Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

EU-Work in progress...

EU-Work in progress...@OSTEN Galerie Skopje

ПРОЕКТНА ИДЕЈА


Проектот EU - Work in Progress... e заеднички проект на ГЕТЕ-ИНСТИТУТ Скопје и ОСТЕН Светската галерија на карикатури Скопје, со основна цел да се почувствува пулсот за тоа како „будното око на општеството“ - карикатуристите, ја перцепираат ЕУ и да се пренесат пораки за европските вредности - заедништво, солидарност и заедничка иднина. Преку својата мрежа на соработници, Гете-институтот го поддржува заедничкиот европски културен простор и културната разновидност, се осврнува на критичните позиции и ги поврзува неевропските и европските перспективи. Остен посветува значително внимание на новите трендови и на младите креативци во развој, а преку Светската галерија на карикатури оддава признанија на етаблираните карикатуристите кои веќе ја должеале својата креативност на хартија.
 
ОБЈАСНУВАЊЕ

Скопје, С. Македонија, преку Светската галерија на карикатури (основана 1969 година), со децении беше „центар на светот“ за карикатуристите од цеиот свет. Покрај тоа, за време на железната завеса, заради неутралноста на Македонија (тогаш во рамките на Југославија), Скопје беше точката каде се среќаваа карикатуристите од запад и од исток, зашто карикатуристи на источните земји не учествуваат на настаните за карикатура организирани од организациите од западните земји и обратно. За жал, поради огромните национални, регионални и глобални процеси кои имаа (и сè уште имаат) големо влијание врз карикатурата како уметност, С. Македонија се соочува со опасност од исчезнување на овој „најдемократски израз во секое општество“ (Карел Чапек) - карикатурата - жанрот на критичкото набудување на општеството. Уште поважно, С. Македонија се соочува со недостаток на објективни медиуми и недостаток на соодветни и креативни начини што ќе ги натера луѓето (особено младата генерација) да ги разберат политичките, социјалните и технолошките процеси на развој во земјата, Европа и во светот. Карикатурата (уметноста на пренесување пораки) е најдобрата можна мултифункционална алатка (ако не и оружје) за да се изостри перцепцијата на луѓето, да се развие здравиот разум за критичкото размислување, анализирањето на ситуацијата, откривањето на проблемите, но на интелигентен и забавен начин. Тоа е особено соодветен начин да се предизвика критичко размислување кај младата популација, и ние силно веруваме дека резултатите од проектот ќе бидат од голема помош за нивниот развој во одговорни граѓани кои ќе ги препознаат вистинските вредности во општеството. Сигурни сме дека тие вредности треба да бидат имплементирани во нивните умови уште од раната фаза на нивниот личен развој. Подоцна - можеби ќе биде предоцна!
 
ЦЕЛИ

•Да се ​​поттикне јавната свест за европските вредности преку воведување карикатури на тема „ЕУ“
•Да се ​​зајакне капацитетот за објективна и критичка перцепција за ЕУ
•Да се ​​направи простор за слободно изразување и критички реакции
•Да предизвика интерес за важните прашања (како вредности на ЕУ) особено кај младите со употреба на дигитални канали
•Да се предизвика интерес кај младата генерација за карикатури во обид да се оживее минатата слава на македонските карикатуристи, создавајќи плодна почва за новите генерации на карикатуристи
•Да ги обучи младите преку вештини за перцепција, избор, приоритети и донесување одлуки преку вклучување во процесот на онлајн гласање, со што ќе се предизвика свесност за важноста на независното расудување, личниот став и слободата на избор
•Да се ​​даде можност за одлука за избор на најдобри карикатуристи / карикатури со организирање на соодветен систем на онлајн гласање
•Да им се даде можност на младите да научат од етаблираните карикатуристи од ЕУ за процесот на создавање и техниките на цртање карикатури
•Да се ​​обезбеди можност за создавање креативни дела - карикатури
•Да се ​​создаде можност за награди
 
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
 
1. НАТПРЕВАР ЗА ДИГИТАЛНА КАРИКАТУРА
Два дигитални натпревари за карикатура ќе бидат организирани во форма на ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ на тема “ЕУ”, еден натпревар за млади карикатуристи и еден за веќе етаблирани карикатуристи.
 
ОТВОРЕН ПОИВИК #1 – Натпревар за млади карикатуристи
Application form-Open Call 1
 
•Земји за учество: земјите од Западен Балкан
•Учесници: карикатуристи од земјите од Западен Балкан на возраст од 18 до 35 години
•Формат на дела: скенирани рачно цртани или дигитално креирани карикатури на тема „ЕУ“
•Жири од 3 члена, 1 од Остен, 1 од Гете-Институт, 1 надворешен експерт за карикатури
•Критериуми: Тематска, уметничка / графичка репрезентација, кохерентност, иновативност, експресивност, оригиналнист (претходно необјавена карикатура)
•12-18 награди за млади карикатуристи
•Карикатуристите ко ќе победат ќе добијат плакета, ќе учествуваат на онлајн настан како членови на жири и во креативна работилница што ја оддржи победникот на натпреварот за етаблирани карикатуристи
•Сите карикатури пријавени на натпреварот ќе бидат изложени во заедничка изложба во галеријата ОСТЕН и онлајн (ќе има вкупно 3 изложби - една онлајн изложба со дела од младите карикатуристи од првиот натпревар, друга онлајн изложба со дела на етаблираните карикатуристи од вториот натпревар и за завршниот настан ќе има заедничка изложба на двете групи во галеријата ОСТЕН во Скопје)       
 
ОТВОРЕН ПОВИК # 2 - Натпревар за етаблирани карикатуристи
Application form-Open Call 2

•Младите 12-18 карикатуристи ќе дефинираат критериуми со пополнување на Интернет прашалник со предложени одговори за транспарентна селекција од натпреварот за етаблирани карикатуристи
•Со соодветниот систем на онлајн гласање, 12-18 победници ќе одлучат за три награди од етаблираните карикатуристи
•Земји на учество: Западен Балкан и земјите од ЕУ
•Учесници: карикатуристи од Западен Балкан и земјите од ЕУ на возраст над 35 години
•Формат на дела: скенирани рачно цртани или дигитално креирани карикатури на тема „ЕУ“
•Три награди (од 12-18 избрани кои ќе бидат прикажани на изложбата) за веќе етаблирани карикатуристи
•Карикатуристите кои победат ќе добијат Плакета + учество на онлајн настанот
•Првонаградениот карикатурист добива парична награда / хонорар за оддржување на работилница
 
2. КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

•Креативна работилница за процесот на создавање и техники на цртање карикатури за млади карикатуристи во галеријата ОСТЕН
•Обука за процесот на создавање и техники на цртање карикатури
 
3. ОНЛАЈН ПРОМОЦИЈА И МЕДИУМИ

На веб-страниците на партнерите и страниците на социјалните медиуми, но исто така и на локалните и глобалните медиуми.