ТРЕНДОВИ НА КНИГИ 2019 КНИГАТА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ЈА УТВРДУВА СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА

Ѓубре: најздодевната работа на светот: Темите за животната средина, како и претходно, така и во 2019, се во тренд.
Ѓубре: најздодевната работа на светот: Темите за животната средина, како и претходно, така и во 2019, се во тренд. | Фотографија (дел) © Beltz und Gelberg Verlag

И во 2019 пазарот на книги за деца и млади на германски јазик се фокусира на општествено релевантни теми ставајќи ги во фокусот заштитата на природата и животната средина или примери на жени.

Од Марлене Церер
 

И во 2019 пазарот на книги за деца и млади на германски јазик се фокусира на општествено релевантни теми ставајќи ги во фокусот заштитата на природата и животната средина или примери на жени.
Од Марлене Церер
 
Движењето низ халите и погледот кон полиците на Саемот на книга во Лајпциг пролетта 2019 покажаа дека едно е јасно: книгата за деца и млади на германски јазик ја утврдува својата позиција. А со тоа останува вернa на трендот од претходните години, на темите како рамноправност, заштита на природата и животната средина или политика, покрај едициите со фантастична содржина, расказите за и околу семејството, пријателството, расправиите, љубовта, пубертетот, адолесценцијата, болеста и смртта и си обезбедува цврсто место на пазарот на книги за деца и млади. Притоа ново и повторно откриените теми си го наоѓаат своето место, како во раскажувачката програма – од сликовници сè до книги за млади – така и во научно-документарната литература.

 
ЖИВОТНА СРЕДИНА И РАЗНОЛИКОСТ

Дека децата и младите се интересираат за својата животна средина, за заштитата на природата и климата и за начинот на кој тие го прават тоа, најпосле, не се покажува само во движењето „Fridays for Future“ / Петоци за иднината, со коешто младите луѓе ширум светот наидуваат на поддршка и демонстрираат за поголема заштита на климата. Пазарот на книги за деца и млади веќе повеќе години го отсликува овој интерес, кој е во постојан подем и ја тематизира неспорната и итна потреба за заштита на природата и животните, разновидноста на видовите, одржливоста и еколошката свест. 

Темите за животната средина и климата им се важни на децата и младите: Ова се покажува, како во раскажувачките книги, така и во документарно-научните. Темите за животната средина и климата им се важни на децата и младите: Ова се покажува, како во раскажувачките книги, така и во документарно-научните. | Фотографија: © Thienemann Verlag | Oetinger Verlag | Beltz und Gelberg Verlag Оваа пролет се обидуваат научно-документарните книги како Ѓубре: најздодевната работа на светот, Патувањето на Паула: или Како една кокошка нè направи заштитници на климата или Ретки животни. Атлас на загрозените видови да информираат и да ја подигаат свеста за теми за животната средина и климата. Есенската програма на издавачките куќи ветува и други нови научно-документарни книги на тема глобално затоплување и заштита на природата. И, исто така, наративни сликовници како што се Зелениот џин или Џуџу и Џоџо. Приказна од големиот град ја илустрира убавината на природните живеалишта и потребата од нивно зачувување. Притоа, последните две книги се пример за залагањето на пазарот на книги за разноликост во прикажувањето на детските протагонисти: девојките Беа, Џуџу и Џоџо како темнокожи.
 
СИЛНИ ЖЕНИ И ПРИМЕРИ ЗА ХРАБРОСТ

Додека етничката и културна разновидност само бавно и колебливо навлегуваа во литературата за деца и млади, рамноправноста е една од константните теми во последниве години. Тоа го покажуваат не само научно-документарните книги како томот Феминизам од серијалот Карлсен Клартекст, туку особено сите оние биографии, коишто во серијали или антологии раскажуваат за извонредни женски биографии – често според примерот на бестселерот Good Night Stories for Rebel Girls / Приказни за добра ноќ за бунтовни девојки од 2017 година. Томовите како Frauenpower made in Europe / Женска моќ произведена во Европа: Големи европски жени во портрет или Графичкиот роман Бунтовни жени – Women in Battle: 150 години борба за слобода, Еднаквост, Сестринство портретираат силни, борбени жени, кои се залагаат за своите права, идеали и соништа. Тие треба да им служат како пример на адолесцентите и од двата пола. Портретите се избрани и прикажани на таков начин што нудат возбудлив синопсис и овозможуваат историски споредби. 

Протагонисти со миграциона заднина и антологии за силни жени – актуелните општествено-политички теми си наоѓаат свое место и во книгите за деца и млади Протагонисти со миграциона заднина и антологии за силни жени – актуелните општествено-политички теми си наоѓаат свое место и во книгите за деца и млади | Фотографија: © Baobab books | Elisabeth Sandmann Verlag Значително помлада целна група има меѓународно ориентираниот серијал на книги Little People, Big Dreams / Мали луѓе, големи соништа, кој пролетта 2019 година излезе на германски јазик. На секоја од 32-те страници читателките и читателите ќе се запознаат со „бунтовни жени кои го сменија светот со своите соништа од детството“ – меѓу нив: Марија Кири, Роза Паркс, Коко Шанел, Фрида Кало или Ана Франк. Исто така, насловите како што се Stories for Kids Who Dare to be Different (Приказни за деца, кои се осмелуваат да бидат поинакви) – За храброста да се биде поинаков – сакаат да покажат дека тоа зависи, пред сè, од храброста и волјата нешто да се придвижи и смени.

За тоа колку е важно да се биде храбар, да се заземе став за себе и за другите и самоуверено да се оди низ животот, сега раскажуваат и многубројни сликовници и романи за деца и млади. Притоа станува збор за политички, општествени и историски теми, како и за сосема лични грижи, неволји и хендикеп на протагонистките и протагонистите. Исто така, книгите за деца и млади се позиционирани во времиња, определени од стравови и несигурности.