Повторно Обединување
Духови на Минатото

Das Brandenburger Tor 1961/2015, Montage
Foto (Ausschnitt): © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann

25 години германско единство – на 3 октомври 1990 година заврши повторното обединување по четири децении поделба на Германија. Оттогаш Германија се смени, пред сè во Берлин. Градот на ѕидот се претвори во меѓународна метропола, во атракција за посетителите. Дали годините на поделба се заборавени? Goethe.de ја користи годишнината како повод, со слики од денес да нè потсети на историјата од вчера.

БРАНДЕНБУРШКАТА ПОРТА

Das Brandenburger Tor 1961/2015, Montage © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, Bettina Rehmann Таа е една од главните атракции за берлинските туристи и омилен објект за фотографирање – историската Бранденбуршка порта. Таму на 31 август 1961 година, тогаш актуелниот градоначалник на Берлин, Вили Брант (во средината, десно до него пасторот и политичар од СПД Хајнрих Алберц), се информираше за активностите на секторската граница во Берлин. Претходната ноќ таа беше затворена, освен на неколку премини. Рано утрината почнаа градежните работи за изградба на барикада.

контролнАТА ТОЧКА ЧАРЛИ НА ФРИДРИХШТРАСЕ

Checkpoint Charlie 1961/2015, Montage © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann Советските тенкови на 28 октомври 1961 година стојат на преминот на секторската граница за дипломати и странци „Чекпоинт Чарли“ на Фридрихштрасе: заканувачки знаци како реакција на тоа, што претходно американски тенкови се сместиле непосредно на граничната линија помеѓу Источен и Западен Берлин. Денес веќе нема траги од конфликтите од Студената војна: Фридрихштрасе е една од омилените улици за шопинг во Берлин.

ГЛИНИЧКИОТ МОСТ ПОМЕЃУ БЕРЛИНСКОТО ВАНЗЕЕ И ПОТСДАМ

Glienicker Brücke 1962/2015, Montage © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann Денес тој е важна врска помеѓу Берлин и Потсдам, а порано Глиничкиот мост ја означувал границата помеѓу ГДР и Западен Берлин. Долго време овде смеела да поминува само војската. Во годините на Студената војна на Глиничкиот мост три пати биле разменувани високи агенти, а исто така и на 10 февруари 1962 година. На изненадување, Советскиот Сојуз го ослободил американскиот пилот Гери Френсис Пауерс од затвор и го предал на Американците. За возврат, САД го ослободиле советскиот шпион Рудолф Иванович Абел. Историската фотографија е направена кратко по размената.
 

МОСТОТ ОБЕРБАУМ ВО ФРИДРИХСХАИН-КРОЈЦБЕРГ

Die Oberbaumbrücke 1964/2015 © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann Сводестиот мост над реката Шпре денес е место на средби и забава за трагачите по авантури, и тоа не само ноќе. Причина за радост имале и жителите на Западен Берлин, коишто ноќта на 19 декември 1964 година го преминале граничниот премин на мостот Обербаум: Тие смееле да ги посетат своите роднини во источниот дел од градот за време на Божиќните празници. Со спогодбата за пропусници во претходната година за првпат се успеало камениот мост помеѓу Источен и Западен Берлин одвреме навреме да се направи попропустлив.

александарплац

Alexanderplatz 1976/2015, Montage Alexanderplatz (Montage): © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann Се чини, не се променило многу – и тогаш, како и сега, фонтаната на Александарплац е омилено место за средби во срцето на Берлин: за одморање, опуштање или јадење сладолед. 31 степен во сенка измерил термометарот на 29 јуни 1976 година, што било повод за тоа жителите на Источен Берлин да си ги разладуваат стапалата во фонтаната на Алекс.

БЕРНАУЕР ШТРАСЕ

Bernauer Straße 1982/2015, Montage © ullsteinbild – Jürgen Ritter | © A. Ehrlicher, B. Чекање автобус – типична секојдневна ситуација, која веројатно остана верна во текот на годините на поделба и обединување. На оригиналната фотографија од Источен Берлин од 1982 во заднина меѓу другото сè уште може да се види Берлинскиот ѕид. На него може да се прочита „Lummi“– Хајнрих Луммер во периодот од 1981 до 1986 година беше Сенатор за внатрешни работи на Западен Берлин.

ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР

Berlin-Mitte 1984/2015, Montage, Ausschnitt, Remix Монтажа: A. Ерлихер, Б. Реман CC BY-SA 3.0, историска фотографија: Сојузна архива, слика 183-1984-0831-421 (CC BY-SA 3.0 de) современа фотографија: K. Кремер Денес ова место е градилиште, но во времето на ГДР овде сè уште се наоѓаше палатата на Републиката: Генералниот секретар на Централниот комитет Ерих Хонекер (десно), неговата сопруга Маргот (четврта од десно) и олимписката победничка во уметничко лизгање Катарина Вит (втора од десно) на 31 август 1984 одат на балот на спортисти во седиштето на народната комора, кое редовно се користеше за одржување манифестации. Откако во декември 2008 година беше урнат и последниот дел од зградата контаминиран со азбест, по долги дебати на Маркс-Енгелс-Плац било одлучено да се возобнови историскиот центар на Берлин: Од 2013 година се одвиваат градежните работи на градскиот дворец во Берлин.
 

СОВЕТСКИОТ СПОМЕНИК ВО ПАРКОТ ТРЕПТАУЕР

Sowjetisches Ehrenmal im Treptower Park 1987/2015, Montage, Ausschnitt, Remix Монтажа: A. Ерлихер, B. Реман CC BY-SA 3.0, историска фотографија: Сојузна архива, слика 183-1987-0727-24, Улеман Томас (CC BY-SA 3.0 de) современа фотографија: A. Ерлихер, Б. Реман Едни позираат, а други парадираат на советскиот споменик во паркот Трептауер. Тој денес веќе не се користи за државни ритуали и масивни манифестации како во времето на ГДР. Порано беше поинаку: На 27 јули 1987 година, пионерите на Ленин, Комсомолц, пионерите на Телман и ФДЈ им оддадоа почит на паднатите советски војници и офицери.

мостот безе на борнхоЛмер штрасе

Bornholmer Straße 1989/2015, Montage, Ausschnitt, Remix Монтажа: A. Ерлихер, Б. Реман CC BY-SA 3.0, историска фотографија: Сојузна архива, слика слика 183-1989-1118-028 (CC BY-SA 3.0) современа фотографија: A. Ерлихер, Б. Реман Вчера траби, денес трамвај: на 10 ноември 1989 година ученици од западноберлинскиот градски кварт Вединг направија шпалир на граничниот премин Борнхолмерштрасе на мостот Безе за да ги поздрават посетителите од ГДР. Во претходната ноќ на овој премин за првпат беше отворен ѕидот. Денес овде сосема нормално се одвива сообраќајот помеѓу градските квартови Пренцлауер Берг и Вединг.

РАЈХСТАГОТ

Der Reichstag 1990/2015, Montage © pa-picture alliance | © A. Ehrlicher, B. Rehmann Славење, знамиња, огномет – Ноќта на 3 октомври 1990 луѓето го славеле враќањето на единството. Стаклената купола на Рајхстагот тогаш сè уште била утопија. Дури во 1995 година се започна со реконструкција на Рајхстагот во зградата на парламентот.
 

ЗА СТАТИЈАТА

Како појдовен материјал за овој фотопроект послужија фотографии од историски места во Берлин, од почетокот на изградбата на ѕидот сè до повторното обединување. Од речиси иста перспектива Алекс Ерлихер и Бетина Реман ги фотографираа овие места и ги компонираа во еден мотив, во којшто се пресретнуваат минатото и сегашноста.