Сè за Лудвиг
„Запиши ги хармониите на Твојата душа!“

Beethoven an der Wiener Oper
Illustration: © Kitty Kahane

Дали Бетовен навистина самиот преговаал за својот хонорар? И каква била всушност ситуацијата со жените? Обид да се доближиме до славниот композитор - слика по слика.

ПРАВ БОНЧАНЕЦ

Beethoven and Emperor Maximilian Franz of Austria in Bonn Illustration: © Kitty Kahane

Лудвиг ван Бетовен е роден во Бон во 1770 година. Од 1780 година со Бон управувал царот Максимилијан Франц од Австрија. Максимилијан важел за толерантен човек кој ги промовирал образованието и културата. Со тоа Бон станал важна културна метропола.









МЛАДИОТ ЛУДВИГ

Der junge Beethoven beim Briefeschreiben Illustration: © Kitty Kahane „Од мојата четврта година музиката почна да станува мојата прва младешка преокупација. Честопати музиката ми шепотеше: Обиди се и запиши ги еднаш хармониите на Твојата душа!“ (Бетовен како 13-годишник на изборниот кнез Максимилијан Фридрих од Келн, 1783 година).
 






ПАТИШТА НА МУЗИКАТА

Beethoven spielt Bratsche. Illustration: © Kitty Kahane

Како тинејџер Бетовен свирел виола во судската капела во Бон и добивал часови по клавир и компонирање од Кристијан Готлоб Нефе. Во 1787 царот Максимилијан му го овозможил на Бетовен првото патување во Виена, на коешто наводно Лудвиг го сретнал Амадеус Моцарт на музичка размена. 





 

РАЗДОР СО ХАЈДН

Beethoven nimmt Unterricht bei Haydn Illustration: © Kitty Kahane

Во 1794 година Бетовен заедно со својот брат Каспар заминал засекогаш во Виена – тогашниот главен град на музичкиот свет! Таму Бетовен добивал часови од Јозеф Хајдн, кој неговата музика, меѓутоа, ја опишал како „премногу комплицирана!“. Тежок однос наставник-ученик...
 




КОМПОЗИТОР НА ЧАСОТ

Beethoven dirigiert seine fünfte und sechste Sinfonie Illustration: © Kitty Kahane

На 22 декември 1808 година Бетовен го одржал најзначајниот концерт во својот живот. Во Театарот на виенската река – без греење, во најстудената зима – одекнале за првпат (меѓу другото) неговата петта и шеста симфонија. Бетовен станал централен композитор на виенската класика.



 

СЛОБОДА, СЛОБОДА

Beethoven verhandelt mit seinem Verleger Illustration: © Kitty Kahane

Некои богати луѓе го потпомагале Бетовен финансиски. Но секако, тоа со себе повлекло чести преселби. Тој се селел над педесет пати на различни места низ Виена, честопати во помали студентски соби во палатите на своите покровители и покровителки. „Сакам независен живот!“, му напишал тој еднаш на својот музички издавач, со којшто сам преговарал за својот хонорар. Бетовен станал прототип на уметниците кои се залагаат за слобода – со сите свои подеми и падови.
 



БЕТОВЕН И ЖЕНИТЕ

Beethoven schreibt an die "Unsterbliche Geliebte" Illustration: © Kitty Kahane

Во 1812 година Бетовен, кој никогаш немал долга врска со жена, го напишал своето славно „Писмо до бесмртната возљубена“. На кого мислел со тоа и ден денес останува мистерија за истражувачите.







 

САКАНИОТ ВНУК КАРЛ

Beethoven möchte seinen Neffen Karl adoptieren Illustration: © Kitty Kahane

„Секојдневието ме исцрпува!“, му напишал Бетовен на својот сакан внук Карл, кого безусловно сакал да го посвои. По жестока расправија со својата снаа, Бетовен ја загубил оваа борба. Веројатно најголемиот пораз во неговиот живот.






ГЛУВ И СЛЕП

Beethoven und seine Konversationshefte Illustration: © Kitty Kahane

За време на компонирањето на својата голема деветта симфонија – изведена за првпат во 1824 година - Бетовен не бил само глув, туку и речиси слеп. Бетовен пиел премногу алкохол. А музиката можел да ја слуша само во своите мисли...
 







ПОЧЕСЕН ГРОБ

Es erscheinen viele Menschen bei Beethovens Beerdigung Illustration: © Kitty Kahane

Кога по борбата со разни болести, Бетовен починал на 57 години, дошле наводно 20.000 луѓе да го придружуваат неговото тело до Верингските гробишта во Виена. Поетот Франц Грилпацер напишал: „Запомни го овој час и помисли: бевме таму кога го погребаа, а кога тој почина ние плачевме!“. Во 1888 година, телото на Бетовен било пренесено во голем почесен гроб на Централните гробишта во Виена.