Флексибилно учење со чувство на припадност во групата
Со тест за утврдување на нивото ќе дознаеме какви предзнаења имате. Заедно со Вас ќе ги поставиме целите на учењето и ќе го избереме курсот што најмногу Ви одговара.
-
Ниво
А1.1-Ц1.3 -
Почеток
Крај на јануари/почеток на февруари; крај на март/почеток на април; крај на мај/почеток на јуни; почеток на септември; крај на октомври/почеток на ноември -
Траење
7-8 недели -
наставни часови неделно
2 средби неделно во виртуелната училна, со вкупно 4 наставни часа од по 45 минути, како и индивидуална работа на платформата. -
Учесници
максимум 16 -
пристап до платформата за учење
За времетраење на курсот и три недели по завршување на курсот -
Цена
14.000 МКД од курс (А1.1-Б1.3); 15.000 МКД од курс (Б2.1-Ц1.3)
Тоа функционира вака
Во текот на курсот доаѓате двапати неделно во неделата на виртуелни сесии во живо (понеделник и среда или втроник и четврток)
Ќе дискутирате за содржините на курсот и граматиката и ќе зборувате многу на германски со другите учесници и учеснички на курсот.
Ќе учите во група со помеѓу 6 и 16 учесници и заеднички ќе се подготвувате за наредната онлајн-фаза.
Онлајн-наставни единици
Помеѓу виртуелните сесии со присуство ќе учите со онлајн-наставните единици на интерактивната платформа за учење на Гете-институтот. Времето и местото на учење го одредувате индивидуално и флексибилно.
Со помош на професионални, мултимедијални материјали за вежбање и модерна методика на учење го тренирате читањето, пишувањето и слушањето на германски јазик. Вежбите
можете да ги повторувате колку сакате.
Ќе учите со индивидуални и групни задачи. Со другите учесници и учеснички на курсот ќе разменувате искуства лично и интерактивно преку чат и форуми.
Од Вашиот наставник / наставничка по германски јазик ќе добивате задачи и редовен фидбек за Вашиот напредок во учењето.
Индивидуално ќе се подготвите за следната виртуелна средба со присуство.
Често поставувани прашања
Сѐ уште не го најдовте токму тоа што го барате?
Ние сигурно го имаме вистинскиот курс за Вас.
Имате ли уште прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме:
Имате ли уште прашања?
Со задоволство ќе Ве советуваме: