Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Комбинирано учење (Blended Learning)

Учење германски заедно со други – еднаш неделно групна настава, дополнета со индивидуално учење

Изберете курс
  • 50% во училница на институт
  • 50% самостојно учење на платформа за учење
  • Размена на искуства со наставникот и групата

Илустрација: училница, млад човек седи на маса, на масата стојат лаптоп и шолја.

Нашата понуда за курсеви

Стандард за комбинирано учење

  • Комбинација од средби со физичко присуство и работа на платформа
  • 2 фиксни термини неделно во Институт
  • 50 % самостојно учење на платформа

Комбинирано учење - интензивно

  • 5 пати неделно во Гете-институт
  • 50% во Институт
  • 50% самостојно учење на платформа

Ефективен како курсот со присуство

Курс по германски јазик со онлајн дел е идеална понуда доколку сакате брзо да научите германски. Не сакате често да доаѓате на курс со физичко присуство, но исто така не сакате да учите исклучиво онлајн. Дополнително, уживате да работите на компјутер и имате пристап до интернет.

Нашите курсеви по германски јазик со онлајн дел го комбинираат најдоброто од двете: интензивни средби со физичко присуство и флексибилно онлајн учење по германски јазик кои меѓусебно се надополнуваат. На тој начин постигнувате најголем напредок во учењето за најкратко време. Бидејќи сакате да учите самостојно и ги извршувате вашите задачи одговорно, особено ќе имате корист од оваа комбинација. Ние нудиме курсеви по германски јазик со онлајн дел веќе од нивото А1.

Тоа функционира вака:

Платформа за учење
Вашиот онлајн групен курс по германски јазик е поделен на различни поглавја, кои се посветени на секојдневни и актуелни теми и нудат соодветен вокабулар и граматика. Ќе учите со разновидни онлајн-вежби, како видеа, слики, аудио-снимки, текстови за читање и текстови со празнини — самостојно и во група. Важни прегледи за различните теми од онлајн курсот по германски јазик се достапни и за симнување.
 
Поддршка од наставникот/наставничката
Подолгите задачи за пишување ги испраќате по мејл до Вашиот професор/професорка и ги добивате коригирани назад со детален фидбек. Доколку имате прашања, можете да стапите во контакт со членовите на вашата онлајн-група преку форумот или да се обратите по мејл до Вашиот професор/професорка.
 
Настава со физичко присуство во Институтот
Ќе имате средби со Вашиот професор/професорка и со другите учесници во Институтот. Таму ќе го вежбате усното изразување на германски јазик.

Група и ученици на лаптоп

Goethe-Institut Skopje

Предуслови

  • Да работите со задоволство на компјутер и да имате пристап до интернет.
  • Да имате најмалку два часа неделно време за учење онлајн.
  • Да учите со задоволство самсотојно и одговорно да ги обработувате задачите.

Имате ли уште прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме:

Имате ли уште прашања?

Со задоволство ќе Ве советуваме: