Конференција на животните 2.0 –Глас за иднината
Гете-институт Скопје ги поканува учениците од PASCH-училиштата да бидат креативни и да ги покажат своите идеи за подобра иднина. Замислете дека животните се собираат на голема конференција во 2026 година и зборуваат за светот, луѓето и иднината на децата. Најдобрите трудови ќе освојат учество во PASCH-театарскиот камп со финална претстава пред јавноста.
Конкурс
Драги ученици,
Гете-институт Скопје ве поканува да учествувате на големиот PASCH-креативен натпревар:
„Конференција на животните 2.0 – Гласови за иднината“
Бидете креативни, покажете ги вашите идеи и фантазија за подобра иднина – и доживејте го врвот на натпреварот: учество во PASCH-театарскиот камп со последователна јавна претстава на вашето дело!За што се работи?
Замислете:
Во 2026 година животните се собираат на голема конференција. Тие се загрижени за Земјата, за луѓето и посебно за децата.
• Кои проблеми ги гледаат во Северна Македонија или во светот?
• Што би им кажале животните на луѓето?
• Каква би била иднината ако децата и животните заедно носат одлуки?
На вашата фантазија ѝ нема граници:
• Пронајдете нови животни или супер-херои меѓу животните• Поставете ги познатите животни во нови улоги
• Или создадете своја, сосема уникатна и кул идеја
Кој може да учествува и како?
• Ученици од 6.–9. одделение со познавање германски јазик од А1+
• Може да учествувате сами или во тим (макс. 3 лица)
• Трудовите можат да бидат поднесени дигитално или аналогно
Што може да испратите?
Сè што е креативно! На пример:• Театар и сцена – кратки сцени, дијалози, мини-изведби
• Филм и видео – кратко видео (1–2 минути), мини-документарец, вести од животни
• Слика и уметност – цртежи, фотографии, колажи, стрипови, дигитална уметност (со кратко објаснување на германски, макс. 1 страница)
• Пишување и раскажување – приказна, поезија, дневник на животно, говор на конференцијата
• Пораки за светот – подкаст, аудио-драма, интервјуа, плакати
Или ваша сопствена, креативна идеја!
Краен рок за испраќање: 20.04.2026
Испраќање на:
bkd-skopje@goethe.de
stephan.reischl@ikmw-berlin.de
Што може да освоите?
Најкреативните апликации избрани од PASCH-жири и ќе бидат претставени во PASCH-училишта и во Гете-институт Скопје.
А најдоброто:
Победниците ќе бидат поканети на PASCH-театарскиот камп во лето! Таму заедно ќе го развиеме театарското дело „Конференција на животните 2.0 – Гласови за иднината“ и ќе го прикажеме пред публика!Со нетрпение очекуваме вашите „Гласови за иднината“!
Животните – и светот – чекаат на вашите идеи.
Бидете храбри, гласни и креативни!