Регионална PASCH - работилница за ученици на тема: „Лажни вести и манипулација“


Во време на лажни вести, обвинувања за медиумски лаги и формирање на мислење преку алгоритми, информативната писменост станува сè поважна. Особено младите треба да да се оспособат самите да ги оценат информациите за да формираат сопствено и независно мислење.


Сè е ЛАГА? - Информативна писменост во дигиталната ера

Интернетот е одличен медиум за информирање. Но, сè почесто лажни извештаи, манипулирани слики или алгоритми за филтрирање го негираат овој факт. Ако не внимавате, брзо може да застраните и да „паднете во рацете“ на популисти или теоретичари на заговор. Затоа, мислиме: време е за поголема информативна писменост - во дигиталната ера! 

Семинарот „Сè е ЛАГА?“ ги подготвува младите секојдневно да се бранат од лажни вести. Во практични примери тие се запознаваат со стратегиите на фалсификаторите и стануваат сведоци на медиумска манипулација во форма на слики и видеа. Многуте совети и трикови помагаат секојдневно да се идентификуваат лажните вести и интернетот да се користи компетентно за на училиште и во професијата.
 
Времетраење: 8 дена
Датум: од 22 март (понедлник) - 31 март 2021 година (четврток), 2-3 наставни единици на ден. Работилницата се одржува во попладневните часови и затоа учеството е можно и покрај задолжителните училишни обврски. За време на викендот, учесниците се ослободени од активности во работилницата.
Место: Мудл и Зум (Moodle и ZOOM)
Број на учесници: отприлика 25 PASCH - ученици од Југоисточна Европа
Услови за учество: PASCH - ученици на возраст од 12-15 години кои се заинтересирани за темата „лажни вести“ и имаат јазично познавање од најмалку А2 ниво.