Регионална мрежа за културна разновидност
Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност - РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот.За РЕАД
READ 2022 - Our impact
READ 2021 - Our impact
Baseline assessment of the project READ
Отворениот повик за Резиденцијален програм за автори во пет земји има за цел на авторите од Северна, Македонија, Косово, Албанија, Србија и Турција да им даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и да го поддржи регионалното распространување на литературни дела од наведените земји.
Регионалната мрежа за културна разновидност - РЕАД (Regional Network for Cultural Diversity – READ) со воодушевување прими преку 67 апликации од автори кои потекнуваат од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција а во склоп на РЕАД Програмата за резиденти - 2023. Независниот тим за селекција на резиденти (Комисија) составен од професионалци имаше навистина тешка задача да одлучи помеѓу големиот број талентирани писатели, преведувачи и илустратори.
РЕАД Програма за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември. Авторите се очекува да создадат дела кои ќе биде презентирани за време на литературните фестивали, во рамки на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ а ќе им биде овозможено претставување на нивните дела и во регионалните литературни списанија. Освен творештвото и преводот, од авторите се очекува да дадат придонес преку одржување на работилници, преку презентации, а исто така и да земат активно учество на фестивалите во регионот организирани од нашите партнери.
Отворениот повик беше објавен на англиски јазик, зашто тоа е официјалниот јазик на резиденцијалниот програм.
Отворен повик за суб-грантови
Во рамки на програмата за поддршка на капацитетите на граѓанското општество, еднаш годишно во текот на три години, проектот ќе објавува отворени повици за поддршка на проекти. Невладини организации од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција може да се пријават со иновативни повеќејазични или интеркултурни проекти. Организациите може да аплицираат за поддршка во полето на превод, издаваштво и/или промоција на дела, со што би се зголемил пристапот и свесноста за литературата надвор од националниот контекст. Околу 40 проекти ќе бидат директно финансиски поддржани. Интеркултурните проекти пак, треба да се однесуваат на поддршка на литературата, читањето и културната разновидност. Предност имаат младински организации. Вкупно 50-тина проекти ќе бидат финансирано во текот на 3 години.
Повиците ќе бидат интегрални, еден повик годишно во петте партнерски земји, со што ќе се поттикнат регионални партнерства. Апликантите можат да поднесат проектна апликација на локалниот или на англиски јазик. Процесот на аплицирање е едноставен и лесно достапен за организации со ограничени менаџерски и административни капацитети. Постапката се спроведува преку порталот за аплицирање на Гете-институт (ГАП).
Една од целите на проектот „Регионална Мрежа за Културна Разновидност“ (РЕАД) е да промовира меѓукултурно описменување и демократски вредности преку развивање култура за читање и изложеност на интер-регионални квалитетни литературни дела. Проектот ќе соработува со локални училишта и библиотеки како и со публиката во петте држави, која ќе дојде во допир со дела на автори и култури од соседните држави.
Постојат бројни студии за придобивките и напредокот во меѓу-културното разбирање преку литературни дела. Некои од нив тврдат дека литературата може да ги насочи читателите кон сите оние кои на некој начин се различни од самите читатели и со тоа да допринесат за интер- и интра-културно осознавање. Според Wasikiewicz-Firlej „литературните дела му овозможуваат на читателот да ги посматра светот од многу различни переспективи и да ја цени разновидноста на индивидуалната перцепција. Моќта на литературата лежи во нејзината единствена способност да го длабоко да го вклучи читателот како на когнитивно, така и на емоционално ниво“. Ова е особено важно во процесот на помирување, разбран како процес на препознавање, прифаќање и емпатија со другиот.
"READ on wheels" (РЕАД на тркала) е регионална мобилна библиотека опремена со книги и други материјали од земјите на проектните партнери. Мултикултурната и мултилингвалната мобилна библиотека ќе прави тури низ Северна Македонија, Косово, Србија, Албанија и Турција во времетраење од 3 години, со особен фокус на идентификување на училишта и библиотеки. Концептот на мобилната библиотека е засниван на долгогодишното искуство на Гете-институт со водење на автобуси- библиотеки или културни единици низ различни земји како на пример Франција, Египет, Либан, Јордан, Белорусија и други. Целта на мобилната библиотека е да овозможи пристап до читање и културни активности на млади луѓе во помали и понедостапни зедници, каде таквите активности се многу ретки или воопшто не се случуваат. Во исто време библиотеката ќе понуди наслови и писатели од регионот и Турција. Понудената содржина ќе биде на локалените/ националните јазици коисе зборуваат во таа држава. Со цел да се подобри ситуацијата со недостатокот од преведена регионална литература, проектот ќе инвестира многу ресурси за превод на дела од автори од регионот на јазиците од целните земји.
Во рамките на “READ on wheels” турнеите, палнирани се следните активности:
- storytelling работилници
- презентација на нови писатели/ автори
- работилници за креативно пишување
- работилници за превод
- работилници за илустрација
- работилници за деца
- изнајмување книги
- предавања и дебати
- проектирање филмови
- театарски претстави
Важен инструмент за поддршка на интеркултурната соработка во регионот е поддршката на литературни фестивали во петте партнерски земји. Проектот поддржува постоечки литературни фестивали спроведувани од проектните партнерни. Партнерите: Асоцијација Крокодил (Србија), Институт за книги и промоција (Албанија), Истанбул Интернационален Литературен Фестивал (Турција), Чендра Мултимедиа (Косово) и ЦБС Лоја (Северна Македонија) се етаблирани културни актери во своите земји и во регионот и сите организираат литературни настани и фестивали. Две изданија од секој од фестивалите ќе биде поддржани од страна на РЕАД проектот.
FESTIVAL KROKODIL 15-18 јуни 2023
Tirana Gate 2023 октомври 2023
polip – International Literature Festival, Edition XII 13-15 мај 2023
Istanbul International Literature Festival-ITEF 20-24 септември 2023
Watch Through North Macedonia 26-28 април 2023