2. Што се подразбира под основни познавања на германскиот јазик? Што треба да знам?

Можам да разбирам кратки пишани соопштенија, на пр. натписи и мали огласи. Разбирам и знам да користам броеви,количински мерки, цени и да давам информации за времето. Можам да пополнувам едноставни формулари со моите лични податоци, на пр. име, место на живеење и возраст. Можам да пишувам кратки лични пораки.
Овие знаења се на ниво А1. Тоа е првиот степен од Зедничката европска референтна рамка за јазиците (ЗЕР). Во зедничката европска референтна рамка јазичните познавања ширум Европа се поделени на шест нивоа.
За разлика од испитот Start Deutsch 1 испитот Fit in Deutsch 1 е наменет за млади и не може да го полагаат возрасни.
Степени на испитите и јазичните курсеви на Гете-институт
Услови
Сите испити на Гете-институт може да се полагаат и од надворешни кандидати доколку тие имаат познавања од соодветниот степен. Сепак, се препорачува посетување на подготвителен курс. За таа цел се нудат курсеви со присуство и на далечина, но и комбинација од двата типа.ЗЕР: Заедничка европска референтна рамка за јазиците
Веб-страна на Заедничката европска референтна рамка за јазиците









