First Films First

First Films First © Goethe-Institut

Живеете во Југоисточна Европа и подготвени сте да го развиете Вашиот прв долгометражен филм?


Гете академија за млади режисери од регионот на Југоисточна Европа

Во 2016 година, Гете институт започна иновативна, интензивна програма за професионална обука со цел да им помогне на младите филмски режисери од Југоисточна Европа да го развијат својот прв долгометражен филм. Проектот FIRST FILMS FIRST им помага на осум млади режисери од Југоисточна Европа да го остварат својот сон како режисер.

FIRST FILMS FIRST - Гете академија за млади режисери се реализира во соработка со Гете-институтите од регионот на Југоисточна Европа, националните филмски центри и академии, како и филмските фестивали во Клуј, Битола, Белград и Софија.

FIRST FILMS FIRST 2019/2020 нуди иновативна и интензивна програма за обука.

Повеќе информации можете да најдете тука.

Крајниот рок за аплицирање е 1 март 2019 година.