Летен камп во Охрид

Од 22-ри до 29-ти јуни Гете-институт Скопје организира летен камп во Охрид, на кој ќе учествуваат 60 учесници од партнерските училиштата во Македонија, Албанија и Косово кои се поддржани од Гете-институт. Главни компоненти на летниот камп се театарот и германскиот јазик.

Во текот на заедничката проектна недела во јуни ќе се оддржи театарска работилница, на која учесниците со поддршка од искусни театарски педагози, ќе подготвуваат сцени од „Момо“ од Михаел Енде и ќе подготвуваат претстава. На работилницата учесниците ќе ги вежбаат деловите од делото и ќе ги спојуваат во сцени, и на тој начин ќе подготвуваат претстава која на крај на кампот ќе се претстави пред пошироката јавност. Во рамките на летниот камп учесниците ќе ги подобруваат своите јазични и креативни вештини. Покрај работилницата, за учесниците е подготвена богата културна програма и активности во слободното време. На овој начин младите можат подобро да се поврзат едни со други, да разменуваат идеи и да ги подобрат своите јазични вештини.  

Кулминаијата на летниот камп е завршната претстава, на која учениците ќе го презентираат делото кое го подготвиле на работилницата и на тој начин  ќе го привлечат вниманието на публиката кон гермаснкиот јазик и култура.

Целта на кампот е, покрај проектната работа да се подобрат познавањата на германскиот јазик на учесниците како и да се овозможи интеркултурна размена.