Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Скопје
Роберт Алаѓозовски, писател

Von Роберт Алаѓозовски

Роберт Алаѓозовски © Foto-Credit

Што ја симболизира актуелната ситуација за Вас лично или во Вашата земја? 

Злобен волшебник фрлил клетва низ светот. Додека ние лежиме спречени во нашите кожурци, хероите со сите сили се борат да ја скршат анатемата, да воспостават ред и да го спасат човештвото. Во исплашените глави на спречените луѓе светнува сеќавањето дека не е само поради злобата. Една клетва беше скршена. Хибрис и Хамартија, како што велеа старите уметници. 

Како пандемијата ќе го промени светот? Кои долгорочни последици на кризата ги гледате Вие? 

Очекувам две реакции на тежината на кризата. Првата е ставот „Не ме интересира (повеќе)“. Ги вративме нашето стопанство, нашите финансии, се вративме на нашето секојдневие, се сретнуваме со луѓе, уживаме во културата и забавата, по „Изгладувањето“ кога е можно со уште позасилена жестокост. Сме ги заборавиле нашите ветувања на смртна постела. Тие биле претерана реакција, мала слабост во тешките времиња. Веројатно многумина ќе сакаат да ги игнорираат последиците, да се посветат на поубавите страни на животот, сè до следната криза. Некои политичари или личности од јавниот живот веројатно би барале оправданија или би откриле апсурдни средства против сите болести. Но, тоа нема да функционира. 

Второто сценарио би било системска промена на нашето однесување, воведување мерки или упатства, кои би ни ги подобриле секојдневните навики и кои би ги ослабиле причините и влијанијата на кризата. За да се намалат или елиминираат ризиците за иднината, ќе мора многу да измениме. Не секогаш подготвени и не секогаш во согласност со нашето човечко однесување. 

Кодексот на однесување мора да стане построг, развојот мора да ги зачува природните простори за живеење. Позелените и почистите енергии мораат да станат единствен извор, рециклирањето да го замени загадувањето на околината. Веројатно просторното дистанцирање ќе стане трајна норма – помалку луѓе на квадратен метар. Тоа би ја намалило добивката во авијацијата, кај услугите, на пазарот на станбен простор и во слободното време. Тоа би значело повеќе пари во социјалниот и здравствен систем, како и резерви за внимателно изработените и добро подготвените кризни сценарија. Дигитализацијата би смеела да стане апсолутна норма за многу системи: стопанство, финансии, трговија, пазар, култура, контакти. Човечката интеракција, физичкото присуство (во галерии, музеи и кафетерии) би биле опционални. Луѓето од второто сценарио ќе се обидат да ги вклучат луѓето од првото сценарио. Ќе биде бавен успех, кој одвреме-навреме ќе биде прекинат од бунтовните поединци, кои ќе понудат готови брзи решенија.

Што Ви дава надеж? 

Наспроти дистопијата, историјата на човештвото, како и претходно, имала среќен крај. До денес сме преживеале и сме покажале дека сме спремни да се менуваме. Ние сме рационални суштества, кои поседуваат способност и методи да учиме од грешките и да ги подобриме нашето однесување и нашето општество. Најчесто го остваруваме точниот коктел од однесување, етика, страв, солидарност, креативност, фантазија, свесност за одговорност и радост.  

Која е Вашата лична стратегија да се справите со тоа? 

Работам на тоа да ги нагодам концентрацијата и опуштањето. Се придржувам до директивите и се борам со паранојата. Читам и гледам, за прв или повторен пат, колку што е можно повеќе книги и филмови од жанровите катастрофи, дистопии и постапокалипси: Есхил, Бокачо, Ками, Бароус, Содерберг, Емерих, Петерсен. Барам искуство, модел, морал, спас за фантазијата.
И правам паузи во кои го појачувам мојот имунолошки систем: здрава храна, да се гледаат пејзажите, спорт во соба, контемплација, семејна среќа.
 
Danachgedanken im Kopf © Kitty Kahane

DanachGedanken 

Alle Beiträge in chronologischer Reihenfolge lesen.