Субрегионален летен камп во Охрид 2018 за учениците од партнерските училишта

Субрегионален летен камп во Охрид 2018 за учениците од партнерските училишта
© Гете-институт Скопје

Во јуни, на Охридското езеро се одрќа првиот субрегионален летен камп, на кој учествуваа 33 иченици од Македонија, косово и Албанија кои се дел од мрежата Училишта: партнери на иднината, кои се поддрќани од гете-институт Скопје.
Кампот се одржа под мотото поп-музика и германски јазик.

За време на онлајн-фазата која се одрќа пред кампот, учениците со помош на видео-туторијали се запознаа со гермаснки поп песни, ги научија текстовите и го тренираа гласот. Ова го олесни почетокот во работилницата која ја водеа двајца професионални музичари од тимот Ерфиннденкер. За време на четиридневните работилници, ученциците слушаа актиелна германска поп-музика, учеа текстови на песни, но исто така се стекнаа и со сознанија за радиото како медиум и неговите елементи. Потоа во групи разработија прилози за своето радио-шоу наречено мулти-култи.

На тој начин, во рамки на заедничката недела беа поттикнувани како јазичните, така и креативните и музичките вештини на учесниците.

Субрегионален летен камп во Охрид 2018 за учениците од партнерските училишта © Гете-институт Скопје Програмата беше конципирана така да сите млади имаа можност подобро да ја научат културата, историјата, желбите и надевањата на учениците од соседните земји. Притоа, посебно беше убаво да се види, колку брзо младите се спријателија, без оглед на границите на земјите и јазикот или историски условените предрасуди.

Дополнително кон работилниците имаше богата програма во слободното време како и културна програма како разглед на градот и посета на Музејот на вода. Притоа учениците можеа подобро да се запознаат, да разменат мислења како и да ги продлабочат своите познавања нод гермаснкиот јазик.

Кулминација на кампот беше завршната манифестација, на која нучениците ги претставија резултатите од работилниците, радио-шоу и концерт, и тоа на средина на пешачката зона во Охрид.сред пешачката зона во Охрид, а со тоа веднаш го привлекоа вниманието на публиката.

За учесниците на летниот камп, иницијативата Училишта: партнери на иднината од сега не значи само восхит кон гермаснкиот јазик и за модерна германија, туку и можност за размена со свои врсници во блиските, а по многу аспекти толку далечни соседни земји на Западен Балкан.

PASCH Летен камп Охрид © © Гете-институт Скопје © Гете-институт Скопје

 

PASCH Летен камп Охрид © © Гете-институт Скопје © Гете-институт Скопје