ЕВРОПСКИ ИЗБОР СЕДУМ ВЕБ-СТРАНИЦИ И АПЛИКАЦИИ ЗА ДИГИТАЛНА ГРАЃАНСКА СВЕСТ

Говорот на омраза и лажните вести можат да влијаат врз јавното мислење. Овие апликации и иницијативи имаат за цел да се спротивстават на тоа преку информирање за политиката и поттикнување на луѓето да помогнат во обликувањето на дискурсот на интернет.

 

 

  • Како би се развивале климатските промени, доколку корисникот или корисничката би можел да одлучи за тоа? Со онлајн-играта KEEP COOL можете да го дознаете тоа. Учесничките и учесниците во играта ја преземаат улогата на градоначалничка или градоначалник на некоја светска метропола. Вкупно 50 од нив се „ставени“ заедно во една рунда. Секој од нив мора да се одлучи за одредена економска стратегија и притоа да одржува баланс помеѓу одржливоста и растот. Доколку глобалното затоплување порасне за два Целзиусови степени, значи дека сите учеснички и учесници загубиле. На тој начин, младите, како и возрасните, се поттикнуваат интензивно да се занимаваат со темите на климатските промени и климатската политика. Фотографија: © www.keep-cool-mobil.de/ (Screenshot)
    Како би се развивале климатските промени, доколку корисникот или корисничката би можел да одлучи за тоа? Со онлајн-играта KEEP COOL можете да го дознаете тоа. Учесничките и учесниците во играта ја преземаат улогата на градоначалничка или градоначалник на некоја светска метропола. Вкупно 50 од нив се „ставени“ заедно во една рунда. Секој од нив мора да се одлучи за одредена економска стратегија и притоа да одржува баланс помеѓу одржливоста и растот. Доколку глобалното затоплување порасне за два Целзиусови степени, значи дека сите учеснички и учесници загубиле. На тој начин, младите, како и возрасните, се поттикнуваат интензивно да се занимаваат со темите на климатските промени и климатската политика.
  • Der Helpdesk der neuen Medienmacher се залага против говорот на омраза на интернет. На засегнатите страни им се нуди брза помош, на пример, со „стратегии против омраза“ кои објаснуваат како со емоции и факти и со стил да одговорат на навредите во социјалните мрежи. Со научни и правни информации се врши едукација, која има за цел да го спречи говорот на омраза. Покрај тоа, Helpdesk ги поддржува луѓето активно да дејствуваат против омразата на интернет. Тоа се врши, меѓу другото, преку мрежа од линии за пријавување и упатство за опомена од говорот на омраза. Фотографија: © www.neuemedienmacher.de (Screenshot)
    Der Helpdesk der neuen Medienmacher се залага против говорот на омраза на интернет. На засегнатите страни им се нуди брза помош, на пример, со „стратегии против омраза“ кои објаснуваат како со емоции и факти и со стил да одговорат на навредите во социјалните мрежи. Со научни и правни информации се врши едукација, која има за цел да го спречи говорот на омраза. Покрај тоа, Helpdesk ги поддржува луѓето активно да дејствуваат против омразата на интернет. Тоа се врши, меѓу другото, преку мрежа од линии за пријавување и упатство за опомена од говорот на омраза.
  • Во онлајн-играта Fake It To Make It влегуваат учесничките и учесниците во улога на уредник или уредничка на веб-страница за лажни вести. За таа цел тие копираат статии со „фалбаџиски“ наслови и ги шират преку купени профили на инфлуенсери во социјалните медиуми. Притоа емоциите на читателките и читателите безмилосно се искористуваат. Колку се подраматични реакциите, толку е поголем приходот од рекламите. На овој начин, преку игра Fake It To Make It едуцира за настанувањето, ширењето и психологијата на лажните вести Clickbait (мамка со кликање) и истовремено сензибилизира за јазичните и емоционални стратегии, кои често се употребуват во нив. Фотографија: © http://www.fakeittomakeit.de (Screenshot)
    Во онлајн-играта Fake It To Make It влегуваат учесничките и учесниците во улога на уредник или уредничка на веб-страница за лажни вести. За таа цел тие копираат статии со „фалбаџиски“ наслови и ги шират преку купени профили на инфлуенсери во социјалните медиуми. Притоа емоциите на читателките и читателите безмилосно се искористуваат. Колку се подраматични реакциите, толку е поголем приходот од рекламите. На овој начин, преку игра Fake It To Make It едуцира за настанувањето, ширењето и психологијата на лажните вести Clickbait (мамка со кликање) и истовремено сензибилизира за јазичните и емоционални стратегии, кои често се употребуват во нив.
  • Иницијативата HausParlamente ја носи европската политика на кујнската маса. Секој граѓанин и граѓанка на ЕУ ја има можноста да стане домаќин на куќен парламент и да ги покани пријателите и семејството на дискусија за теми што се релевантни за иднината. Темите на коишто се дискутира во различните куќни парламенти се исти низ цела Европа. Сепак, донесените одлуки може да се разликуваат од куќа до куќа. Тие се сумираат од страна на организаторот, граѓанската иницијатива Pulse of Europe (Пулсот на Европа) и се доставуваат понатаму на креаторите на политиката. На тој начин иницијативата поттикнува активно политичко учество на граѓаните во Европа. Фотографија (формат): © https://homeparliaments.eu
    Иницијативата HausParlamente ја носи европската политика на кујнската маса. Секој граѓанин и граѓанка на ЕУ ја има можноста да стане домаќин на куќен парламент и да ги покани пријателите и семејството на дискусија за теми што се релевантни за иднината. Темите на коишто се дискутира во различните куќни парламенти се исти низ цела Европа. Сепак, донесените одлуки може да се разликуваат од куќа до куќа. Тие се сумираат од страна на организаторот, граѓанската иницијатива Pulse of Europe (Пулсот на Европа) и се доставуваат понатаму на креаторите на политиката. На тој начин иницијативата поттикнува активно политичко учество на граѓаните во Европа.
  • Neuwal (Нов избор) се занимава со политика во различни форми. Посетителките и посетителите можат да ги споредуваат резултатите од околу 1200 изборни анкети, коишто биле спроведени во Австрија, а исто така добиваат оценка на квалитетот и валидноста на секоја од анкетите. Neuwal, покрај тоа, прибира и транскрипти од интервјуата со политичари и политичарки – вклучително и сите нивни предизборни ветувања. Паралелно со тоа, политометарот го следи напредокот на владата во спроведувањето на своите изборни ветувања, како и гласањето на пратениците за Националниот совет. Изборен барометар е австрискиот пандан на германскиот Wahl-O-Mat (валомат). Фотографија: © www.neuwal.com (Screenshot)
    Neuwal (Нов избор) се занимава со политика во различни форми. Посетителките и посетителите можат да ги споредуваат резултатите од околу 1200 изборни анкети, коишто биле спроведени во Австрија, а исто така добиваат оценка на квалитетот и валидноста на секоја од анкетите. Neuwal, покрај тоа, прибира и транскрипти од интервјуата со политичари и политичарки – вклучително и сите нивни предизборни ветувања. Паралелно со тоа, политометарот го следи напредокот на владата во спроведувањето на своите изборни ветувања, како и гласањето на пратениците за Националниот совет. Изборен барометар е австрискиот пандан на германскиот Wahl-O-Mat (валомат).
  • NEETZ, исто така е ангажира за дигитална граѓанска свест. За таа цел платформата поврзува учесници и иницијативи, коишто се залагаат за позитивна култура на дискусија и против говор на омраза на интернет. Преку спонзорства се поддржуваат проекти, кои на особено иновативен начин се спротивставуваат на говорот на омраза и интернет-троловите. Во 2018 година беа поддржани четири иницијативи со вкупно 20.000 евра, меѓу кои и алатката Hatecontrol од #ICHBINHIER и кампањата „Радикална учтивост“. Фотографија: © www.neuwal.com (Screenshot): © www.radikalehoeflichkeit.de/ (Screenshot)
    NEETZ, исто така е ангажира за дигитална граѓанска свест. За таа цел платформата поврзува учесници и иницијативи, коишто се залагаат за позитивна култура на дискусија и против говор на омраза на интернет. Преку спонзорства се поддржуваат проекти, кои на особено иновативен начин се спротивставуваат на говорот на омраза и интернет-троловите. Во 2018 година беа поддржани четири иницијативи со вкупно 20.000 евра, меѓу кои и алатката Hatecontrol од #ICHBINHIER и кампањата „Радикална учтивост“.