Контакт и уписи

Контакт Слика: Гете-Институт/Гордана Бабоска

Советување и пријавување

Се интересирате за нашите курсеви по германски јазик или Ви се потребни дополнителни информации? Со задоволство Ве очекуваме во нашиот секретаријат за јазични курсеви и лично да се консултирате.

понеделник и среда: 09:00–13:00 часот
вторник и четврток: 14:00–16:00 часот

Утврдување на нивото на познавање на германскиот јазик
Понеделник: 13:00–15:00 часот
Ве молиме пријавете се на:
Тел. +389 2 3121 604
На курсевите по германски јазик може да се запишете така што ќе дојдете лично на Гете-институтот во Скопје.  Ве молиме да обрнете внимание на фактот дека вашата апликација за учество на курсот ќе биде валидна само откако ќе биде извршено плаќањето. Пред тоа, за жал, немате право на место во одбраниот курс.

Упис без определување на нивото на познавање на германскиот јазик
На курскот по германски јазик можете да се запишете директно, без утврдување на нивото на знаење
  • доколку немате претходно знаење и се запишувате во почетен степен
  • доколку кај нас непосредно сте посетувале курс по германски јазик и за истиот имате положено завршен тест, според кој утврдуваме кое е вашето ниво на знаење.
Упис после утврдување на нивото на знаење
Врз основа на писмен тест и разговор се утврдува какво предзнаење имате, и според тоа можеме да ви помогне да одберете соодветен курс. По утврдувањето на нивото ќе може директно да се запишете во Секретаријатот за курсеви.

Тестот за одредување на нивото на знаење е бесплатен и може да се полага секој понеделник од 13:00 до 15:00 часот со претходно пријавување (Тел. +389 2 3121 604)
Курсеви Цена
сите стандардни курсеви  (А1-Б1+)
60 НЧ
(возрасни и детски)
12.000, - МКД *
(Во цената е вклучено првичното тестирање и материјалот кој што се користи како дополнување на учебниците)
сите стандардни курсеви
(Б2 - Ц1)
66 НЧ
(возрасни и детски)
12.900, - МКД *
(Во цената е вклучено првичното тестирање и материјалот кој што се користи како дополнување на учебниците)
Подготвителни курсеви за
полагање испити со пробен испит
4НЧ
1.200, - МКД (А1, А2)
1.800, - МКД (Б1, Б2, Ц1)
(Во цената е вклучен материјалот)
Индивидуален наставен час (45 мин.) 1.200, -МКД
(Во цената е вклучено првичното тестирање и материјалот кој што се користи како дополнување на учебниците)
brp>* Оваа цена не ја вклучува цената на учебниците.
Доколку се откажете од курсот до последниот работен ден пред почетокот на курсот, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
1. Општи услови за работа
Гете-институтот Скопје нуди курсеви за возрасни кои имаат најмалку 16 години, за младинци 13-18 години и деца 5-12 години.

2. Услови за плаќање
При уписот се уплаќа целата сума.
Цената на курсевите опфаќа:
  • Настава
  • Дополнителни материјали
  • Потврда за посетување на курсот, доколку пристуството е на повеќе од 70% од часовите
  • Користење на библиотеката согласно правилата на библиотеката. 
Испити и книгите не се вклучени во цената.
Менување на курсот е возможно во разговор со Секретаријатот за курсеви и испити.
 
3. Цени
3.1. Важечка е цената, кој што била при запишувањето на курсот.
3.2. Сите банкарски трошоци во врска со плаќањето на цената на курсот се на товар на  кандидатот.

4. Повлекување
Доколку учесникот е спречен да учествува на курсот, се применуваат следниве услови:
4.1. Повлекувањето мора да биде доставено во писмена форма до Секретаријатот за курсеви и испити на Гете-институтот Скопје. Доколку се откажете од курсот до последниот работен ден пред почетокот на курсот, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
По започнувањето на курсот не е можно да се вратат средствата освен во случај на сериозна причина, како на пр. болест. Во овој случај, може да се врати уплатената сума за курсот, намалена за 20% за административни трошоци. Средствата може да се вратат само со приложена оригиналната потврда за плаќање на курсот.
 4.2. Во случај на анулирање на курсот од страна на Гете-институт целосната цена на курсот ќе биде вратена.

5. Определување на ниво / Број на учесници
5.1. Определување на нивото е врз основа на резултатите од тестот за определување на ниво и разговор.
5.2. Нашите курсеви имаат најмалку 8 и најмногу 16 учесници. Ако на почетокот на курсот, се пријавиле недоволен бројот на учесници за тој курс, ние го задржуваме правото да го откажеме овој курс или да го смениме терминот за почнување на тој курс.

6. Обврски на учесникот / учесниците на курсот
Учесникот е должен да го почитува важечкиот курсен и куќен ред. Во случај на прекршување на курснот и куќниот ред, учесникот може да биде исклучен од учество на курсот. Право на враќање на средствата, во овој случај не е возможно.

7. Одговорност на Гете-институт / виша сила
Одговорноста на Гете-институт и неговиот персонал е ограничена само на намерно и крајно невнимание. Гете-институтот не одговара за откажувањето на своите услуги
поради виша сила (на пример, природни катастрофи, оган, официјални наредби и сите други околности кои се надвор од негова контрола).

8. Заштита на податоци
Учесникот се согласува Гете-институтот електронски да ги евидентираат и обработи неговите лични податоци поради правилно спроведување на пријавите за упис, процедурите за пресметки и докажувањето на успехот на курсевите.