Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност - РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот.
Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка - Лоја (Северна Македонија), Instituti i Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Association Krokodil Krokodil (Србија) и Qendra Multimedia (Косово).
Проектот - Регионална мрежа за културна разновидност придонесува за помирување и меѓукултурна толеранција со отворање на нови канали за комуникација за независните културни општества, нудејќи им можности за вмрежување далеку од политичката сцена. Во земјите од Западен Балкан малку механизми обезбедуваат регионална културна комуникација. Проектот ја пополнува оваа празнина со нудење можности за вмрежување кои овозможуваат размена на искуства преку заеднички проекти, јавни настани и кампањи. На тој начин се промовираат разновидни културни иницијативи и се обезбедува простор за презентација на работата на помалите иницијативи во регионалната арена.
Проектот има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Ова вклучува воспоставување и работење на подвижна библиотека во петте земји и поддршка на 10 регионални литературни фестивали на тема меѓукултурна размена и помирување.
Покрај шесте граѓански организации кои се дел од конзорциумот на проектот, активностите ќе ги зголемат капацитетите на 90 културни иницијативи преку доделување на суб-грантови, обуки или поддршка за вмрежување. Граѓанските организации се клучни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание во културата и промените во општеството. Дополнителни целни групи се регионални поттикнувачи на промени, кои во нашиот случај се уметници, писатели, преведувачи и други културни оператори. Дури 120 училишта и над 100 библиотеки ќе бидат збогатени со информативни материјали и вклучени во разни активности. Придобивка од проeктот ќе имаат и граѓаните на Косово, Србија, Северна Македонија, Турција и Албанија со посебен фокус на младата популација. Ова подразбира повеќе од 5.000 млади кои директно ќе учествуваат во активности, но исто така и повеќе од 500.000 лица кои ќе бидат изложени на информации што произлегуваат од спроведувањето и промовирањето на активностите.