Да се осмелиме да се сетиме

Еве ме

  • Read in Turkish by the author
    Sie benötigen den Flashplayer, um dieses MP3 zu hören.
  • Poems by Gür Genç
    Sie benötigen den Flashplayer, um dieses MP3 zu hören.

Песни на лиричарот Гур Генч од Кипар во превод од турски на Мераљ Асимов.

ЕВЕ МЕ

Еве ме –

ко тапа во шише сум залетан

на допир чинам ќе се превртам и излеам

 

Ти и сите други (дури и таа) ме оставивте и заминавте

тука на примка сум заробен

тука на ова островче тесно сум замрен

непомирлив и нељубен

 

Вечерва со од згурата ми истиснат

последен денар што ко дете го бев голтнал

китка темјанушки превртливи купив

арчам... се арчам... во влекач се претворив

 

Мачки и пци се берат на моето топло тело

дундести глувчиња делот свој го бараат

муви и војници.

 

НИКОЗИЈА

Ме прелажа со своите не-постој-ни влечења на своја страна Никозија...

 

Зад подвоените авлии, под датулите благоговетни,

од расипани јазичари на ганџа се навлеков

Наместо в куќи јас за кревет гробиштата ерменски ги имав, токму неа,

Изабела Д’Ибелин на сон ја сонував

За пружина фрлена од курварницата твоја затворена и за 28-ка

точак сал пруги останат гордоста своја ја менав

Иако старите миризбата на јасмин ја чувствуваа, јас

пот милитантска и миризба од рани во улиците надушувам

Низ течението им смрдливо да можев и од девесниците им побела

една чапја да всадам, со гуша во форма на V1, не успеав да ја насадам

 

Доста името мое во уста го носиш исплукај го веќе Никозија...

2006

 

МРТОВ ДА МЕ ЦЕЛИВАШ2

Мртов да ме целиваш! Целивај за азалии на усни да ти расцветат

нек свири гитара со слух на леснотија

излудете нечија мајка

на колена нека падне нечиј татко

живеењето тебе ти го оставам, со миризбите од напудрени бебиња

и вам ви го оставам живеењето, на жилата да ви се лепи

крвта која капи од шишето што солзи прекршени во себе собрал

 

Целивај ја смртта! Целивај за од цуцла до гробнина

грандиозни празнувања да можат да почнат

од спомени среќни нек смени боја

тенот нека се изгужва

Со своја камера ја снимив сопствената смрт

и зарад снимката забавена што ви ја прикажав сирова

со слава што сепнува

со славата таа резил да се сторам

 

Мртов да ме целиваш! Целивај за одѕив со кусок од еритроцити да ти пренесам

тебе приќе да ти остане божествениот спокој на бунтовноста

ајде обиди се! Целивај, допри и научи

зарад тоа што го знаат поетите сиромави

се најнапред трчаат, кон смртта напред итат

 

НЕ ПЕСНА, ВОДА

За поетите од Кипар

 

Од Афродита наваму островот ѓубриште стана.

Нозе помешавме со сојот од натрапничките раси

и на секое движење крцкаат купишта коски

под тежината наша

 

Земјата со шира смртна се обремени

дотолку што спасот

не е во песната

во водата е!

 

Од голема горештина и камења се стопија

во реки и мориња се слеја

туѓите јазици ко бакар истопен ги жештеа

разјапнатите ни усти наши насилно обесчестени.

 

За островче мало многу идат толку песни

и не пишувајте повеќе

дрвја засадете

или пак вода дајте!

 

СТАВРАКОН ПО 29 ГОДИНИ

На мајка ми и татко ми

 

ı.

Сеуште на своето место стои вашата прва куќата

елем рамнодушна е кон оние што влегуваат и излегуваат

 

Основното училиште во црква е престорена, а попот

во задниот двор гигантски тикви расте

 

И иако се пресушени повеќето бавчи

триесетте извора сеуште течат

 

ıı.

Гробјата зјаат празни, дур и мртвите

по душите преселнички ко да заминале

со епитафите си нивни

 

А селото од врвот на бездната обесено што стои

како да ќе се фрли

ако не му се вратат луѓето свои

 

ııı.

Земјата е гостољубива и непристрасна

небото не не третира како имигранти

 

Штом зацутува цвеќето во свое време

а дрвјата уште плодови ни даваат

ќе ни се вратат со насмевка

и тие што ги загинавме...

________________________________

1 Формација на птиците во лет (заб.на прев.)

2 Изразот ‘ölümü öp’ кој што на македонски е преведен како ‘мртов да ме целиваш’ се употребува како колнење и подлежи на игра на зборови. (заб. на прев.)

 

Gürgenç Korkmazel © Ergenç Korkmazel
Гургенч Коркмазел од Кипар
Гургенч Коркмазел  (Gürgenc Korkmazel) роден во 1969 г. во Пафос во јужниот дел на Кипар, по војната во 1974 г. е евакуиран во Лиси во северниот дел на Кипар; во 1987 г. започнува да студира во Турција; но по првиот семестар се враќа назад во Кипар; таму повторно започнува да студира, но по две години е испишан од факултетот; во 1996 г. се преселува во Турција и таму живее четири години, потоа седум години живее во Англија. Од 2003 г. повторно живее во Кипар и работи како издавач и преведувач; од 1992 г. е слободен писател (песни, кратки приказни); низа објавени книги; последни: Yolyutma, песни (Никозија 2000 г.), Augur, песни, (Никозија 2005 г.), Tilki ve Cobanaldatan, превод на сите песни на Танер Бајбар (Taner Baybar) (Истанбул 2009 г.) Yagmar Yüzünden прва збирка на кратки раскази, (Кипар 2008 г.); во 2009 г. ја издава двојазичната книга Short Stories From Modern Turkish Cypriot Literature, на германски јазик се преведени: Место толку далеку, што е недостижно за мене, Не песни, туку вода ве молам, Последниот ден на островот за Артур Римбаудс, Игра на пеперутките (од: КИПАРСКО-ТУРСКА ПОЕЗИЈА ДЕНЕС 20 поети, Фамагуста 2008 г.); учествувал на многубројни меѓународни фестивали за книжевност и работилници.

 

Eine Übersetzung von Monika Carbe
Моника Карбе, род. во 1945 во Мејнинген / Тирингија. Од 1965 до 1971 студирала германистика, индологија и филозофија во Марбург/Лан. Докторирала за Томас Ман. Објавувала поезија и кратки раскази во антологии; во 1999 бил објавен нејзиниот прв роман Тестамент на јавниот обвинител (Das Testament des Staatsanwalts), во 2002: излегла збирката есеи Сто години Назим Хикмет (Hundert Jahre Nazim Hikmet), издадена од Волфганг Риман). Од почетокот на 90-тите години преведува турска книжевност на германски: три книги на Саит Фаик, класичар на турската модерна, во соработка со Енис Гулеген: Товарен брод по име живот (Ein Lastkahn namens Leben / Medari Maiyet Motoru), Се бараат изгубените (Verschollene gesucht / Kayip Araniyor) и Самовар (Samowar / Semaver). Во 2002 бил објавен нејзиниот превод на романот ResimliDünyaна Недим Ѓурсел под наслов: Турбани во Венеција(TurbaneinVenedig) од издавачката куќа Аман (Цирих).