Курсеви по германски јазик во Северна Македонија
А1-C2

Language students Photo: Goethe-Institut / Sonja Tobias

#onlinestattcorona
курсеви по германски јазик

Продолжете да учите германски јазик- онлајн. Нашите курсеви со присуство во моментов ги прилагодувме во онлајн-формат. Секој слушател ќе биде лично известен. За прашања, Ве молиме обратете се на:
info-skopje@goethe.de

Онлајн курсеви

Гете-институт нуди исклучиво сопствени онлајн-курсеви и во принцип не соработува со трети лица кои нудат курсеви, иако нивниот назив понекогаш укажува на Гете-институт.

Курсеви по германски јазик за возрасни

Тука се работи за општи јазични курсеви на нивоата А1-Ц2 за возрасни слушатели. Целите на учење и содржините се определуваат според Заедничката европска референтна рамка (ЗЕРР).

Курсеви по германски јазик за деца и младинци

Овие курсеви се наменети за млади слушатели помеѓу 5 и 16 години. Може да се запишат ученици со предзнаења или почетници.

Курсеви за подготовка за испит

Целта на овие курсеви е подготовка за централните испити на Гете-институт и нудат упатство за форматот на испитите.

Специјални курсеви

Курсеви со акцент на особени теми, за посебни целни групи или за вежбање одредени вештини:

Blended Learning курсеви

На овие курсеви ќе обработувате онлајн-наставни содржини и ќе присуствувате на групна настава во Гете-институтот. BLENDED LEARNING е идеална понуда за сите оние кои сакаат брзо да учат, но имаат малку време за посетување групни курсеви. Исто така, овој тип курсеви е добро приспособен за сите оние што живеат далеку од локацијата на институтот.

Информации

Термини и цени

Сите термини за курсеви во Северна Македонија

Контакт и уписи

Се интересирате за некојод нашите курсеви по германски јазик или Ви се потребни дополнителни информации? Со задоволство ќе Ви помогнеме.

Нашите курсеви

Сакате да учите германски јазик и важно Ви е курсот да го усогласите на Вашите лични потреби? Учете како што сакате Вие и постигнете ја Вашата цел!