СПОРТУВАМЕ

„Спортуваме“ е веб-страница со цел да покаже дека можеме да ја зголемиме нашата еколошка свест преку спорт и поздрав и поеколошки начин на живот.
Во различните рубрики ќе најдете корисни информации за заштита на животната средина, како и алтернативи со кои ние самите можеме да придонесеме за одржливост.

На крајот на 2020 година, Гете-институт Скопје и Факултетот за компјутерски науки и инженерство ФИНКИ организираа 40-часовен хакатон за програмирање на еколошки портал. Вкупно 7 тимови ги презентираа своите идеи. Студентите Федора Лепчевска и Борјан Саздов, кои се активни екологисти, го освоија хакатонот со идејата за проектот „Спортуваме“. „Спортуваме“ е веб-страница која треба да ги поврзе љубителите на спортот. Целта е да се покаже дека можеме да ја зголемиме нашата еколошка свест преку спорт и поздрав и поеколошки начин на живот. „Спортуваме“ нè инспирира да возиме велосипед, да планинарамие, повеќе да пешачиме и да правиме други активности за да се намали употребата на автомобили, автобуси или мотоцикли.

На веб-страницата има различни велосипедски мапи со рути во рамките на градот Скопје. На овој начин, корисниците ќе ја пронајдат најбрзата или најсоодветна рута до нивната дестинација.

Покрај тоа, страницата содржи е-продавница преку која корисниците можат да понудат добро сочувана спортска опрема која не ја користат.

Во друг дел, регистрираните членови можат да објавуваат велосипедски, планинарски и други тури. На овој начин, предизвиците можат да се совладуваат заедно и да се објавуваат слики од авантурите.

Делот еко-поддржувачи презентира бројни еколошки локали како продавници, ресторани и кафулиња и покажува, како корисниците можат малку да го променат својот начин на живот и да ги извршуваат своите секојдневни активности без да прават отпад, користејќи само еко материјали.
„Спортуваме“ е исто така еко-веб-страница бидејќи ги анализира еколошките проблеми и бара решенија.

Во рубриката Загадување, се објаснуваат најактуелните и најопасните видови загадување во нашата земја.

Малите, а понекогаш и незабележителни промени во однесувањето на луѓето имаат големо влијание врз животната средина, така што ќе оставиме малку подобар свет за следните генерации. Замислете сите наместо со автомобил да одат пешки или со велосипед на работа. Тоа би било мала промена за една личност, но би било огромен чекор за животната средина.