Доколку поради работа сакате да се преселите во Германија, по правило, мора да покажете дека имате одредено јазично познавање. Тоа ниво најчесто зависи од самиот работодавец во Германија, а понекогаш и од самата област. Во повеќето случаи потребно е познавање на нивото Б2.
Со задоволство ќе ве советуваме доколку имате прашања или недоразбирања околу испитот, а Ви стоиме на располагање и со многубројни совети за учење на германскиот јазик.
Би сакале да работите во Германија и се прашувате како се признаваат странските дипломи? Овој
инфографик ќе ви помогне да ја разберете постапката.
На оваа веб-страница може да се информирате за првите чекори:
Mein Weg nach Deutschland
Би сакале да работите во Германија, но не знаете какви се вашите шанси за работа?
Оваа веб-страница може да ви помогне:
Make it in Germany
Имате прашања во врска со визата? Посетете ја веб-страницата на Германската амбасада во Скопје:
Deutschen Botschaft in Skopje.
Тука може да ги прочитате и најчесто поставуваните прашања и соодветните одговори во врска со животот и работата во Германија:
Mein Weg nach Deutschland
Сакате да вежбате деловен германски јазик? Посетете ја оваа веб-страница:
Deutsch am Arbeitsplatz