Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Deutsch: lehren. teilen. inspirieren.

Студирате германистика или германски како странски јазик? Се наоѓате пред избор на студии и барате инспирација и информации? Веќе работите како млада наставничка или млад наставник по германски, но сакате да дознаете повеќе за следните чекори во кариерата? Или студирате во сродна област, но сакате да го проширите вашиот професионален опсег и да станете наставник/наставничка? Тука ќе Ви покаќеме што ве очекува и како може да ве поддржиме на овој пат.

Deutsch: lehren. teilen. inspirieren. © Panagiotis Stamatelopoulos / kegfire

Кариерна перспектива: Наставник по Германски

Денес, околу 130 милиони луѓе во светот зборуваат германски како мајчин или втор јазик, а околу 15,4 милиони го изучуваат како странски јазик. Како наставник/наставничка по германски, ќе бидете дел од глобална мрежа, овозможувајќи им на младите и возрасните успешно и со задоволство да го зиучуваат германскиот јазик.

Нудиме информации за нашите советодавни услуги, пристап до образовни патишта, како и постојани и нови квалификациски програми.

Има многу што да се открие – да започнеме!

© Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen

10 причини

Зошто предавањето германски јазик не само што е забавно, туку и овозможува многу нешта, што се очекуваат од едно модерно, интернационално професионално поле.

Deutsch: lehren.teilen.inspirieren. © Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen © Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen

Информирај се овде за нашите понуди за квалификација

Нашите понуди за обуки и доквалификација можат да те придружуваат на различни нивоа од твојот кариерен пат. Или пак да ти дадат ориентација во изборот на професијата и студиите.

За ученички и ученици

Учи Германски!

Сѐ уште си во потрага по интересно кариерно поле? Веќе учиш германски? Ако не, крајно време е. Бидејќи со познавање на германскиот јазик денес имаш голема предност. Знаеше ли дека над 100 милиони луѓе во Европа го зборуваат германскиот како мајчин јазик? Затоа Гете-институтот е вистинската адреса за тебе. Погледни ги нашите понуди за јазични курсеви и посети нѐ за да нѐ запознаеш подобро:

За студенти

Квалификувај cе!

Веќе студираш германски како странски јазик или во некоја сродна област и бараш нови можности за квалификација? Сакаш да ги надградиш своите јазични и методички компетенции? Сакаш да станеш дел од мрежата и да остваруваш нови контакти? Гете-институтот во соработка со други образовни институции ти ги нуди следниве можности:

За почетници во кариерата

Инспирирај се!

Само што започна со предавање германски јазик и стекнуваш драгоцено работно искуство? Сакаш да оствариш потесна соработка со колегите, а можеби и да соработуваш во креирањето на нови наставни проекти?
Тогаш ќе се воодушевиш од следниве понуди:

Следете не