секој вид национални, политички, религиозни и образовни цели. Па така, она што главно го знаеме во врска со тоа што се случува меѓу нашите народи во Југоисточна Европа уште од самиот почеток на создавањето држави – народи во средината на XIX век е непријателство, војни, насилство, меѓусебни територијални претензии и непризнавање на границите, верски антагонизам внатре во самата православна црква, полова дискриминација, прогони на малцинствата, геноциди. Што се однесува до мирнодобските времиња: една крајна недоверба и постојана будност заради исчекување на следниот мегдан. За презентерите на ваквото раскажување се подразбира дека за горе споменатите појави секогаш беа виновни „оние другите“, т.е. или соседите или често пати различни „Големи сили“ во Европа кои што го попречуваа историскиот развој во Југоисточна Европа. Што се однесува, по некоја случајност, до сопствената вина за ваквите настани, иако со жалење, истите се правдаат и легализираа уште пред или по нивното случување, во интерес на двете највисоки вредности: калењето на националната свест и националниот суверенитет.

За еден голем дел од гласачкото тело кај нашите народи, ваквото минато продолжува и денес да биде актуелно или мошне живо како трауматско сеќавање на нашите родители и дедовци. Голем е бројот на оние што сѐ уште не можат да го надминат, особено кога и денес се оживуваат неговите последици. Едно такво минато, што се пренесува од вчерашнината во денешнината а како превозно средство ги користи традицијата, образовниот систем или националната идеологија, го попречува приближувањето на народите, го стагнира секој обид за истакнување на кој било витален, поврзувачки елемент.

Да ја погледнеме и нашата сегашност.

Разграничувањето на времето на минато и сегашно, претставува еден тежок процес во кој може да не се согласуваме со заклучоците. Која епоха се регистрира во колективната свест како минато, и од кога почнува епохата на сегашноста во Европа? Колку поединечни видови колективна свест постојат, па дури многу посилни од онаа што би можела да се карактеризира како европска колективна свест? Кога се случува пресудниот рез помеѓу вчерашнината и денешнината? Со завршувањето на Втората светска војна или со поновиот развој на настаните, како што се укинувањето на постоечкиот социјализам, ескалирањето на глобализацијата и инвазијата на новите технологии?

Во западноевропските општества двете големи војни, целосната деструкција, проширеното и продлабечено созревање на рационалистичката мисла како и на демократските вредности, по завршувањето на Втората светска војна ставија крај на поимањето на конфликтот како средство за решавање на проблемите, на експанзиите, на реваншизмите, на газењето на човековите права. Според тоа, мислам, нема причина да не се согласиме дека проблемите, состојбите, сфаќањата, психолошките оптоварувања од минатото, и денес не се репродуцираат во односите на народите од Југоисточна Европа, и дека на еден или на друг начин не ги жигосуваат. Плева луѓе, различни корени. Примери од скорешното минато: создавањето на националните држави на Балканот на териториите на поранешната Отоманска и Австро-унгарска империја, дијахрониските промени во односите меѓу Грција и Турција, раздружувањето на Југоисточна Европа помеѓу земјите што минаа во западниот блок – Грција, Турција, Кипар – и останатите кои што го минаа постоечкиот социјализам, турската окупација на Северен Кипар, скорешниот распад на поранешна Југославија, малцинските прашања, длабокото чувство на различност помеѓу христијаните и муслиманите.

Истовремено, во сегашно време се регистрираат и различни степени на развој меѓу националните општества, различни резултати во надминувањето на секој вид слабости и недостатоци во однос на оние што се регистрираат во западна Европа по завршувањето на Втората светска војна. Пред сѐ, во правец на формирање на демократските режими и експанзија на една поширока демократска култура, но и во општествената организација, во економскиот развој, во манифестирањето на благосостојба на широки народни душеци, во нивното довчерашно отстапување од учество во градењето на Европската Унија. Временското несовпаѓање на развојот сериозно влијае врз агендата на националните приоритети. Подробното проучување на демократијата, истакнувањето на вредностите на мирољубивиот соживот, на почитувањето на различноста, на меѓусебната полезна соработка, на светската осмоза на идеи, не се наоѓаат на преден план.

Честопати, границите играат противречна улога.

Истовремено, како во ниту еден друг регион на Европа, секој еден вид граници – политички, национални, економски, верски, комуникациски и психолошки – немилосрдно се подигаат кон надворешниот свет и оставаат лузни врз локалните општества. Поставуваат препреки во меѓусебното разбирање, во создавањето на една заедничка свест дека иако сѐ уште не припаѓаат на еден поширок колективитет, на една заедница што сѐ уште се испилува, наместо да побараат од јавноста, ако ишто друго, барем таа да се стреми кон слични цели. Претставниците на сфаќањето за меѓусебно разбирање и конструктивно приближување на внатрешните односи меѓу општествата на ј

Југоисточна Европа постојат; се наоѓаат во политичките и општествените елити, во семејствата на академиците и интелектуалците, меѓутоа постојано претставуваат малцинска гласачка група. Во своето мнозинство општествата се движат сами за себе, дури и тогаш кога имаат заедничка голема цел, како на пример нивната проевропска ориентација.

Можеби намалувањето на значењето на границите би претставувало некаква надеж? Сигурно, доколку погледнеме во подалечната иднина. Меѓутоа, што гледаме до сега? За мнозинството гласачи внатре во самите граници, таму каде што гледаат дека ослабуваат било кој вид граници, дали во рамките на Европската Унија или како резултат на глобализацијата, или во некои случаи насилно, ваквиот развој на настаните раѓа несигурност и страв за нивниот колективен или личен идентитет. Брзите меѓународни прекројувања, транзицијата на епохата што ја живееме, мобилноста на општествата, миграциските струења, недоветните политики, чуството на немоќ на граѓаните да влијаат врз развојот, отсуството на една верна, надежна противтежа наспроти секој вид неизвесност, ги влошуваат впечатоците. Во недоветните политики ја вбројувам и слабоста на Европската Унија, од една страна да го надмине нејзиниот конфедерален карактер и да продолжи кон суштински чекори на политичка интеграција, а од друга страна да се спротистави на успешните политики на негативни последици од глобализацијата - две состојби што го заштитуваат или негуваат национализмот. Па така, сѐ поголем број луѓе се чуствуваат загрозени од опасноста да го изгубат јадрото на својата индивидуалност, на својот културен идентитет. Како реакција на ова, се појавува културниот идентитет, со интензитет и инает како последна линија на одбрана од заканите и стравот на таквиот развој кој што го унифицира и хомогенизира светот. Особено оној културен идентитет креиран преку својот традиционален етноцентричен материјал. Различноста, проблемите со соседите, се соочуваат на голем простор со иста недоверба, ако не и непријателство со кое се соочуваа и вчера.

Заклучокот е дека die Vergangenheit und die Gegenwart unterminieren das Unterfangen den grossen europäischen Gedanken einer die Vielfalt der kulturellen Identitäten bewahrenden demokratischen Einheit in täglich erlebbarer friedvoller Nachbarschaft in Praxis umzusetzen.

Како да се соочиме со оваа ситуација?

Ќе се задржам на нејзините три аспекти.

Што можеме да сториме со нашето минато. Минатото не може да се промени. Меѓутоа, историографијата секој пат прави свој избор и хиерархија. Одбира што ќе промовира, што ќе осветли, на кој начин ќе ги толкува причините, мотивите, одлуките, последиците. На кој начин ќе ѝ пристапи, во глобала, на коинциденцијата и нејзиното минато. На пример, поновата грчка историографија, од нејзиното раѓање во средината на XIX век до денес, како своја централна оска го има судирот на Грците со Отоманската империја, а во продолжение со Турција. Се премолчуваат, а во најдобар случај, се паметат како една второстепена информација, останатите значајни настани и ситуации. На пример, фактот дека во таа мултикултурна Отоманска империја беше возможно да се развијат и да процутат грчките заедници, особено на оние во Смирна (Измир, заб. на прев.), во Константинопол (Истанбул, заб. на прев.), на брегот на Црно Море и на Егејот, во градските центри по должината на Дунав, во Солун, но и во внатрешноста на Мала Азија. Заедно со нив и заедниците на Евреите и на Ерменците. Аналогни потврди постојат и за Австро-Унгарија или за царска Русија. Дека во овие центри, во XIX век се создадоа предуслови за формирањето на грчката граѓанска класа, еден значаен развој на грчкото општество и предуслов за создавањето на новата нација – држава, нејзиниот идентитет и нејзината национална свест. Дека овие градови ги прифатија идеите на просветителството и хуманизмот што доаѓаа од Западна Европа, ги дадоа нивните претставници, иако на крајот не успеаја да преовладаат. Дека, во некои случаи, се развија цврсти врски на полето на меѓусебното разбирање и образование помеѓу претставниците на различни етноси, како на пример меѓу Грците и Романците, и покрај меѓусебните борби што се водеа во пазувите на христијанската православна црква меѓу Цариградската патријаршија, Бугарската егзархија и Српската православна црква.

Покрај конфликтниот приод кон историјата, постои и оној на мирнољубив соживот и соработка, на прогрес и благосостојба. Верувам дека истоветни примери за премолчена историја постојат на целиот простор на Југоисточна Европа. Еднаш историчарите ќе мора да ја покажат. Истовремено, ќе мораат да ја култивираат и потребата од трезвен приод во толкувањето на настаните, да заземат критички став кон едностраното припишување на вината што е испишана на темните страници на историјата. Невозможно е секогаш да се виновни „другите“.

Пренамената на нашето минато би претставувала значаен чекор во создавањето на една култура која што би помогнала во надминувањето на трауматските сеќавања, и би отворила нови патишта за меѓусебни контакти, разбирање и градење врски со соседите врз основа на, до сега, запоставените вредносни начела.

Што да правиме со нашата сегашност? Нашето минато може да се измени. Го создаваат нашите народи и нивните политички раководства. Се создава за четири земји од Југоисточна Европа во рамките на Европската унија, а за останатите со помош на нивно цврсто ориентирање за да можат и тие да се зачленат. Меѓутоа, за сите – зачленети или не – проблематиката треба да биде иста. Не е доволно зачленувањето во Унијата да биде диктирано исклучиво од целта за поддршка на државата – членка и нејзината можност да влијае на настаните и пошироко, за зацврстување на демократскиот режим, исцрпување на општествениот потенцијал и други пристапи и придобивки, безбедноста, економскиот напредок. Зачленувањето треба да биде диктирано и од волјата на веќе зачленетите да му припаѓаат на едно општество на вредности и начела кои што ја сочинуваат основата врз која се потпира целиот тој смел потфат на обединета Европа. Целиот овој ризик не се однесува само на вредноста на мирот во меѓусоседските односи, туку и на сите начела кои што произлегуваат од една демократска култура како слободата, правичноста, почитувањето на човековите права и на различноста, духот на добрососедството, одговорноста кон останатите партнери, особено во врска со одлуките што ги преземаат и донесуваат различните органи а согласно постоечките процедури, вистинската солидарност, почитувањето на законските одредби на меѓународното право.

Врз основа на овие вредности и начела треба да се заснова заедничкиот простор врз кој ќе се градат и ќе се зацврстуваат националните светогледи, националните идентитети и вредности, културниот идентитет и посебноста на секоја локална заедница.

Горе наведената мисла не треба да биде сфатена само како предуслов за зачленување во Унијата за земјите што сѐ уште не се членки. Тоа е нивна потреба, независно од нивната проевропска ориентација, зашто само така, за своите национални цели, ќе можат да ја добијат поддршката на европската и меѓународната јавност, неопходна за критичната геополитичка позиција што ја имаат. Зашто после шеесет години обидување, Западна Европа ја покажа и докажа својата ефективност во однос на напредокот на општествата и покрај слабостите што се регистрирани при спроведувањето и реализирањето на тој обид, и покрај потребата, што се покажа во некои земји – членки, да се преиспита во која мера тие навистина се вклопиле.

Се разбира, ваквиот потфат не е лесен за координирање на унапредувањето на европското заокружување како заедница на вредности и начела врз основа на почитување на различноста, особено на мултикултурната разнообразност што ги дефинира нашите идентитети. Развојот на Европската Унија, бездруго, не е специфициран. Некои политички и општествени сили ќе продолжат својот товар да го префрлаат врз грбот на процедурите и перспективите на процесот за обединување, други пак врз грбот на зачувувањето на различноста на заедниците и културите што ги претставуваат. Потребен е еден друг приод, различенод од оној што смета дека едната тенденција ѝ се спротивставува на другата; еден приод кој ќе бара конструктивна коегзистенција и синтеза на овие двете. Културната реторика, што ја формулираат владите, ќе треба да ги увидува иредентистичките појави во културното ткиво на општеството и да одговара со соодветна политика која што ќе ги негува и ќе ги збогатува идентитетите. Меѓутоа, заклучоците од ваквото трагање, како и резултатите од ваквото обидување треба да бидат производ на општествено созревање, а не производ на една концепција која што ќе биде наметната од страна на некои органи на власта. Нивното демократско легализирање е услов за нивниот опстанок.

Со што може да придонесе книжевноста?

За среќа, книжевноста на творците од Југоисточна Европа е трасирана по вистинскиот пат. Кога се зафаќа со историски роман, го покажува мирољубивиот соживот, па дури и меѓусебната солидарност на хероите кои што им припаѓаат на различни етноси и верски догми, и живеат во старите мултикултурни заедници во Отоманската империја. Ако, пак, станува збор за ситуации на слабости во меѓусебното разбирање, било од минатото или современоста, таа посредно или непосредно таквото непријателството и насилството ги осудува.

Што се однесува до мојата лична работа, во сите мои романи се поставува и се повторува прашањето за индивидуалниот и колективниот идентитет, како и обидот сето она што го кажав погоре да го загатнам во заплетот на романот, во карактерите на хероите, преку еден нов поглед врз историјата, како на пример во мојот последен роман „Die Wahhrheit der anderen“.

Der Roman geht von der plausiblen Annahme aus, dass Menschen aufgrund ihrer Weltanschauung, dessen was sie für sich selbst halten ihre Identität, ihre eigene Wahrheit aufbauen. Die Verschiedenheit der Wahrheiten schafft bis heute noch Spannungsfelder. Die Frage ist, wie stehen wir gegenüber der Wahrheit der anderen und gleichzeitig wie stehen die anderen, die „verschiedenen“, gegenüber unserer Wahrheit. Und weiterhin, wie wir uns überhaupt mit Wahrheiten auseinandersetzen. Ich versuche mit meiner Erzählung von einem Spannungsfeld zum anderen überzugehen und aufzuzeigen wie möglicherweise die Verschiedenheit Konflikte auslösen kann. Der Plot durchläuft die nationale bzw ethnische Identität, den religiösen Glauben, das historische Bewusstsein, die politische Doktrin, die kulturelle Identität, bis hin zur sexuellen Identität. Er impliziert kausale und motivationale Zusammenhänge. Er setzt sich mit Prinzipien und Wertäusserungen auseinander. Er zeigt schliesslich auf, wie die sich erweisenden Konflikte von den Protagonisten des Romans und ihrem Mikrokosmos behandelt werden. Das Spektrum umfasst alle Varianten menschlichen Benehmens, wie z.B. Verbrüderung, Verständigung, Toleranz, Distanzierung, pochenden Hass, brutale Gewalt. Sogar die Möglichkeit einer simplen Kommunikation und Auseinandersetzung steht oft in Frage.

Ich trage historisches Material vor, das vernachlässigt bzw. absichtlich verschwiegen worden ist und stelle es an die Seite der offiziellen Version der Vergangenheit, wie sie von den akademischen Geschichteschreibern konstruiert ist. Ich versuche aus der Fülle des existierenden Stoffes das für den Plot Nötige auszuwählen und an das Erfundene anzuknüpfen, beides in eine Einheit zu verschmelzen. Ich unternehme den Versuch mit einem anderen Blick auf die Vergangenheit diese zu vergegenwärtigen und der Gegenwart ein abweichendes von unserem kollektiven Bewusstsein historisches Gewicht zu verleihen. Ich versuche neben dem Hauptziel einen Roman mit den üblichen Mitteln aufzubauen, eine vergangene Welt, die immer noch akut ist, wiederzubeleben, neben dem Vergnügen, auf welches jede Erzählung zielt, ob es sich um einen historischen Roman, einen Bildungsroman, oder eine bürgerliche Familiensaga handelt, den Leser zum Nachdenken zu reizen.

Три критични сфаќања.

Современата книжевна продукција, по правило не ја привлекува идеолошкото или вредносното лоцирање зашто таквата постапка ја смета за надмината, а и кога се соочува со неа, тоа го прави со една воздржана иронија. Не е баш многу познато дали истото важи и за читателите. Како и да е, во јавните книжевни изјави и расправи, истите не покажуваат интерес.

Во голем број, читателите првостепено ги привлекува книжевноста од американскиот континент и нивната национална книжевност, а второстепен е интересот за европските соседи. Уште по мал е интересот кај читателите од земјите на Југоисточна Европа за книжевноста на нивните соседи.

Прикажувајќи ги анкетните податоци, интересот за книжевноста рапидно опаѓа кај таканаречените повремени читатели. Исто така, интересот опаѓа и кај помладите генерации кои што своето слободно време, како и својата духовна и културна надградба ги насочуваат во друг правец.

Една поширока тема би било прашањето за улогата, проблемите и перспективите на европската литература во современа Европа, и во кој обем би можела да го протежира обединувачкиот елемент на својата култура.

Што се однесува до конкретното прашање со кое се занимаваме во текстот, и претставува дел од претходно кажаното, мислам дека: проблемот со националните книжевности на земјите од Југоисточна Европа не се однесува на нејзината содржина, туку на прашањето во кој степен може да влијае врз една заедница. Колкав е обемот на нејзината публика во однос на мнозинството што не ја следи. Колку лесно може да ги премине своите јазични граници за да може да се распространи и во заедниците на соседите. Да комуницира со другите, со странците, со истоветните или со различните. Како може да создаде средство за комуникација, меѓусебно разбирање и сфаќање на нашите горливи проблеми. Како да култивира едно заедничко чувство, една заедничка свест кај нашите народи што ќе нѐ приближува и ќе нѐ обединува врз една заедничка демократската културна основа.

Што повеќе иницијативи, што повеќе преводи, што повеќе меѓукултурни форуми, поголема меѓународна мобилност на авторите, вреднување на вмрежувањето и новите технологии, значајна поддршка на културната политика од страна на националните држвните институции, но и од страна на Европската Унија – би бил еден првичен одговор.

Меѓутоа, проблемот нема да се реши само со промовирање на еден таков развој кој бездруго е неопходен. Проблемот се однесува, во главно, на заедничките, мнозински култури во нашите заедници. Оние што се негуваат и вообликуваат од страна на политичките и општествените раководства, од секој вид креатори на јавното мислење, од протагонистите на средтствата за јавно информирање, од активната заедница на граѓаните. Нивната улога е значајна, би рекол пресудна за еден суштински пресврт од денешната ситуација кон една понадежна. Затоа е потребно – нешто што претходно веќе го изложив – реформирање и постојано проширување на јавниот простор за потрага, советување и меѓусебно разбирање, кој што нема да се ограничува на манифестот на начелото за толеранција, за почитување на соседите, на „другите“ или на потребата за егзистирање на едно мирољубиво соседство, туку ќе се компарира со поширокото прашање, т.е. на кој начин ќе се креира една интеревропска демократска унија, и како во нејзините рамки ќе се почитува различноста. Како од бракот на овие два постулати може да се изродат нови облици на колективен и индивидуален идентитет.

Истовремено, ова прашање треба да го гледаме и да го координираме со уште едно пошироко современо прашање: Кон што се стреми Европската Унија, кој ќе биде следниот, ако не последниот, стадиум на европското обединување. Што ќе произлезе од спроведувањето на Лисабонскиот ревидиран Устав и на политиките што ги пропишува. Како ќе влијае економската криза врз поимањето и одлуките на заедниците и на нивните раководства и, згора на тоа, една реалност што ја карактеризира појавата на економски емигранти што уште повеќе го актуелизира прашањето за бракот на демократијата со различноста.

Одговорите висат во воздух, постои една манифестирачка неизвесност и, по однос на критичните прашања, битни несогласувања. Независно од преземањето било какви чекори, демократскиот недостаток продолжува да постои, и покрај економската криза политичките раководства не сакаат да ја прифатат потребата од - што само по себе се подразбира - усвојување на економско раководење од страна на органите на унијата, зашто мнозинството денешни раководства не посакува Унитарна Европа.

Една последна забелешка. Остварувањето на големата идеја, што во текстов ја елабориравме, стана стварност во Западна Европа, не само како поука од трагичните последици на европската историја во првата половина на XX век, туку зашто можеше да се култивира во една поствоена актуелна нормализација на функционирањето на демократските устави, како и на еден континуирано зголемен економски развој и општествена благосостојба. Германско - британските односи претставуваат еден сјаен пример. Веројатно и ова е еден предуслов за постигнување на демократска култура, за создавање на einer die Vielfalt der kulturellen Identitäten bewahrenden demokratischen Einheit in täglich erlebbarer friedvoller Nachbarschaft.

Заклучокот е дека јадрото на проблемот може да се збие во прашањето: „Како се менуваат менталитетите, животните ставови и однесувањата, како се менуваат светогледите?“. А одговорот е во едно сеопфатно и повеќеобразно секојдневно образование во едно отворено општество. Со желба да се компарираме со состојбите и менталитетите што нѐ држат врзани за вчерашноста во една современа реалност која што ита во други правци, со други опасности и нови предизвици. Со трпение во заедничкиот обид што бара уште време за да вроди плод.

 

© Nikos Themelis
Никос Темелис од Грција
Никос Темелис (Nikos Themelis) роден 1947 г. во Атина/Грција, каде живее и денес; студирал правни науки на Универзитетот во Солун/Грција, докторирал во областа на Европско право во Келн/Германија (1975 г.); работи како адвокат за грчкото Министерство за економија и како советник за Европската унија во Брисел како и за поранешниот грчки премиер К.Симитис (1996-2004 г.), слободен писател (романи); голем број објавени книги, последни Οι αλήθειες των άλλων, роман (Атина 2008 г.), Μια ζωή δυο ζωές, роман (Атина 2007 г.), Για μια συντροφιά ανάμεσά μας, роман (Атина  2005 г.), Η αναλαμπή, роман (Атина 2003 г.), Η ανατροπή, роман (Атина 2000 г.), Η αναζήτηση, роман (Атина 1998 г.). Неговите романи се преведени на германски, англиски, италијански, романски, турски и српски јазик; на германски јазик е преведено Од другата страна на Епир (Минхен 2001 г.); 2000 г. Никос Темелис е добитник на националната награда за литература и на наградата на грчкото списание за литература Diavazo за неговиот роман Η ανατροπή.

 

Eine Übersetzung von Birgit Hildebrand
Биргит Хилдебранд, род. во 1944 во Регенсбург/Баварија; студирала славистика и германистика во Минхен и Тибинген; од 1975 до 1983 била доцентка на Одделот за германски јазик на Универзитет „Аристотел“ во Солун; од 1989 е слободна преведувачка на новогрчка книжевност на германски (меѓу другите, на Алки Зеи, Мимика Кранаки, Павлос Матесис, Аманда Михалопулу, Соти Триантафилу, Никос Панајотопулос, Димитрис Димитријадис, Ангела Димитракаки) со прилози за дидактиката на книжевниот превод на работилници и семинари (на пр., за ЕКЕМЕЛ во Атина и Парос); во 2001 ја добила германско-грчката награда за преводот на Ќерка на кучката од Павлос Матесис.