Онлајн-јазична настава
НОВ МЕДИУМ, НОВИ ШАНСИ – КОРЕКЦИЈА НА ГРЕШКИ ВО ВИРТУЕЛНАТА НАСТАВА
Онлајн-наставата носи многу нови предизвици за наставниците. Особено стравот од тоа, учениците да не се изгубат во новиот медиум, доведува до претпазливост при потенцијално фрустрирачки теми како корекцијата на грешки. Но, дали воопшто мора да корегираме? И ако е така, како да се направи тоа без да дојде до фрустрација?
ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА КОРЕКЦИЈА НА ГРЕШКИТЕ?
Како наставник не сакате никогаш да ги навредите Вашите ученици со корекции.
Да се прават грешки при учењето јазик, одамна престана да се сфаќа како недостаток на јазични компетенции. Напротив, грешките се сосема природен процес при усвојувањето на јазикот. Тие ја покажуваат актуелната состојба и откриваат, каде е неопходно евентуално повторување и утврдување. Поправката на грешките во принцип не треба да се сфаќа како тема на страв, туку како шанса за учениците. Соодветно на тоа, важно е да го практикувате тоа и во виртуелната настава. Исто како во наставата со физичко присуство и тука постојат методи, со кои корекцијата на грешките ќе биде успешно доживување.
РЕФЛЕКТИРАЊЕ НА ЛИЧНОТО ИСКУСТВО
Пред да започнете со планирање на активностите за корекција, помага да извршите рефлексија за досегашната практика. Накратко размислете за овие прашања:- Кои топови грешки обично ги корегирате и како? При кои активности корегирате, а при кои не?
- Кога ја корегирате грешката?
- Во која ситуација интервенирате/не интервенирате веднаш?
- Што правите по исправката?
- Кој корегира на Вашиот час?
- Како ја охрабрувате само-корекцијата?
Веројатно Вашите одговори се разликуваат согласно активноста и фазата на наставниот час. Треба да се напомене дека корекцијата секогаш се заснова на она што сакате да го постигнете со активноста (цел на учење). Доколку станува збор за интерактивна групна задача, подобро да корегирате отпосле во целата група. Доколку работите автоматизирана вежба за утврдување на структурите, сосема е важна директната корекција. Исто така, препорачливо е да им овозможте на другите ученици да вршат корекции, наместо Вие секогаш сѐ сами да корегирате.
ЕФЕКТИВНО КОРИСТЕЊЕ НА НОВИОТ МЕДИУМ
Основните принципи важат исто така и во онлајн-наставата. Покрај тоа, можете да ги користите алатките на новиот медиум. Можеби личниот контакт на наставата со присуство Ви помага, корекциите да бидат благонаклонето и конструктивно прифатени. За возврат можете да ја искористите отуѓеноста на онлајн-медиумот, за да ја дистанцирате грешката од лицето што ја направило. Секоја индивидуална грешка станува шанса за учење за секого. Затоа анализирајте, кои можности Ви ги нуди медиумот за држење настава: веб-камери, функции за покажување, емотикони и разни распореди може да се користат како замена за изрази на лицето и гестови.- Брзата корекција на таблата, онлајн можете да ја извршите преку чет, со белешки на белата табла (Whiteboard ) или со функцијата за пишување на учениците.
- Во приватен чет дури можете да направите индивидуални корекции, кои нема да бидат видени од другите.
- Со функцијата на микрофонот можете сами усно да ги корегирате грешките или да ѝ допуштите на групата да го направи тоа.
- Четот, кој концептуално е најмалку вербален (устен) и не го прекинува текот на говорот, исто така нуди можност за корекции од Ваша страна или од страна на групата.
ПЛАНИРАЊЕ НА КОРЕГИРАЊЕТО НА ГРЕШКИТЕ
За да можете целосно да ги искористите овие алатки, препорачливо е да ги вклучите фазите на корекција во планирањето. Една вежба која е погодна за секое ниво е детектив за грешки.Испланирајте фази за корекција на грешки помеѓу врсниците во сите активности со слушање и читање.
Испланирајте време за корегирање на грешките и во навидум спонтани временски точки, како на пр. при бура на идеи, собирање вокабулар и сл.
ПОСТИГНУВАЊЕ НА РУТИНА
Со помош на овие методи можете и онлајн да создадете рутини за корегирање, коишто на учениците ќе им дадат важна ориентација. Освен тоа треба да дозволите што е можно поголема транспарентност за Вашето постапување при корекцијата, на пр. на тој начин што ќе се договорите со групата, кога, како и со кои алатки треба и смее да се корегира. Обидете се да ги вклучите Вашите ученици на што е можно повеќе места во процесот на корегирање и користете го принципот на групна интелигенција во Ваша предност.ЛИТЕРАТУРА
Ballweg, Sandra/ Drumm, Sandra/ Hufeisen, Britta/ Klippel Johanna/ Pilypaityte, Lina (2013): DLL 02: Wie lernt man die Fremdsprache Deutsch? Stuttgart: Klett Sprachen.
Schormann, Matthias/ Schlak, Torsten (2011): „Hilfreich oder ohne praktischen Nutzen? – Die Forschung zur mündlichen Fehlerkorrektur im Zweit- und Fremdsprachenunterricht“. In: Zeitschrift für Fremdsprachenforschung 22 (1), 43-84. Baltmannsweiler: Schneider Verlag Hohengehren GmbH