Образование за одржлив развој
Кога учениците ќе станат претприемачи кои тргуваат фер

Веќе и децата исто така можат да го научат одржливиот животен стил.
Веќе и децата исто така можат да го научат одржливиот животен стил. | Фото (исечок): © picture alliance / Wavebreak Media

Одржливоста и заштитата од климатските промени започнуваат во секојдневието, а децата можат да го научат тоа исто така. На програмата УНЕСКО-Програмата за активност во светот Образование за одржлив развој учествуваа образовните институции од цела Германија – пред сé училиштата.

Кога на учениците на Училиштето Ерих-Кестнер во Ладебург, Баден-Витемберг,  им кркори стомакот, тогаш купуваат ужинка во училиштната трафика. Покрај сендвичите со путер, бисквитите и гумените бонбончиња, од пролетта 2018 во излогот се наоѓаат банани и чоколади набавени со фер трговија. Позади оваа новина стои проектот од наставата по религија и етика на училиштето: 15 ученици помеѓу 13 и 14 години во проектот се занимаваат со фер трговијата и глобалните синџири на производство.
 
Исто и гимназијата Хајнберг во Гетинген се занимаваше со овие теми. Од еден мал проект, со текот на годините тука настана училишната фирма „Макадамиафанс“. „Фирмата“, која беше основана во 2012 година од страна на  доброволна проектна група како училиштно здружение (еСГ), денес е задолжителен составен дел од наставата. Кој се одлучил за задолжителниот изборен предмет во 9-то или 10-то одделение, во редовната настава раководи со училишното претпријатие: да прими ореви, да ги обработи онлајн-нарачките, да го води сметководството, да испраќа пакети, да го одржува маркетингот и контактите со клиенти. Оревите меѓу другото се продаваат и на локалните пазари на мало. Со добивката Макадамиафанс не ги поддржуваат само афричките земјоделци, туку и ги финансираат стипендиите во странство за соученици. Со организационата форма на училишно здружение во Германија има можност, учениците заеднички да ги остваруваат своите деловни идеи. Притоа нив ќе ги придружуваат регионалните сојузи на здруженија на нивната сојузна покраина.

ОДГОВОРНОTO ДЕЈСТВУВАЊЕ дА СЕ ВКОРЕНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

Училиштето Ерих Кестнер и гимназијата Хаинберг се само две од близу 500 образовни институции од цела Германија, кои учествуваат во акционата програма Образование за одржлив развој (БНЕ) на УНЕСКО. Без разлика дали се работи за училиште или детска градинка, УНЕСКО- локација на светското наследство, ботаничка градина или зоолошка, сите тие се ангажираат за една заедничка цел: да се вкорени одржливо размислување и делување во сите области на образовниот систем. 
 
При БНЕ-Програмата Сојузното министерство за образование и истражување ја поддржува германската УНЕСКО-Комисија. Заеднички собраа предлози, како децата и младите можат оптимално да го научат одржливото тргување и во 2017 година ги сумираа во национален акционен план како и на онлајн платформа. На БНЕ-веб-страната училиштата и другите установи можат бесплатно да преземаат наставни материјали: од постер за семиња преку аудио игра за животната средина сé до друштвена игра за одржливост, има сугестии, како може прегледно да се прикаже темата БНЕ за сите возрастни групи. 
 
Образовните институции на сосема различен начин го исполнија барањето, да се ангажираат поактивно во рамките на БНЕ: тие подготвуваат прирачници за климата, нудат изложби за глобализацијата или еколошки прикладни слободни активности. Особена улога им се доделува на училиштата и детските градинки, кои секојдневно ги придружуваат децата и младите. Околу 400 се регистрирани на платформата на Програмата за акција. Нивните акции се протегаат од фер трговија со кафе во кантина преку проектни патувања сé до меѓународни програми за размена.

  • Изложбата „Патување низ светот низ климатските зони на земјата“ на Куќата на климата Бремерхавен 8° Исток е посетен од околу 100.000 ученици годишно. Децата поминуваат неколку простории, кои ги носат некогаш во Сахара, некогаш во тропските прашуми или во Самоа- а во кои дури и владее соодветната температура и влажност на воздухот. Слика (исечок): © DUK/Till Budde
  • На гимназијата Хајнберг во Гетинген учениците ја осниваа компанијата „Макадамиафанс“. Со нивната заработка ги проддржуваат афричките земјоделци и ги финансираат стипендиите во странство на соучениците, кои сакаат да работат, на пример, на кинески проект за повторно пошумување. Слика (исечок): © Гимназија Хајнберг
    На гимназијата Хајнберг во Гетинген учениците ја осниваа компанијата „Макадамиафанс“. Со нивната заработка ги проддржуваат афричките земјоделци и ги финансираат стипендиите во странство на соучениците, кои сакаат да работат, на пример, на кинески проект за повторно пошумување.
  • На стручните училишта (BBS) Улцен се образуваат „енергетските детективи“, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на училиштата. Тие анализираат каде може да се ограничи потрошувачката на енергија во зградите. Училиштата организираат и „Зелен ден“ и „Недела на избегнувањето на отпад“. Слика (исечок): © DUK/ Till Bude
    На стручните училишта (BBS) Улцен се образуваат „енергетските детективи“, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на училиштата. Тие анализираат каде може да се ограничи потрошувачката на енергија во зградите. Училиштата организираат и „Зелен ден“ и „Недела на избегнувањето на отпад“.
  • На ББС има и некои „училишни фирми“: Фирмата „ХоБаТек“ произведува дрвени конструкции како рампи или клупи во шума за регионални налогодавачи, други ученици развиваат куќички за птици и хотели за инсекти за здружение за заштита на природата- во скоро безотпадно производство, бидејќи целата пилевина ќе се искористи како материјал за согорување. Слика (исечок): © DUK/ Till Bude
    На ББС има и некои „училишни фирми“: Фирмата „ХоБаТек“ произведува дрвени конструкции како рампи или клупи во шума за регионални налогодавачи, други ученици развиваат куќички за птици и хотели за инсекти за здружение за заштита на природата- во скоро безотпадно производство, бидејќи целата пилевина ќе се искористи како материјал за согорување.
  • И образованието во раното детство може да биде одржливо: 200 дневни установи за деца во Хамбург и Сидхолштајн ја градат заеднички мрежата KITA21. Тие низ игра им ги доближуваат на децата на возраст од една до три години темите како енергија, исхрана или конзумирање. Слика (исечок): © DUK/ Till Budde
    И образованието во раното детство може да биде одржливо: 200 дневни установи за деца во Хамбург и Сидхолштајн ја градат заеднички мрежата KITA21. Тие низ игра им ги доближуваат на децата на возраст од една до три години темите како енергија, исхрана или конзумирање.
  • Во Герсхајм, Зарланд се наоѓа еколошкото училишно одморалиште „Спонс Хаус“, кое истовремено е Центар за образование за животната средина на резерватот на биосферата Блисгау. До 70 деца можат да ги реализираат одржливите училишни екскурзии или проектни недели во историските згради Слика (исечок): © VEUBE e.V, Еколошко школско одморалиште „Шпонс Хаус“
    Во Герсхајм, Зарланд се наоѓа еколошкото училишно одморалиште „Спонс Хаус“, кое истовремено е Центар за образование за животната средина на резерватот на биосферата Блисгау. До 70 деца можат да ги реализираат одржливите училишни екскурзии или проектни недели во историските згради
  • Во резерватот на биосферата Блисгау, Спонс Хаус нуди проекти, кај кои децата и младите можат да ја доживеат и осознаат природата од блиску, тука учениците на пример експериментираат со почвата. И проекти за водата, сончевата енергија или пчелите припаѓаат во понудата. Слика (исечок): © VEUBE e.V, Еколошко училишно одморалиште „Шпонс Хаус“
    Во резерватот на биосферата Блисгау, Спонс Хаус нуди проекти, кај кои децата и младите можат да ја доживеат и осознаат природата од блиску, тука учениците на пример експериментираат со почвата. И проекти за водата, сончевата енергија или пчелите припаѓаат во понудата.

да се поврзат училишта и иницијативите за животната средина

Особено важно за БНЕ-кампањата е училиштата и иницијативите за животната средина посилно да се поврзат меѓусебе. Ако некое училиште бара партнер во регионот, на пример за да организира одржлива училиштна екскурзија или да спроведе проектна недела, можат да најдат соодветна иницијатива во нивна близина на дигиталната карта на Германија на веб-страната на БНЕ. 
 
Училиштето Ерих Кестнер беше поддржано во нивниот проект од Образовната иницијатива за развојна политика на Eine-Welt-Центарот Хајделберг. Нивниот проект „Глобална училница“ нуди меѓу другото работилници и разглед низ град на темата глобализација. Притоа децата и младите учат како да ги проценат последиците од своето консумирачко однесување и од климатските промени. 
 
Дополнителен поттик за општините, местата за учење и мрежите, кои интензивно се занимаваат со БНЕ, даваат наградите на БНЕ-иницијативата. Наградените го добиваат логото на Унеско-програмата за светска акција за нивната активност и Фраје Универзитет Берлин може да ги советува во нивната работа. Во 2017 година имаше 63 примери за најдобри практики, кои беа истакнати на овој начин.