Прашања за доселување на брачен партнер во Германија

1. Како може да докажам дека имам основни познавања на германскиот јазик?

© Goethe-Institut
© Goethe-Institut
Германските дипломатски претставништва и службите за странци го признаваат сертификатот А1: Start Deutsch 1 на Гете-институт како доказ за основни познавања на германскиот јазик. Тоа е наједноставниот испит што Гете-институт го нуди, а се признаваат и сите останати сертификати на Гете-институт за повисоките степени.
    © Colourbox

    2. Што се подразбира под основни познавања на германскиот јазик? Што треба да знам?

    Можам да разбирам кратки сосема едноставни прашања, упатства и соопштенија и да реагирам на нив, под услов соговорникот да зборува бавно и јасно.повеќе ...

    3. Дали има исклучоци кога не треба да бидат утврдени моите јазични познавања?

    © Colourbox
    © Colourbox
    За сите исклучоци или за конкретната постапка во Вашиот индивидуален случај информирајте се во Германската амбасада во Вашата земја.
    Германски дипломатски претставништва

      4. Каде можам да го полагам испитот?

      © Goethe-Institut Berlin
      © Goethe-Institut Berlin
      Испитот може да се полага во Гете-институт или кај некој од нашите испитни партнери во Германија или некоја друга земја. Ако не живеете во Германија, а сакате испитот да го полагате во Германија потребна Ви е виза.
      Испитни центри
        © Colourbox

        5. Кога се следните термини за курсевите и испитите и колку чинат тие?

        Термините на курсевите и испитите како и цените варираат од место до место.
        Испитни центриповеќе ...

        6. Дали средствата за курсот или испитот може да се уплатат на германска сметка?

        © Colourbox
        © Colourbox
        Некои Гете-институти имаат германска сметка на која може да се уплати курсот или испитот. Ве молиме информирајте се во Вашиот Гете-институт околу начините на плаќање.
        Испитни центри

          7. Колку трае подготовката за испитот?

          © Colourbox
          © Colourbox
          За сертификатот А1: Start Deutsch 1 на Гете-институт потребни се во просек 160 наставни единици од по 45 минути. Зависно од Вашите предзнаења и брзината на совладување на материјалот подготовките може да траат пократко или подолго.
            © Goethe-Institut Zentrale

            8. Дали мора да посетувам курс во Гете-институт за да можам да го полагам испитот?

            Не. Одлуката каде и како ќе го научите германскиот јазик Ви е целосно препуштена Вам.повеќе ...
            © Goethe-Institut

            9. Како можам да се подготвам за испитот ако не постои Гете-институт во близина?

            За сертификатот A1: Start Deutsch 1 може да се подготвите и во некое друго училиште за странски јазици, со приватни часови или самостојно.повеќе ...
            © Goethe-Institut

            10. Како изгледа испитот?

            Испитот за сертификатот A1: Start Deutsch 1 на Гете-институт има два дела: писмен дел во траење од 65 минути и устен дел во траење од 15 минути.повеќе ...
            © Goethe-Institut

            11. Какви материјали за подготовка на испитот постојат?

            На интернет може да најдете бесплатни вежби. Вежбите за слушање може да ги слушнете директно на компјутерот или да ги симнете.повеќе ...

            12. Дали може испитот да го полагам само усно?

            © Colourbox
            © Colourbox
            Не. Испитот се состои од устен и писмен дел. И двата дела мора да се положат. Затоа мора да знаете да пишувате на латиница. Од тие причини не е доволно да знаете да користите некоја друга азбука, на пр. арапска или кирилица.

              13. Дали можам да го положам испитот ако не знам да пишувам на латиница?

              © Colourbox
              © Colourbox
              Не. За писмениот испит мора да знаете да пишувате на латиница. Не е доволно да знаете да користите некоја друга азбука, на пр. арапската азбука или кирилица.

                14. Дали сертификатот А1: Start Deutsch 1 на Гете-институт во некои земји е полесен или потежок отколку во други земји?

                © Colourbox
                © Colourbox
                Не. Испитните задачи се изработуваат од Централата на Гете-институт во Минхен и се користат низ целиот свет, што значи дека насекаде важат истите услови. Испитните материјали пред нивната употреба се тестираат во услови идентични со оние за време на испитот.
                  © Goethe-Institut Rabat

                  15. Дали имам право на увид на испитните документи по испитот?

                  Да. По испитот имате право уште еднаш да ги погледнете документите од испитот. За таа цел мора да доставите барање до Вашиот испитен центар.повеќе ...
                  © Colourbox

                  16. Колку долго по положувањето на испитот трае постапката за издавање на визата?

                  Оценувањето на испитите и издавањето на сертификатот се одвива по брза постапка. Доставете го Вашиот сертификат A1: Start Deutsch 1 на Гете-институт заедно со останатите документи неопходни за издавање виза до Германската амбасада.повеќе ...

                  Испити на Гете-институт

                  Детални информации за испитите

                  Настава на далечина

                  Курсеви на далечина со професионални тутори

                  Досие: култури во движење

                  Миграцијата има извршено трајни промени врз културниот живот на Сојузна Република Германија.