Сертификат A1: Start Deutsch 1 (SD1)на Гете-институт

Goethe-Institut
Goethe-Institut
За да го добиете Сертификатот A1: Start Deutsch 1 (SD1)на Гете-институт потребно да имате основни познавања на германскиот јазик. Со полагањето на испитот се докажува познавање на првиот степен А1 од шестепената скала на Заедничката европска референтна рамка за јазиците.

По положувањето на испитот можете на пример

  • Во секојдневни ситуации да разбирате кратки, сосема едноставни прашања, упатства и соопштенија, но и пораки на телефонската секретарка, јавни најави како и кратки разговори
  • Да разбирате за Вас релевантни информации од писмени соопштенија, јавни натписи или кратки огласи,
  • Да користите и разбирате броеви, количински мерки и цени и да го кажувате времето
  • Да пополнувате формулари со едноставни и лични податоци,
  • Да пишувате кратки и лични пораки,
  • Да се претставите во разговор и да одговарате на едноставни прашања што се однесуваат на Вашата личност,
  • Да формулирате прашања и молби кои се користат секојдневно и да реагирате на истите.

Изработка

Сертификатот А1: Start Deutsch 1 на Гете-институт е изработен од Гете-институт и telc GmbH.

Признавање

Сертификатот А1: Start Deutsch 1 на Гете-институт служи како доказ на бараните познавања на германскиот јазик при доселување на брачен партнер во Германија.

ЗЕР: Заедничката европска референтна рамка

Елементарна употреба на германскиот јазик
A1 A2
Кандидатите разбираат и користат познати, секојдневни изрази и сосема едноставни реченици кои се однесуваат на задоволување на конкретни употреби. Може да се претстават самите и да претстават други луѓе, да им поставуваат прашања во врска со нивната личност - на пример каде живеат, какви луѓе познаваат или што поседуваат – а можат и самите да одговорат на такви прашања. Можат да се разберат на едноставен начин, доколку соговорниците зборуваат бавно и јасно и ако се подготвени да им помагаат. Кандидатите разбираат реченици и често употребувани изрази, можат да давааат информации за себе, семејството, купување, работа и информации за поблиската околина. Може да се разбираат во едноставни, рутински ситуации, каде што има едноставна и директна размена на информации за познати и вообичаени работи. Со едноставни зборови можат да го опишат своето потекло и образование, поблиската околина и работи поврзани со непосредните потреби.
 
 
 
 
Самостојна употреба на јазикот
B1 B2
Кандидатите можат да ги разберат главните содржини кога се употребува јасен стандарден германски јазик и кога се работи за познати нешта од областа на работата, училиштето, слободното време итн. Може да се снајдат во повеќето ситуации, во кои може да се најдат за време на патувањето низ земјите од германското говорно подрачје. Кандидатите можат јасно и смислено да ги изразуваат своите лични интереси и да разговараат на познати теми. Може да известуваат за искуства и случки, да опишуваат соништа, надежи и цели и да даваат кратки објаснувања за своите планови и ставови. Кадидатите можат да ја сфатат главната содржина на комплексни текстови на апстрактни и конкретни теми; можат да ги разберат и стручните дискусии од сопствената стручна област. Во состојба се да зборуваат спонтано и течно при што разговорот со родените говорители се одвива без поголеми напори од двете страни. Можат јасно и детално да се изразуваат на широк спектар од теми, да го образложат својот став по актуелни прашања и да ги наведат предностите и недостатоците на различни можности.
 
 
 
 
Компетентна употреба на јазикот
C1 C2
Кандидатите се во состојба да разбираат потешки и подолги текстови и исто така да ги сфатат и нивните имплицитни значења. Можат да се изразуваат спонтано и течно, без често и воочливо барање на соодветни зборови. Јазикот можат да го употребуваат ефикасно и флексибилно во општествениот и професионалниот живот, како и во текот на образованието или студирањето. Кандидатите можат да се изразуваат јасно, структурирано и опширно и на покомплексни теми и притоа да користат соодветни средства за поврзување на содржината. Кандидатите можат да разберат сé што ќе прочитаат или слушнат. Можат да резимираат информации од разни писмени или усни извори и притоа во истиот контекст да дадат објаснување и образложение. Во состојба се да се изразуваат спонтано, прецизно, течно, па дури и кога станува збор за покомплексни теми да ги истакнат различните нијанси на значењето.

    Accessible exam training material A1

    © Goethe-Institut
    Online practice exam for those interested in a German exam for beginners level (Goethe-Zertifikat: Start Deutsch 1) – fully accessible and therefore especially suited for people with disabilities