The Earth is Flat – How to Read Media
Манипулација, сајбермобинг и говор на омраза

Снимање свое видео, работилница за младинци во Сиктивкар | Фото: Кирил Шучалин
Снимање свое видео, работилница за младинци во Сиктивкар | Фото: Кирил Шучалин | Фото: Кирил Шучалин

Ние знаеме да читаме медиуми, но знаеме ли и да ги разликуваме вистинските вести од лажните? Гете-институтот во Москва со „Земјата е рамна – како да читаме медиуми?“ сега влегува во втората рунда и создава партиципативен едукативен и образовен проект.

Медиумската компетенција и свесно критичкиот став кон медиумските содржини се неопходни во современиот дигитален свет. Препознаваме ли ние кога медиумите жонглираат со слогани и концепти, ставаат факти во нови контексти или дури манипулираат? Препознаваме ли што е информација – а што коментар или избрзан заклучок?

 

Работилница за младинци во Сиктивкар, 19.05.2019 | Фото: Кирил Шучалин Работилница за младинци во Сиктивкар, 19.05.2019 | Фото: Кирил Шучалин | Фото: Кирил Шучалин ОД САНКТ ПЕТЕРБУРГ ДО ВЛАДИВОСТОК

Гете-институтот во Москва со „Земјата е рамна – Како да читаме медиуми?“ започна нов едукативен и образовен проект, кој е насочен кон најактивните медиумски конзументи: на млaдинците на возраст од 12 до 17 години. Но, во проектот се вклучени, исто така, и медиумски стручни лица, наставници и сите оние што сакаат подобро да ги разберат медиумите. Од есента 2018 година досега се одржаа десет работилници, јавни настани и обуки за наставници во десет руски градови, од Санкт Петербург до Владивосток. Сега проектот влегува во втората половина. Во 15 работилници, коишто до крајот на ноември ќе се одржат во руски градови, руските младинци ќе дознаат како функционираат модерните медиуми и како да се заштитат од манипулација, сајбермобинг или говор на омраза. Покрај тоа, се изработија пет вебинари со меѓународни експертки и експерти од областа на медиумската писменост – како дел од опширната програма „Тренирај го тренерот“.
 

ЕМОТИКОНИ, МЕМИЊА И АНИМАЦИИ

 Преку социјалните мрежи на Гете-институтот од туторијалот за анимации, стрипови и видеоклипови се доаѓа до интерактивен квиз, мемиња или инфографици. Исто така, младинците на работилниците сами произведуваат видеа и анимации. Поврзувањето во мрежа и интензивната размена овозможуваат одржливо поттикнување на медиумската компетенција и критичкото мислење кај младинците. Се собираат искуствата на специјалистки и специјалисти од Русија, коишто веќе долго се занимаваат со оваа тема. Долгорочно се работи за заедничка заштита на личните сметки и податоци, етиката на онлајн-дебатата, пристапот со тролови и сајбермобинг.
 
Kjo video është pjesë e Projektit të edukimit të Institutit Goethe në Moskë dhe COLTA.RU „The Earth Is Flat - How to Read Media“, i cili i kushtohet kompetencës mediatike, Video: Galina Mosalova