Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Mein Weg nach Deutschland
Мојот пат до Германија

People walking along a city sidewalk in the warm light of sunset, with cars passing by on the street. © Jedrzej Kaminski/EyeEm via GettyImages

Се одлучивте да живеете во Германија поради Вашата професија или од други приватни причини и потребни Ви се јазични познавања или информации за животот таму?
Гете-институт Ви нуди поддршка за истото од страна на квалификуван кадар.

Ви нудиме

Контакт

Онлајн понуди на Гете-институт

  • Веб-портал

    Mein Weg nach Deutschland

    Тука ќе најдете информации за животот и работата во Германија, како и одговор на најчесто поставувани прашања. Дополнително, Ви нудиме и интерактивни игри и вежби што ќе Ви помогнат да ги подобрите Вашите јазични познавања.

  • Веб-портал: Mein Weg nach Deutschland

    Животот во Германија

    Дали наскоро се селите во Германија или веќе сте таму? Тука ќе најдете информации за живеење и работа во Германија и одговори на најчесто поставуваните прашања.

  • Веб-портал: Mein Weg nach Deutschland

    Влог: Еден чекор напред

    Во влогот, луѓе од целиот свет ги споделуваат своите искрени приказни за почетокот во Германија – од визата до првата работа. Ќе слушнеш корисни совети и инспиративни искуства за сите кои сакаат да започнат нов живот во Германија или штотуку пристигнале таму.

  • брошура

    Mein Deutschlandheft

    • Bид материјал: брошура на тема живеење и работење во Германија
    • Tеми: првите чекори во Германија, вработување, финансии, фамилијарен живот, слободно време, наоѓање помош и др.
    • Ниво: од А2

  • Онлајн курс за самостојно учење

    Mein Deutschlandkurs

    • Подготовка за Вашиот живот во Германија
    • Теми: првите чекори во Германија, работа, финансии, фамилија, (активности во) слободно време, барање помош
    • Јазик: германски, почнувајќи од А2 ниво

  • Заедница

    Alumniportal Deutschland

    На алумни порталот можете да се поврзете со луѓе кои се подготвуваат да се преселат во Германија или веќе работат и живеат таму.

За добар почеток во Германија

Доколку имате аплицирано за виза или веќе живеете во Германија, нашиот професионален тим Ви нуди учество на настани на шест Гете-институти во Германија. Тоа ќе Ви помогне успешно да се вклопите во работата и секојдневниот живот.

Корисни линкови

Make it in Germany

Cè што треба да знаете за успешно да го поминете процесот на преселување. Од подготовки во Вашата земја, па сè до Вашето пристигнување во Германија.

Служба за миграција на младинци (JMD)

Околу 500 служби за миграција на младинци (JMD) во сојузните држави на Германија ги поддржуваат младите луѓе на возраст од 12 до 27 години кои се доселиле во оваа земја. Овие служби им нудат на младите луѓе совети, можности за образование и активности во слободното време.

Виза и пристигнување

На веб-страницата на германскатата амбасада во Скопје можете да најдете информации за различните видови на виза, како и за потребните документи за аплицирање.

  • Logo European Union

Следете не