Прашања за доселување на брачен партнер во Германија

9. Како можам да се подготвам за испитот ако не постои Гете-институт во близина?

© Goethe-Institut
© Goethe-Institut
За сертификатот A1: Start Deutsch 1 може да се подготвите и во некое друго училиште за странски јазици, со приватни часови или самостојно. Освен тоа, Гете-институт нуди и курсеви на далечина.

Курсеви на далечина

Само за испитот ќе мора да отпатувате до Гете-институтот или некој од испитните партнери. Во некои земји испитот Start Deutsch 1 не се полага само во Гете-институт, туку и во некои други испитни центри. Информациите за испитните центри и другите училишта за странски јазици може да ги добиете во Гете-институтот во Вашата земја.

Гете-институти ширум светот

Во земјите без Гете-институт или испитни партнери информации околу полагање на испитот може да добиете во германските дипломатски претставништва.

Германски дипломатски претставништва

    Испити на Гете-институт

    Детални информации за испитите

    Настава на далечина

    Курсеви на далечина со професионални тутори

    Досие: култури во движење

    Миграцијата има извршено трајни промени врз културниот живот на Сојузна Република Германија.