Ања Фидлер
Градот те заситува – ожнеј го градот

  • Stadt macht satt - bepflanzte Tetrapaks © Uve Haußig/ Anja Fiedler
  • Apfel Jahreskreis © Anja Fiedler
  • Ernten von Tannenspitzen © Uve Haußig
  • Sackgärten © Anja Fiedler
  • Inszeniertes Essen © Uve Haußig
  • Gutes Stadtleben © Uve Haußig
  • Inszeniertes Essen in der Gemäldegalerie © Uve Haußig

СО ХРАНАТА КРЕИРАЈ ЈА ИДНИНАТА

Пред влезната врата на секој граѓанин се наоѓа богатство од прехранбени производи и неискористени ресурси: неискористени деликатеси од природата (овошки, диви растенија, бобинки, мед), изобилство на сè уште употребливи сортирани прехранбени производи, коишто секојдневно масовно завршуваат во ѓубре. Потпрозорски штици, балкони, дворови, паркови, коишто со помош на градски градинари можат да се претворат во мини-градини. 

Урбаната природа, градското изобилство и градските градинари се трите основни столба на мојата иницијатива „Градот те заситува“, со којашто нашите градови и храната јас ги гледам и замислувам на еден нов начин. Сакам да Ви го доближам тоа како луѓето во градот можат трајно да стопанисуваат и да тргуваат. Со моите таканаречени „Градот те заситува“-очила го правам видливо ова упропастено богатство и покажувам што можеме да сториме ние самите во нашето градско секојдневие за подобра иднина. 

И тоа сосема едноставно: врз примерот на едно јаболко објаснувам како функционира индустриската, глобална економија, ја правам опиплива разновидноста на видовите, анимирам за здрава исхрана и покажувам како би можело во иднина снабдувањето на градовите да се уредува поинаку и потрајно. 

Во меѓувреме под капата на иницијативата „Градот те заситува“ произлегоа многу различни нови проекти, акции и уметнички инсталации:

така, постојат градски детски готвачи, кои ги снабдуваат своите училишта со креативно готвење со остатоци од храна, градски градинари, коишто со градини на прозорците, дрвја од салати и кули од зеленчук садат растенија на најтесниот простор и со училиштата со градски дрвја* ги насадуваат нашите станови, паркови и градови и мислат поинаку. Колку е важно градското зеленило и од социјални причини, покажува проектот „Градски корисни растенија – градина на ограда“, во којшто озеленивме една градежна ограда. За самоснабдувањето, веќе стекнатото знаење, климатските промени и глобалното производство на прехранбени производи станува збор во проектот богатство од јаболка. Годишно спасувам тони јаболка и придонесувам за тоа граѓаните со месеци сами да се снабдуваат со нив. Се здружив со тинејџерите - и тоа беше еден екстремен „предизвик“! – три недели „по трагите на храната“. Ние одлучивме целото тоа време да живееме само од тоа што би можеле да го најдеме. Исто така, и за мене длабоко искуство. Со моите инсценирани јадења или изложби за јадење, покрај за одржување на рокот на храната, станува збор и за одржувањето на културата на јадење ширум светот, како и за богатството од знаење. Мојот проект „Skinfood“, во којшто остатоците од прехранбените производи ги претворам во козметика, исто така, се надоврзува на веќе стекнатото знаење. Овде се работи, пред сè, за штетни материи и самоопределување. 

„Задачата на уметноста се состои во тоа да отвори врати онаму каде што никој не ги гледа“. Петер Вајбел

Јас мојата работа ја нарекувам „Уметност во акција“ или „Социјални скулптури“, потпирајќи се на Јозеф Бојс, кој со својата уметност сакаше да ги поттикне луѓето активно да учестуваат во креирањето на општеството. Сеедно е дали работам со деца од градинка, со претприемачи или станари од некое соседство: мене ми е важно најразлични луѓе да разговараат еден со друг на одредена тема и од нивните различни перспективи да произлезат прашања кај нив. Зависно од кругот на учесниците, одговорите може да доведат до сосема разновидни теми: разновидност на видовите, подобро искористување на ресурсите, економија, равој на градовите, постразвојно општество, климатски промени и многу други. Најчесто од конкретното доживување, сопствените прашања и заедничкиот разговор во своето опкружување произлегуваат трајни промени. 

Од прашањата се развиваат дијалози, сопствени идеи и на крајот често пати конкретно дејствување од страна на учесниците, коишто на тој начин го менуваат своето секојдневие и својата околина. 

Идејата за „Градот те заситува“ произлезе во 2010 година, кога од страна на иницијативата „ЗА УМЕТНОСТА НА ЖИВОТОТ. Училиште“ бев поканета заедно со 17 други уметници да развијам еден училиштен проект на прашањето „Што е добриот живот во еколошката криза?“ Оттаму произлезе првиот проект со ученички фирми Гипс-кафе. 

Во меѓувреме веќе одамна не водам проекти само на училиштата и детските градинки, туку смеам своите идеи и искуства да ги споделувам и на предавања, обуки за наставници, уметнички акции. Бев поканета и во други земји да ја откријам историјата на прехранбените производи и неискористените градски потенцијали, како на пример, во мојата акција „Кисела зелка“ во Тајван. Секој пат претставува возбудлив процес на децата и возрасните да им се доближи вкусот за добра храна, којшто ни е и нам вкусен, но така да се каже и на нашата животна средина. Причинува радост да се прошират овие откритија, да се отворат можности нашите станови, паркови и градови одново да се замислат и да се насадат. 

Во мојата уметничка акција „За среќа има нешто за јадење“ со моите гости истражував кога храната нè прави среќни. И по толку години од мојот проект смеам да кажам: ние граѓаните не можеме самите да се снабдиме со сето она што ни е потребно, но онаму каде што совесно се готви, се жнее и се насадува, виреат и нови социјални, еколошки и економски идеи. И така, автоматски стануваат позелени не само нашите градови, туку и нашето дејствување.

Доколку и Вие во Вашето училиште, соседство или фирма сакате да направите нешто добро со храната за Вас и за иднината, се радувам доколку „Градот те заситува“ би можел да Ве инспирира и самите да станете активни.
„Градот те заситува“ беше одликуван од страна на УНЕСКО во 2012/2013 и од страна на фондацијата Цајт во 2014 како проект за пример за тоа како на децата и возрасните да им се посредува трајно мислење и дејствување.

Stadt macht satt - Logo © Anja Fiedler  


„Градот те заситува“ беше одликуван од страна на УНЕСКО во 2012/2013 и од страна на фондацијата Цајт во 2014 како проект за пример за тоа како на децата и возрасните да им се посредува трајно мислење и дејствување.
 

ЗА АВТОРКАТА

Anja Fiedler © Lidia Tirri Ања Фидлер е уметница, културен менаџер и социјален претприемач.
 
Таа својата работа ја лоцира во интерфејсот на уметноста, општеството и економијата. Нејзината страст е да собере најразлични луѓе во проекти со цел да се создадат нови перспективи, идеи и синергии. Таа особено се занимава со идеи за еден различен пристап кон ресурсите, нови форми на економијата и работењето, како и концепти за заедничко добро и образование.