Календар на настани

BUF - Фестивал за слика и филм 2014

Филмска програма, работилници, изложба, уметничка акција
19. - 23. мај 2014
Кинотека на Македонија
ОУ "Коле Неделковски"
ОУ "Јохан Хајнрих Песталоци"
Скопје
goethe.skopje3@gmail.com
И оваа година прикажуваме квалитетна селекција на германски филмови за деца и млади, ќе понудиме работилници за наставниците по германски јазик и ликовна работилница за ученици.


Филмска програма

Сите филмови од филмската програма ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски.

19.05.2014, 12 и 20 ч.
Кинотека на Македонија
Куќата на крокодилите

Режија: Сирил Бос, Филип Штенерт, 98 мин., 2012 г.

Виктор со неговите две сестри Луизе и Кора се преселува во старата куќа на нивниот вујко. Се чини како со бројните и чудни предмети од куќата да се поврзани вознемирувачки приказни. Кога родителите ќе заминат на службен пат, Виктор е препуштен сам на себе. Премногу е срамежлив за да си игра со другите деца надвор, па затоа почнува да ја истражува куќата. Во една фиока од работната маса на вујко му открива дневник што и’ припаѓал на Сесилија, неговата ќерка. И така тој тргнува во потрага по одговор за мистериозната смрт на младото девојче...




20.05.2014, 12 и 20 ч.
Кинотека на Македонија
Точкичка и Антон
Режија: Каролине Линк, 107 мин., 1998 г.
Кинотека на Македонија

Детскиот филм на Каролине Линк „Точкичка и Антон“ е втора адаптација на истоимениот роман од Ерих Кестер, објавен 1931 г. Десетгодишниот Антон расте без татко. Кога мајка му се разболува тој ја презема нејзината работа во сладолетчилницата. Секако тоа се одразува на неговите оцени во училиштето. Кога наставникот Бремзер ќе сака да го казни за една тепачка, соученичката Луизе Поге, наречена Точкичка, застанува во одбрана на Антон. Точкичка е дете од богато семејство, но нејзините родители немаат време за неа. Антон сонува да собере пари за одмор на мајка му на море. Во безилезноста ќе украде скапа запалка од вилата на семејството Поге и со тоа се доведува себе си и мајка си во неволја.


21.05.2014, 12 и 20 ч.
Кинотека на Македонија
Големиот сон

Режија: Себастијан Гроблер, 113 мин., 2011 г.

Брауншвајг, 1874 г. Во времето кога училишното образование е проследено со голема дисциплина и речиси воена строгост, младиот наставник по англиски јазик Конрад Кох предлага револуционерен метод на учење. Тој ги предава јазикот и културата на неговиот предмет со помош на фудбалот, што претставува едвај позната спортска дисциплина што ја запознал во Англија. На тој начин сака да го зајакне тимскиот дух на неговото одделение. Оваа педагошка мерка наидува на негодување кај неговите колеги, политичките претставници на градот и неколку многу влијателни родители. Кога тие се обидуваат да се ослободат од Кох, учениците ги преземаат нештата во свои раце. Приказната се базира на вистински настани.

22.05.2014, 12 и 18 ч.
Кинотека на Македонија
Летечката училница

Режија: Томи Виганд, 110 мин., 2002 г.

Таткото го испраќа дванаесет годишниот Јонатан во интернатот на Томанерите (хор на момчиња во Лајпциг). Тоа е неговата последна шанса откако морал да смени шест училишта. Во интернатот брзо си наоѓа нови другарчиња. Цимерите му го покажуваат  тајното скривалиште во еден напуштен вагон. Една вечер ненадејно се појавува сопственикот на вагонот Боб, кој по долго време повторно се вратил во Лајпциг. Тој им дозволува на момчињата и понатаму да го користат вагонот. Таму тие го пронаоѓаат ракописот од претставата „Летечката училница“ која сакаат да ја изведат наместо сцената од раѓањето на Исус. Меѓутоа раководителот на хорот Јустус не го дозволува тоа. Децата насетуваат дека има некаква поврзаност меѓу забраната, Боб и Јустус. 


23.05.2014, 12 и 18 ч.
Кинотека на Македонија
Чудото од Берн

Режија: Зенке Вортман, 117 мин., 2003 г.
 

Слика од годината 1954. Чудото од Берн раскажува приказна за односот татко-син, како и автентичната приказна за неочекуваната победа на германската фудбалска репрезентација на Светското фудбалско првенство во 1954 г. Девет години по завршувањето на Втората светска војна се’ уште не се вратени сите војници од воено заробеништво. Единаесетгодишниот Матијас, кој никогаш не го видел татко си, си нашол замена за татко во фудбалскиот репрезентативец од Есен, Хелмут Ран. Но, по цели 12 години во семејството се враќа таткото на Матијас...


Ликовна работилница со уметникот Ролф Јан

За време на фестивалот за слика и филм Ролф Јан, заедно со одбрани ученици кои за учество на работилницата се пријавуваа со свој цртеж,  ќе спроведе ликовна акција на ѕид од основното училиште  Јохан Хајнрих Песталоци. Уметникот од Келн ќе работи со две групи  ученици и ќе им помогне на младите сликари со четкичка и бои да ги пренесат нивните мотиви на ѕидот. Во петок на 23.05.2014 ѕидот ќе биде откриен и претставен пред јавноста.  Дополнување на настанот претставува квизот за Германија на кој може да се освои Бувчето на фестивалот. Сите ученици, наставници, родители, пријатели и роднини се срдечно поканети.


Работилници за наставници
Работилница 1: Кратки филмови во наставата по германски јазик

Целна група: Наставници по германски јазик од основните училишта
Термин и место: 15.05.2014,  ОУ „Коле Неделковски“- Скопје
Времетраење: 14.00- 18.00 часот

На работилницата ќе бидат презентирани наградени кратки филмови кои се особено погодни за наставата со учениците од основните училишта. Заедно со учесниците ќе бидат изготвени сценарија кои реално може да се применет во наставата по германски јазик во училиштата во Македонија. Целта е, по работилницата сценаријата да се испробаат во избрани одделенија или групи од PASCH- проектните училишта.

Работилница 2: Филмската програма на BUF во наставата по германски јазик
Целна група: Наставници по германски јазик од сите училишта
Термин и место: 17.05.2014 ОУ „Коле Неделковски“- Скопје
Времетраење: 14.00- 18.00 часот

На работилницата ќе се презентира дидактички материјал за филмовите кои ќе се прикажуваат на Фестивалот за слика и филм BuF изготвени од експерти. Учесниците ќе имаат можност од вежбите и дидактичките материјали за филмовите „Куќата на крокодилите“, „Точкичка и Антон“, „Чудото од Берн“ и „Летечката училница“да изготват соодветни  сценарија за наставата по германски јазик. Притоа ќе се дискутира и за целите, методите и можностите за обработка на филмови во наставата, како и за промоција на германскиот јазик.