Cut it out - Филмови против цензура

Еден директор на музеј е отпуштен затоа што неговиот пристап не ги задоволува барањата на националната историографија. Еден либерален универзитет ја губи лиценцата без да се наведат причините. Новинар го испитува сомнежот за постоење на државна корупција и се соочува со закани од процес. Во проектот Престанете /Cut It Out/, на покана на Гете-институтот, 25 познати режисери од 20 земји создаваат кратки филмови против цензурата.

Cut it out - Филмови против цензура Сцена од филмот на Ти Нгуиен (Виетнам). | © Гете-институт Ние сме новите

Класичните автократии ни се познати веќе долго време - сузбивање на политичка непослушност, различни мислења, спротивставени позиции. Во меѓувреме, сепак, цензурата сè повеќе се користи во такви држави како (културен) политички инструмент кој се нарекува демократски. Тие го прават тоа во името на барања од повисоко ниво, но често со други намери. Дејвид Кеј, специјалниот известувач на ОН за слобода на изразување, на крајот на 2016 година заклучи: „Посебна грижа за мене создава фактот дека многу влади користат легитимни причини за одредени ограничувања - како што е одбраната на националната безбедност или јавниот ред или на личните права - нив ги користат како смоквин лист за да се заштитат од нападите на непопуларни мислења или критика на државата и нејзините претставници. „Со оглед на огромните политички и социјални, технолошки и еколошки предизвици во светот, слободата на изразување во очите на многу луѓе се чини дека е потрошна стока. Но, овој секундарен лик мами. Слободата на говорот и уметничката слобода се неопходни за обликување на иднината. Бидејќи тие се основа за размена на процеси, без кои сите овие сегашни и идни предизвици не можат да се исполнат.

Она што не е тука не може да исчезне

Уште попроблематични од поединечниот акт на цензура се нејзините психолошки последици. Цензурата води кон самоцензура. Но, тоа во никој случај не е несакан ефект. Само преку автоцензура чинот на цензура развива пошироки ефекти, кои се крајната цел. Сепак, додека поединечната цензорска интервенција би можела да се совлада бидејќи таа како појава барем теоретски може да се побие, самоцензурата не може да се потврди со било каков конкретен доказ. Како може да се слушне некажаното, да се прочита ненапишаното? Не исчезнало од светот, туку никогаш не било таму. Уште пред речиси четириесет години писателката Ингеборг Древиц предупреди во книгата „Храброст за свое мислење“: „Случаите на практични цензура, за кои може да се прочита во книгата, не треба да се сметаат ефекти за јавна хистерија и за отфрлени, тогаш книгата би се сметала како резиме на фатален развој. Напротив, се користи за да се навикнеме на претпазливост, да се користи Подобро-да-не-се-каже“.

Филмови против цензурата: Темур Бутикашвили

Кралот во лов


Запрашан за феноменот на цензура, посочи еден од режисерите-учесници Темур Бутикашвили, на принцот, монахот, дипломатот и писателот Зулкан Саба Орделиани, кој живеел во 18 век во Грузија, кој ја напишал приказната „Кралот и сликарот". Во неа авторот раскажува за едно кралство чиј владетел еднаш посакал слика од себе. За таа цел бил доведен сликар, кој падна во очај поради својата задача. Кралот беше слеп на едното око. „Ако го насликам со две здрави очи", си помисли сликарот, „ќе ме обвинат за лажење. Ако го насликам со едно око, тоа, исто така, ќе го предизвика неговото незадоволство - Јас сум осуден да умрам“. Но, додека уметникот уште се бореше со својата судбина, му дојде една идеа! Тој го претстави кралот, чија страст за лов била добро позната, како нишани со пиштол во раката и со замижани очи. Оваа слика го задоволи кралот и го одбрани сликарот од смртта.

Cut it out - Филмови против цензура Сцена од филмот на Ана Луиза Азеведо (Бразил). | © Гете-институт 45  секунди солидарност

На покана на Гете-институтот и во соработка со Берлински куси филмови /Berlinale Shorts/ и културниот канал Арте, 25 реномирани режисери од 20 земји работат на кратки филмови против цензурата на проектот Престанете /Cut It Out/. Секој филм, во траење од максимум 45 секунди, испраќа видлив знак на солидарност со луѓето од оние земји кои страдаат од ограничување на слободата на изразување. И го привлекува вниманието на опасноста од цензура, која, исто така, ги загрозува либералните општества.