Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Übungsraum für Kritik@Goethe-Institut

Вежбалница за критика

Изложбата Вежбалница за критика е експериментален аранжман за активно испробување на критика. Таа се посветува на прашањата: Како можеме да научиме да практикуваме критика, кои алатки ни се потребни за тоа и како да се подготвиме за ситуации во кои сакаме да изразиме и прифатиме (позитивна / негативна) критика?

Критичката способност е социјална компетенција, која е конститутивна за демократски соживот. Затоа што е важна размената на мислења со дугите и преговарањето за различни гледишта. За да се унапредува оваа социјална компетенција мора да се има храброст, да се умее да се сослуша и да се познава (спознае) своето сопствено гледиште. Најголемата уметност на критикувањето е да кажеме на другата личност како ја гледаме или како се чувствуваме за некоја тема без да ја повредиме - и за возврат да прифатиме туѓи мислења и перцепции без да се чувствуваме повредени.
Во форма на кружен тренинг оваа вежбалница овозможува насочено тренирање на личната способност за критикување. Секоја станица се концентрира на одредена област од изразувањето критика, со цел усвојување на специфични компетенции и нивна примена во секојдневни ситуации. 

  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер
  • Вежбалница за критика @Едвард Грајнер