ИСТРАЖУВАЊЕ НА АРКТИКОТ НАЈГОЛЕМАТА ПОЛАРНА ЕКСПЕДИЦИЈА НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Во септември 2019 година германскиот истражувачки брод Поларна ѕвезда една година ќе биде замрзнат во мразот на Арктикот. 600 научници и научници од 17 нации го испитуваат таму веќе не толку вечниот мраз.
 

  Мразокршачот Поларна ѕвезда не го одвлекува вниманието од курсот толку брзо. Сантите од мраз со дебелина од 1,50 метри ги поминува бродот лесно. Ако мразот на сантата е дебел неколку метри, капетанот го става германскиот истражувачки брод во погон, сè додека не се ослободи патот низ арктичките води. Поларна ѕвезда веќе беше во употреба и на Јужниот Пол и на неговиот северен колега. Сега екипажот се подготвува за еден досега невиден пат.

Најголемата Арктичка експедиција на сите времиња започнува во септември 2019 година во норвешкото место Tromsø: Поларна ѕвезда може ќе биде замрзната за една година во мраз во Арктичкиот Океан и во тоа време ќе се движи само со препуштање на околностите сантите мраз. Научниците и истражувачите на бродот треба да ги истражат податоците за климата и животната средина. Зато тие ќе ја презимат поларна ноќ, која трае со месеци, во која Арктикот е уште повеќе мизантропна средина отколку во светлите месеци. Во оваа задача ќе се вклучат околу 600 научници од 17 земји. Неколку мразокршачи и авиони ќе го снабдуваат тимот; хеликоптери, возила гасеничари и снежни мотори ги пренесуваат луѓето и материјалите.
 
СКАПО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО СТУДЕНИЛОТО

Проектот е наречен Мултидисциплинарна опсерваторија за проучување на климата на Арктикот (MOSAiC), 120 милиони евра се наменети истражувчката авантура, која ќе трае една година. Неодамна, специјалисти од Институтот Алфред Вегенер (AWI) во Бремерхафен тестираа специјални работни костуми. Тие треба да ги исполнат посебните барања, така што во случај на пад во студена вода лицата кои ги носат нема да замрзнат или да ги повлече водата во длабочините. Истражувачите сакаат да постават кампови на мраз и да инсталираат мрежна мерна точка широка еден километар.

„Наодите што ќе произлезат од експедицијата на MOSAiC ќе го подигнат нашето знаење за Арктикот на едно ново ниво“, истакнува сојузниот министер за истражувања, Ања Карлицек. Поларното истражување е под германско раководство од AWI, кое е со седиште на Северното Море. Сојузното министерство за образование и истражување го носи најголемиот дел од трошоците.
 
Експертите се надеваат на нови сознанија, особено за развојот на климата. Ова многу зависи од „настаните во временската кујна на Арктикот“, според лидерот на експедицијата Маркус Рекс. Ако слоевите на мразот се потенки, тогаш се добива повеќе топлина од океанот на површината и во атмосферата - што пак придонесува за затоплување на Арктикот и на тој начин има влијание врз климата во Северна Америка, Европа и Азија. Една од целите на експедицијата е подобро разбирање на процесите во океанот, во морскиот мраз и во атмосферата и нивните интеракции. „Драмата на затоплување на Арктикот не се прикажуваат во денешниот климатските модели во целост и неизвесностите на климатските предвидувања за Арктикот се огромни“, вели Рекс.
Поларна ѕвезда во акција © MOSAiC/Стефан Хендрикс Поларна ѕвезда во акција © MOSAiC/Стефан Хендрикс
Поларна ѕвезда во акција © MOSAiC/Стефан Хендрикс КОНФЛИКТЕН АРКТИЧКИ РЕГИОН?

Германија е научно активна на двата пола. Во најсеверното село во светот, во Шпицберген, истражувачката станица се раководи заедно со Франција. Станицата Нојмајер III е веќе една деценија подготвена за научниците на Јужниот Пол. И покрај тоа што климатското истражување е најважната причина за посветеноста, Арктикот е, исто така, од политички интерес за Сојузната влада. Вклучени се пет министерства. Се работи за суровини и материјали кои преку топењето на мразот во иднина ќе бидат достапни, за нови правци на превоз, за заштита на животната средина, за економски можности и за аспекти на одбраната.
 
Исто така, одговорни лица од Сојузната разузнавачка служба за надворешно разузнавање (БНД) ги следат случувањата околу Северниот Пол. „ Арктикот, кој во најголем дел е непогоден за живеење, има потенцијал да стане конфликтен регион на иднината“, вели тајната служба. Од крајбрежните држави се јавуваат тврдења за сопственост врз област, веројатно богата со суровини, која сопственост до ден-денес сè уште не е разјаснета. Околу една половина од големината на Арктикот од 20 милиони квадратни километри лежи на епиконтиненталниот појас,  на која територијата крајбрежните држави делумно имаат суверени права на искористување на ресурси.
 
Германија не може да донесе никаква политичка одлука за Арктикот,  тоа е пред сè поради фактот дека во Арктичкиот совет се застапени земјите кои директно и индиректно се граничат со него, а тоа се Русија, Норвешка, САД, Канада, Данска, Шведска, Исланд и Финска. Германија има само статус на набљудувач и е особено во корист за еколошки и одржливо користење на можностите во оваа огромна област. Но и од економски аспект е поларниот простор, исто така, интересен. Германски компании се купувачи на нафта и гас од Норвешка и Русија. Покрај тоа, тие преку машинската индустрија се вклучени во промоција на суровини.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

АВТОР

Волфганг Мулке работи во Берлин како независен дописник за различни весници, за социјални, економски прашања, прашања за животната средина и потрошувачите.

Авторско право: Goethe-Institut, Wolfgang Mulke. Овој текст е лиценциран со лиценца Creative Commons Namensnennung – Weitergabe unter gleichen Bedingungen 3.0 Deutschland.