Квалитет на воздухот
Чист воздух во германските градови: но како?

Wird in Köln bald ein gut 30 Kilometer langes Seilbahnsystem Passagiere über den Rhein befördern?
Foto (Zuschnitt): © picture alliance/dpa/Federico Gambarini

Големите германски градови имаат проблем: урбаната инфраструктура, вклучително и околните сообраќајници, имаат негативно влијание врз квалитетот на воздухот. Во последниве години сè повеќе градови преземаа иницијативи за да се спротивстават на овој проблем. Притоа, тие честопати се ориентираат на успешни проекти од други европски градови.

забрана за возење на дизел-возила

Како главен причинител на загадувањето на воздухот денес се сметаат прекумерните вредности на азотен диоксид, за коишто во најголема мера се одговорни издувните гасови од дизел-возилата. Откако граничните вредности за азотен оксид беа надминати на повеќе места во Германија, од 2018 година стапија во сила забрани за користење на дизел-возила во Штутгарт, Дармштат и Хамбург. Есента 2019 година треба да се прилкучи и Берлин, а потоа може да следат и други градови. Патничките и товарни дизел-возила со емисија на гасови заклучно до стандардот Еуро 5 се забранети во некои легитимирани зони во центрите на градовите, со цел да се подобри квалитетот на воздухот. Но секако, Greenpeace Германија гледа критички на овие забрани за возење: тие имаат смисла, само доколку од издувните гасови на дизел-возилата се ослободат цели делови од градовите или централните зони. Чист воздух во градовите може да се постигне само со решение во пошироки рамки – според Greenpeace, со целосен пресврт во сообраќајот целејќи кон удобни и брзи автобуси и возови, како и безбедни велосипедски патеки.
За прекумерните вредности на азотен диоксид во центрите на  германските градови во најголема мера се одговорни издувните гасови од дизел-возилата. | Фотографија: © picture alliance/ZB/Саша Штајнах За прекумерните вредности на азотен диоксид во центрите на германските градови во најголема мера се одговорни издувните гасови од дизел-возилата. | Фотографија: © picture alliance/ZB/Саша Штајнах | Фото: © picture alliance/ZB/Sascha Steinach

LEAD CITIES / ВОДЕЧКИ ГРАДОВИ

Сојузната влада исто така се потпира на локалниот јавен превоз и затоа го финансира модел-проектот „Водечки градови“ со буџет од 130 милиони евра. Модел-градовите Бон, Есен, Манхајм, Херенберг и Раутлинген се пријавија со различни сообраќајни проекти, кои главно сакаат да го направат јавниот превоз попривлечен и со тоа да го подобрат квалитетот на воздухот. Најчесто се работи за иновативни тарифни понуди, згуснување на возниот ред или проширување на системите за изнајмување на велосипеди. Освен тоа, Манхајм се посветува на посебен проблем што е актуелен поради рапидно зголеменото купување преку интернет: зголемениот обем на сообраќај од добавувачите на пратки. При таканаречениот концепт за испорака до последната милја, пратките се доставуваат до крајната дестинација со електрични товарни велосипеди. Модел-проектите научно се проследуваат и се оценуваат, за да можат да најдат примена и во други градови.

СО ВЕЛОСИПЕД ПОБРЗО ДО ЦЕЛТА

Зошто едноставно не се качиме на велосипед? Здраво е, евтино и не го загадува воздухот. Данскиот главен град Копенхаген го покажува тоа. Со мрежа од велосипедски патеки од 400 километри и со повеќе велосипеди од автомобили, данската метропола кратко и јасно важи за велосипедска метропола. Интересно е: како што наведуваат жителите, дека тие не го прават тоа поради животната средина или од финансиски или здравствени причини - благодарение на сообраќајната инфраструктура насочена кон велосипедистите, тие едноставно побрзо стасуваат до целта на две тркала. Но наспроти тоа, на учесниците во сообраќајот во Германија не им е лесно да се прекачат на велосипед: на велосипедските патеки се паркира и напнатата ситуација во сообраќајот може да го направи возењето велосипед опасно. Затоа, во плановите за заштита на климата на Сојузното министерство за транспорт спаѓа и тоа, велосипедскиот сообраќај да се направи поатрактивен. Ова вклучува прераспределување на ограничениот јавен простор.

 
ЛОКАЛЕН ПРЕВОЗ ЗА ЕДНО ЕВРО

Идејата и за оваа мерка е преземена од една европска метропола: во Виена може да се прошета целиот град за само едно евро на ден со автобус или воз, доколку се одлучите за годишна претплата. Од воведувањето на билетот од 365 евра, значително се зголеми бројот на патници, од 373.000 на 780.000 сопственици на годишни билети. На тоа исто така се надеваат и германските водечки градови: со значително поевтини модели на цени, може да се очекува поголем број на патници и значително подобрување на квалитетот на воздухот. Критичарите предупредуваат, дека доколку има зголемена побарувачка, потребно е згуснување на возниот ред, а со тоа и поголема флота на автобуси и трамваи: доколку трамвајот редовно доцни 30 минути, а згора на тоа е и преполн, може да се очекува многу патници повторно да седнат во своите автомобили.


Со поевтините цени на автобусите и возот, германските градови очекуваат поголем број на патници и значително подобрување на квалитетот на воздухот. | Фотографија: © picture alliance/ZB/Моника Сколимовска Со поевтините цени на автобусите и возот, германските градови очекуваат поголем број на патници и значително подобрување на квалитетот на воздухот. | Фотографија: © picture alliance/ZB/Моника Сколимовска | Фото: © picture alliance/ZB/Monika Skolimowska

ПАМЕТНИ СЕМАФОРИ ЗА НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ  

Тргнување, давање гас, сопирање, од семафор до семафор: секојдневната рутина на застанување и тргнување не само што им оди на нерви на напнатите возачи и патници, туку од тоа трпи и квалитетот на воздухот. Со цел да се подобри протокот на сообраќајот, се постави за цел модернизација на системите на семафори во Хаген и Вупертал. Проектот е дел од мастер-планот „Одржлива мобилност“ инициран од Сојузното Министерство за транспорт. Дваесет детектори, кои детектираат блутут-уреди, како што се на пример паметните телефони во автомобилите, ќе се монтираат на семафорите околу внатрешниот градски прстен и ќе мерат колку време возилата патуваат помеѓу сообраќајните точки. На тој начин се добива увид за проодноста, односно густината на сообраќајот. Во следниот чекор влегува во игра т.н. интелигентен прекинувач за семафори: еден централен сообраќаен компјутер има за задача да ги прилагоди зелените фази на семафорите на соодветната густина на сообраќај. Градот Хаген уверува дека при детектирањето на мобилните телефони нема да бидат предадени лични податоци.



Интелигентните системи на семафорите го регулираат сообраќајот во Хаген и Вупертал и треба да придонесат за помалку сообраќаен метеж. | Фотографија: © Adobe Интелигентните системи на семафорите го регулираат сообраќајот во Хаген и Вупертал и треба да придонесат за помалку сообраќаен метеж. | Фотографија: © Adobe | Фото: © Adobe

CITY TREES / ГРАДСКИ ДРВЈА – КАКО ШУМИЧКА ВО ГРАДОТ

На центрите во градовите им се потребни зелени бели дробови. Но, во густо населените градови речиси и да нема простор за нови, големи паркови. Но, што ако една единствена банка со ѕид од мов го постигне ефектот на десетици дрвја? Берлинскиот старт-ап „Green City Solutions“разви една ваква алтернатива. Нивното градско дрво се состои од еден ѕид висок четири метра, на којшто растат 1600 различни видови мов. Поради својата голема површина, мовот врзува повеќе честички за разлика од дрвјата и затоа може ефективно да ја филтрира фината прашина. Фактички, едно градско дрво филтрира 240 тони штетни материи годишно. Градските дрвја веќе се во употреба во повеќе германски и европски градови. Сообраќајните претпријатија во градот Лајпциг спроведуваат ваков сличен проект: таму се озеленуваат покривите на автобуските постојки. Растенијата, како и градските дрвја, филтрираат фина прашина од воздухот. Наместо мов, на 900 саксонски чекални се засадени растенија со дебели листови, како што е стенопротеката.

СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НАБЉУДУВАН ОД ГОРЕ

Структурно исцрпените градски центри денес нудат само ограничени можности за алтернативни сообраќајни концепти на улиците. Затоа, инспирирана од јужноамериканските жичарници, како што е на пр. Ла Паз во Боливија, групата на избирачи во Келн ГУТ предложи систем на жичарница долга 30 km. Движејќи се по цик-цак траса таа може да пренесе до 300 000 патници над Рајна, и тоа без емисија на издувни гасови, без сообраќаен метеж и семафори. Бон, Вупертал и Минхен имаат слични планови.