BLENDED LEARNING е идеална понуда доколку сакате брзо да научите германски. Вие не сакате често да доаѓате на курсеви, но исто така не сакате да учите исклучиво на интернет.
Затоа нашите BLENDED LEARNING курсеви го комбинираат „најдоброто од двата света“: интензивните предавања на кои треба да присуствувате и флексибилното онлајн-учење германски меѓусебно се надополнуваат. На овој начин можете да постигнете најголем можен напредок во учењето во најкус можен рок. Ние нудиме комбинирани курсеви (Blended Learning) уште од А1 ниво.
-7,5 недели за еден степен
- 60 наставни единици, комбинација од онлајн состаноци, каде што можете да разменувате идеи со партнерите на курсот, како и со Вашиот тутор и наставни единици на платформата за учење.
- во текот на целиот курс ќе имате лично менторство од тутор по германски јазик.
НАСТАВА со присуство
- Во текот на курсот доаѓате во Гете-институт само еднаш неделно (вторник или четврток) или на секои две недели во недела.
- Ќе дискутирате за содржините на курсот и граматиката и ќе зборувате многу на германски со останатите учеснички и учесници на курсот.
- Ќе учите во група од 8 до 18 учесници и заедно ќе се подготвувате за следната онлајн-фаза.
ОНЛАЈН – НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ
- Помеѓу средбите со групата ќе ги изучувате онлајн-наставните единици на интерактивната платформа на Гете-институтот. Времето и местото на учење ги одредувате Вие, индивидуално и флексибилно.
- Со помош на професионални, мултимедијални материјали за вежбање и најсовремени методи на учење, ќе вежбате читање, пишување и слушање на германскиот јазик. Вежбите можете да ги повторувате толку често колку што сакате.
- Ќе учите преку индивидуални и групни задачи. Можете да разменувате мислења со другите учесници на курсот лично или интерактивно преку чет и форуми.
- Од вашиот наставник или наставничка по германски јазик ќе добивате нови задачи и редовен фидбек за вашиот напредок во учењето. Ќе се подготвувате индивидуално за следната средба со групата.
- Сакате да работите на компјутер и имате пристап до интернет.
- Имате време најмалку два часа неделно за онлајн-учење.
- Сакате да учите самостојно и одговорно ги обработувате задачите.
- Имате добро познавање на англискиот јазик. (Јазикот за поддршка на платформата за учење е англиски.)