Литература и јазик „Односите во германскиот јазик се појасни“

Literatur und Sprache
Слика (исечок): © Adobe

Изабел Фарго Кол беше номинирана за наградата на Саемот на книгата во Лајпциг во 2018 година со нејзиниот дебитантски роман „Зелената граница“. Американката го напишала романот на германски јазик. Разговор за пишувањето на странски јазик.

Една млада брачна двојка, која во 1973 година се преселила во Харц, забранетата област на ДДР; нивното дете, кое расте во свет во кој не смее многу да се кажува: Изабел Фарго Кол слета на листата за наградата на Саемот на книгата во Лајпциг со дебитантскиот роман „Зелена граница“ во 2018. Родена во 1973 година, Американката израснала во Њујорк, пишувајќи го својот роман на германски јазик и за Германија. Разговор за предизвикот и за тоа какво е чувството да не се пишува на својот мајчин јазик.




Г-ѓо Кол, Вашиот неодамна објавен роман за последните години на ДДР се здоби со многу пофалби. Посебно беше нагласена и импулсивната употреба на јазикот. Вие пишувате на германскијазик, но Вашиот мајчин јазик е англискиот. Тоа е релативно необично.
  

Тоа и воопшто не е толку невообичаено како што мислите. Има сè повеќе автори со германски како втор јазик, кои пишуваат на германски јазик. Германија сега е земја на имиграција. И кога половината од својот живот или дури и уште подолго живееш во една околина, релативно е нормално во тој јазик се чувствуваш како дома и така и да се изразуваш.



Вие веќе од 1995 година живеете во Германија. Првично дојдовте во Берлин на студии - Вашите предмети беа Понова германска литература и Руски јазик...
 

... но она со што јас, всушност, тогаш навистина се занимавав и ме интересираше беше откривањето на источен Берлин. Ги насобрав сите приказни од мојот круг на пријатели од Источна Германија и почнав интензивно да се занимавам со културата. Така и открив многу источногермански автори и почнав да ги преведувам.



Изабел Фарго Кол Слика: © picture alliance/Sebastian Willnow/dpa-Zentralbild/dpa преведување на англиски јазик до пишување сопствени дела на германски јазик - како се одвиваше овој развој?

Морам да кажам дека јас пишувам уште од детството. Како тинејџерка во Њујорк бев навистина внесена во фантазијата на сцена и објавив и неколку раскази. Во Берлин продолжив долги години да пишувам на англиски, но беше тешко бидејќи бев оттргната од секоја книжевна сцена. Имав чувство како да работам во безвоздушен простор. Потоа почнав да се интересирам за источногермански теми – за тоа што се случуваше околу мене. Сите овие беа работи кај кои го имав чувството: Ако за ова пишувам на англиски јазик, тогаш тоа е како превод и ќе мора да објаснувам премногу за публиката на англиски јазик. Поради тоа беше поочигледно да се пишува на германски јазик.


Литературното изразување е кралска дисциплина на јазикот. Нели во еден јазик, којшто не е сопствениот мајчин јазик, стојат на располагање помалку средства за изразување?
 

Точно е дека средствата се поограничени. Но, на некој начин, тоа дури и ми помогна при моето пишување бидејќи јас немав толку богат речник на располагање. Всушност, на самиот почеток тоа беше и доста добро за моето пишување. Англискиот има неверојатно богат речник, видно поголем од германскиот. Kaj многуте синоними лесно може да се избегнат убави, ретки зборови, а како тинејџер секогаш работев со речник за синоними. Промената во германски, во овој поглед, ми помогна да се осврнам повеќе на суштината, а да пишувам помалку декоративно.


Дали преведувањето на германски јазик го збогати Вашето пишување на германски јазик?
 

Да, при преведување точно се слуша кои јазични средства ги има германскиот јазик. И тогаш одново се утврдува дека не многу работи можат да се направат на англиски јазик. На пример, индиректен говор или одредени структури или зборообразување. И самиот почнуваш да ги сфаќаш работите поинаку, велејќи дека германскиот е флективен јазик. Секогаш може да се направи разлика помеѓу предметот и субјектот, наставките на придавките се еднозначни, така што всушност секогаш се знае кој прави што и кому. Односите се појасни.


Велите дека одредени структури во германскиот јазик тешко се преведуваат на англиски јазик. Може ли да дадете еден пример за тоа?
 

Во германскиот јазик, синтаксата е пофлексибилна и поради тоа може да ставите акцент преку синтаксата. Постојат германски автори, кои пишуваат многу ретки реченици, многу минималистички, кои работат со многу ситни синтаксички разлики. Тоа на момент може да звучи грубо. Првиот автор што го преведов беше: Херман Унгар, моравско-еврејски писател, современик на Кафка. Неговиот јазик е многу редуциран, многу јасен, во исто време поставува суптилен акцент, така што никогаш не звучи монотоно. Да се преведе на англиски е најтешкото што може да се направи, бидејќи речениците во англискиот јазик мора секогаш повеќе или помалку – да го имаат истиот редослед. Тогаш брзо звучи неприродно. Дури преку Унгар добив свест за овие средства. И еднаш ми дојде желба да ги искористам и за моето пишување. Всушност, при преведувањето на Унгар го напишав и мојот прв германски текст.

Некои автори, кои пишуваат на втор јазик, го прават своето јазично потекло стилско средство. Како се справувате Вие со тоа?
 

Понекогаш можеби и јас се изразувам на невообичаен начин, и јас сакам со задоволство да играм со синтаксата, но јас навистина не сакам да звучи изречно англиски. Никој не би сакал да биде ставен во фиока, а и во германскиот јазик фиоката со англизмите е веќе многу полна. Се разбира дека може да се игра со тоа - има убава и смешна традиција на Денглиш - но попрво би барала нешто друго.