Акција за хортикултурно уредување во дворовите на партнерските училишта

Акција за хортикултурно уредување во дворовите на партнерските училишта
© Goethe-Institut Skopje

Во трите партнерски училишта во Македонија за кои се грижи Гете-институт Скопје, 10-годишниот јубилеј на иницијативата „Училишта: партнери на иднината“ се прослави на посебен начин. Во рамки на акцијата за хортикултурно уредување беа засадени дрвја и други растенија во видно катче во дворот на секое училиште. Со тоа, учениците ги проширија своите познавања за дрвјата и растенијата од регионот и со зазеленување на катчето лично искусија како може самите да се ангажираат за својата животна средина и истата активно да ја уредуваат.

Благодарејќи на оваа акција, партнерските училишта станаа „зелени училишта“. Натпис со логото на иницијативата го привлекува вниманието на новоуреденото „зелено катче“, а логото може да се види и на еден надворешен ѕид на училиштето. Двете логоа придонесуваат за подобра идентификација со иницијативата „Училишта: партнери на иднината“ и се добро видливи за јавноста.

Покрај тоа, активисти од Први Скопски Извиднишки Одред им доближија еколошки теми на околу 180 ученици од трите училишта. Под мотото „биди атрАКТИВЕН“ извидниците ги прикажаа последиците од човековото дејствување врз животната средина, и тоа посебно во областа на пластиката. Со тоа учениците се мотивираа и самите да се активираат во нејзина заштита.

први скопски извиднишки одред © Goethe-Institut Skopje

Во рамки на работилниците, учесниците во мали групи, со големи вреќи ги собраа сите отпадоци и ѓубре од дворот. Резултатот беше огромен: во секое училиште беа собрани над 8 полни вреќи за ѓубре!

Учесниците, исто така, направија градина во шише. За засадување растенија во стаклениот сад, учениците избраа растенија од училишниот двор, како и камења за декорација. Овие нови декоративни предмети сега се изложени во домовите или училиштата и претставуваат радост за посетителите, а истовремено ги поттикнуваат да размислуваат за одржливиот развој.

Градина во шише © Goethe-Institut Skopje

Дека овој проект беше добар начин учениците да се мотивираат за заштита на животната средина, покажува и завршниот коментар на една ученичка од Охрид; „Никогаш не помислував дека темата „екологија“ може да биде толку интересна. Ми причинуваше огромно задоволство да се занимавам со оваа тема и на крај да го видам резултатот. Едвај чекам да ги видам растенијата во цвет“.

Целта на овој мал проект беше да се зголеми свеста за заштита на животната средина и одговорноста за сопствените дејствија.