Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

123© Goethe-Institut. Canva One-Use-License.

Проѕирниот човек

25.10.-4.11.2022 Гете-институт Атина, Анкара, Белград, Истанбул, Измир, Скопје, Софија, Солун, Гете-центар Тирана 

На интернет, информациите се шират брзо и лесно. Степенот на општествено, политичко и културно влијание на овој феномен остава трага врз секојдневието во многу земји во Југоисточна Европа и светот.
Личности од политиката и стопанството се обидуваат со помош на таргетирано користење информации да се позиционираат и да остварат добивка – често на сметка на заштитата на податоци и приватноста на луѓето. Луѓето често пати се повикуваат на непроверени извори и на тој начин создаваат лажни информации кои набрзина стануваат вирални и делумно имаат фатални последици врз граѓанското општество.

Преку интервенцијата „Проѕирниот човек“, Гете-институтите во Југоисточна Европа им се обраќаат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост. За време на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, Гете-институтите ќе нудат многубројни настани во онлајн и офлајн формат во регионот. Тие ќе бидат наменети за младите, нивните родители, како и наставници и други заинтересирани лица.

Интервенцијата „Проѕирниотчовек“ ќе се отвори на 25.10.2022 во „Јавна соба“ во присуство на проектните партнери. Во последователните две недели таму најпрво ќе може да се види изложбата "What the Future Wants" на Берлинската невладина организација "Tactical Tech“, која беше создадена заедно со млади од Северна Македонија и други земји од регионот. Преку јазик и дизајн соодветен за млади, изложбата се надоврзува на животната реалност на многу млади. Со тоа "What the Future Wants" ги мотивира младите, интерактивно да се осврнат на темите како сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни информации и онлајн зависност.

Во продолжение, заедно со невладината организација „Метаморфозис“ ќе се понудат многубројни настани и активноси, како на пример, работилници за млади и наставен кадар, разговори со експерти, настани од информативен карактер за родители, анонимни советувања од страна на специјалисти за млади, натпревари и регионални средби за млади.


Контакт:
Falk SchleicherФалк Шлајхер
Гете-институт Скопје
бул. 8ми Септември 18-1/5
1000 Скопје
Tel. + 389 - 2 - 3121 604
falk.schleicher@goethe.de