ТАНЦ И ИМЕРЗИЈА БАЛЕТАНКИ И 3Д-ОЧИЛА

„Night Fall“ Amsterdams Het Nationale Ballet (2016)
© Altin Kaftira

Како да ја заведеме публиката? Како да ја поттикнеме со сите сетила да се нурне во непознати светови и целосно да се препушти на тоа што се случува таму?

Ова прашање си го поставил еден театарџија уште на почетокот на 19. век и тоа исклучиво за сопствена корист. Луи Верон (Louis Véron), кој всушност бил медицинско лице и издавач (1798–1867 во Париз), во 1831 г. дошол на чело на Париската опера. Операта ја водел како приватна фирма и се интересирал за мексимална добивка. Затоа морал да изготви атрактивна програма. Па, што поставил вештиот бизнисмен Верон на репертоарот?

„ПРЕТСТАВАТА“ СЕ ИГРА ВО ГЛАВАТА

Романтичен балет, начинот на сценска игра, која е исполнета со самовили, духови и егзотични суштества и каде што гледачот се претвора во еден вид посматрач, кој исто така е и учесник. Тој непоколебливо се вплеткува во мелодраматичната структура на дејството сè додека неговите чувства и мисли целосно не се соединат со ликовите. Така настанува моделот-предвесник на „имерзијата“, за која денес сите зборуваат.     
 
Како „имерзивно“ означуваме перформативно случување, кое потпомогнато од ИТ- процеси, физички, акустично и оптички нè пренесува во центарот на некое сценарио. Соодветни прототипови има произведено индустријата за игри во форма на игри, кои ја игнорираат реалноста и на нејзино место поставуваат некое откритие, сугестија или автосугестија. Оваа матрица развиена од специјалисти за хардвер и софтвер се вмешува во геномот на театарот, на танцот. Технологијата станува алат за парафразирање и одново пишување традиционални поими. „Претставата“ се игра само во главата на гледачот.

ВО ЖИВО И ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗБИДНУВАЊЕТО

„Symphony of a Missing Room“ од Лундахл и Сајтл (2009)

Исто толку различни како имерзивните форми се и методите со кои тие ги создаваат своите ефекти. На едниот крај на скалата се наоѓаат експерименти, кај кои гледачот се претвора во активен испробувач: тој, на пример, со прекриени очи преслушува тонски запис и притоа невидливи раце го водат низ простории и ситуации и истиот му го пренесува слушнатото во мозокот, со што неговата фантазија ги дополнува соодветните слики. На овој начин може да се сонува, примерно, со дуото Лундахл и Сејтл (Lundahl & Seitl) и нивната Symphony of a Missing Room (2009). Таму, изведувачите ги водат посетителите низ градини и одаи и, благодарение на раскажувач, нив ги забавува нивната сопствена фантазија. На другиот крај на скалата се рангираат техничките трикови, како 3Д-очилата или очилата за виртуелна реалност со големина на тула. Со нив може да се доживее или искуси како спектакл во живо тоа што го снимаат специјалните „360 степени“ камери, со тоа што оној кој носи очила мисли дека се наоѓа во центарот на збиднувањето.  
„Symphony of a Missing Room“ од Лундахл и Сајтл (2009)

Некои балетски компании се осмелија да влезат во дигиталната арена. Пионер во тоа беше Het Nationale Ballet од Амстердам, кој во 2016 година со Night Fall го презентираше првиот балет од жанрот Виртуелна реалност (ВР): дело кое постои само на дисплејот или на киноплатното и неговите димензии се достапни само со помош на ВР-направа за гледање.

 
„Night Fall“ - прв балет во виртуална реалност на светско ниво
 
Она што делува како квантен скок историски се надоврзува со заветот на романтиката. Онака како што Луи Верон (Louis Véron) се обидуваше да ја привлече оперската публика во приказната со магични инсценирања, така денес специјално создадените кореографии и подготвени со помош на различни медиуми, танчарите и танчарките ги мамат гледачите за да ги пресретнат како партнери во танцот, кои ќе се чувствуваат дека се непосредно до нив. Веројатно е прашање на време кога од тоа ќе произлезе интерактивна алатка која на соиграчот ќе му овозможува да влијае на движењето и дејството со помош на претходно програмирани можности.
 
Зад сцената на „Night Fall“

Сугестија преку техничка софистицираност

Техничката софистицираност, исто така, произлегува од историските достигнувања кои имале за цел да ја ослободат сугестивната енергија. Во минатото тука припаѓало и газиеното осветлување, кое било воведено во Париската опера на крајот на 1820-тите години. Тоа ги олеснило градежните работи, овозможило затемнување на салата и убава атмосфера со посебен светлосен дизајн, што претходно не било познато. Освен тоа, Луи Верон ги зајакнал своите блокбастери - операта Robert le diable со Балетот на калуѓерките и балетот La Sylphide, двете со премиера во сезоната 1831/32, користејќи високо иновативна опрема. Не само што танчарките за првпат ги носеле карактеристичните бели здолништа од муслин, подоцна наречении туту, туку и благодарејќи на специјално конструирани апарати за летање, изгледало како да лебдат. Згора на тоа примабалерината настапила во балетанки, што подразбирало огромна танчарска виртуозност и поради тоа се добивало впечаток на совршено бестежинска состојба. Андре Левинсон (André Levinson), кој Ballet romantique го преточил во многу познат есеј од 1919 година, одлично го опишал феноменот: „Естетиката на танцот потполно се обновува“ и „светот на непосредната и излитена реалност“ се замени со „вистината на сонот“ благодарение на технички напредок - на ист начин како што современите инструменти за виртуелна реалност ги пренесуваат нивните корисници во вештачки рај (или во круговите од пеколот).

Дали бина, или технологија за ВР, или на тура à la Lundahl & Seitl – најпосле секогаш станува збор за тоа што Луи Верон во своите мемоари го нарекол „grand effet“: луѓето така да се заробат со фикција, што за нив таа ќе стане реалност.