Германски уметници од колекцијата на ОСТЕН

Германски уметници од колекцијата ОСТЕН ОСТЕН

Галеријата ОСТЕН од Скопје може да се пофали со една многу обемна збирка на уметнички дела (главно цртежи и графики) од 19. и 20. век, во која уметникот Мице Јанкуловски собрал околу 8000 дела. Во оваа единствена збирка од ваков вид во Македонија, а и пошироко се сместени дела на повеќе од 400 уметници од Германија или од германското говорно подрачје. Гете-институт Скопје и Делегацијата на Европската Унија во Македонија потпомогнаа да се издаде публикацијата „Германски уметници од колекцијата на ОСТЕН“. Таа беше промовирана на 15 декември 2016 во просториите на Гете-институт Скопје.