ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

Медиумски Инкубатор Медиумски Инкубатор


Гете-институт Скопје и Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) ги покануваат сите млади новинари или студенти во Северна Македонија, кои се заинтересирани да пишуваат социјални репортажи, да аплицираат за учество во тренинг програмата во рамките на проектот „Медиумски инкубатор“. Општата цел на овој проект е да ги зајакне актерите на граѓанското општество и да се бори со предрасудите кон етничките или социјални малцинства. Исто така, има за цел да придонесе за реконструкција и претставување на социјалните проблеми преку комбинација на текст и фотографија, да ги развие и да ги воведе во јавни дискусии.

Оваа иновативна тренинг програма ќе се спроведе во четири модули:

I Теориски дел

Модул 1: Транзиција од новинарска во социјална репортажа, разлики и сличности.

Модул 2: Функции на социјалните репортажи.

II Практичен дел

Модул 3: Истражувачка работа: Како? Каде? Зошто? Лажно? Вистинито?

Модул 4: Раскажување приказни вклучувајќи го поврзувањето на текст и фотографија како метод на делување и истражување.

Тренинзите ќе бидат осмислени и одржани од познати и искусни локални експерти.

Кога: 10.05.2021 – 14.05.2021 (08:30 – 17:30 часот)

Каде: Канцеларија на БИРС, Тетово (ве молиме запазете: во зависност од ситуацијата со корона вирусот, тренинзите би можеле да се одржат на онлајн платформата ЗООМ)

Работен јазик: Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик. Превод на албански јазик ќе биде достапен за сите тренинзи.

Стипендија: Сите учесници ќе добијат стипендија од 350 евра бруто. По завршувањето на програмата, БИРС ќе обезбеди едномесечна програма за стажирање во независен медиум во Северна Македонија. Ова ќе биде шанса за учесниците и да се вработат во тие медиуми.

Кој може да аплицира?

Право за апликација имаат:

  • Млади / аспиранти за новинари над 16 години
  • Студенти на факултетите за медиумски студии, комуникација и новинарство
  • Уредници
  • Блогери
  • Експерти
  • Актери на граѓанското општество
При аплицирање, потребно е накратко да се опише мотивацијата за учество во тренинг програмата.

Краен рок за пријавување: 30.04.2021; 12 часот (полноќ)

Сите заинтересирани можат да аплицираат со пополнување на формуларот за пријавување:

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ПОПОЛНИТЕ ФОРМУЛАРОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте нè на:

andrej.vasiljevikj@goethe.de и birc.balkan@gmail.com