„Фит“ за на час Пронаоѓање соодветна обука

Да бидеш надвор од училницата, самиот да учиш и да добиваш нови импулси за сопствената настава. Наставниците ширум светот со нетрпение го очекуваат овој период на обуки. Но, со оглед на големата и богата понуда, изборот на соодветна обука не е сосема лесен.

Пронаоѓање соодветна обука За време на обуките, наставниците стануваат ученици и тоа им помага да ги доразвијат своите наставни способности. | © Гете-институт/ Мартин Велкер Да се остане на актуелниот развој на предметот и неговата методологија во текот на целиот живот би требало да биде важен мотив за дообучување, вели педагогот проф. Френк Липовски во едно интервју. Покрај тоа, наставниците сакаат да се справат со променетите услови на наставата по германски јазик, новите наставни планови и испити, како и промените во однесувањето на учениците. Наставниците по германски јазик, кои на обуки доаѓаат од странство, особено се радуваат на можноста да ги доживеат од една друга перспектива германските земји, нивниот јазик и култура. Но, како да се пронајде соодветната обука лично за себе?

ПРОЦЕНКА НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ И ДЕФИНИРАЊЕ ЦЕЛИ

Ако не сте сигурни во врска со ова, обидете се сами да ги оцените вашите наставни компетенции користејќи ја европската профилна мрежа за наставници по јазик. Инструментот ви нуди описи во различни области на компетентност. На овој начин, можете да го креирате профилот на лична компетенција и со тоа да одредите кои компетенции сакате да ги доразвивате.

Пронаоѓање соодветна обука Кога ги оценувате вашите компетенции, исто така, може да ги прашате и Вашите колеги за помош. | © Woodapple © Adobe Stock Или пак, замолете еден колега или некој од педагошката служба да Ви даде повратни информации за вашите часови или, најмногу од сè, за еден аспект од Вашето учење за кое сметате дека има потреба од развој, како што е на пример, клучното прашање: Колку ефикасно ги користам дигиталните медиуми при презентација на содржините за учење? Дајте активен придонес во обуката со тоа што ќе ги дефинирате Вашите специфични цели за обука и ќе утврдите: Какво знаење сакате да стекнете? Што би сакале подобро да знаете по обуката? Кои од вашите лични ставови би сакале да ги проверите?

ПРОВЕРЕТЕ ЈА СОДРЖИНАТА И ЦЕЛИТЕ НА ПОНУДИТЕ

Ако ја знаете Вашата почетна точка, погледнете ги можните понуди за обуки. Прочитајте го внимателно описот на содржината и, пред сè, целите за учење на секоја понуда. Обидете се да оцените дали соодветната обука ви нуди можност да се доразвивате на сите три нивоа на компетентност (знаење, способност, став).

ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА КОНЦЕПТОТ НА ОБУКАТА

Понудувачите на обуки обично објавуваат информации на своите веб-страници за концептот и структурата на нивната обука и за начинот на кој учесниците ги постигнуваат своите цели. Оваа транспарентност е важна карактеристика за квалитет: таа ви овозможува однапред да ги процените активностите и работните практики што ќе ги користат понудувачите за да ги постигнат своите цели за обука:

  • Дали ќе ги слушате предавањата и ќе ги прочитате актуелните стручни текстови? Дали ќе им пристапите на Вашите прашања од праксата и ќе ги одговорите во контакт со експерти?
  • Дали градот во кој се одвива обуката или институцијата што ја нуди ќе биде „искуствено место“ кое активно може да го истражувате и да остварите вистински контакти?
  • Дали на обуката ѝ претходи онлајн-фаза, во која може да решавате задачи од дома и во текот на работата?
  • Дали учебниот материјал Ви е веќе достапен? Дали е актуелен, разновиден, мотивирачки?
  • Дали постојат можности за рефлексија, дискусија и примена на наученото?
Пронаоѓање соодветна обука Континуираното образование нуди можност да се запознаат и да пробаат нови форми на групна работа. | © Contrastwerkstatt © Adobe Stock Пребарувањето на интернет не ги разјаснува сите овие прашања. Но, подоцна, кога ќе ја добиете програмата од обуката, треба да добиете одговори на Вашите прашања.

АНАЛИЗА НА РЕЛЕВАНТНОСТА НА ОБУКАТА ЗА ПРАКСА

Добрaта обука е одредена директно од наставата. Ова може да се направи, на пример, со помош на симулација: една група учесници симулираат наставна ситуација, другите набљудуваат и потоа коментираат. Или, можете да го изведите тоа и со видеоисечок, во кој ќе анализирате одредени аспекти на часот со помош на прашалник за набљудување и ќе дискутирате за тоа со Вашите колеги.

Пример-задача за набљудување за наставата

Особено илустративна е наставата, кога учесниците презентираат сопствени видеа од својата настава: На пример, една наставничка може да биде снимена од страна на колешка како формулира работни упатства за група ученици на ниво А1 на германски јазик. Друга наставничка покажува како таа работи со едукативни постери.

ИСПРОБУВАЊЕ ПОТТИК ЗА ОБУКА НА ЧАСОВИТЕ

Дали и самите сте увиделе дека кратката, еднократна обука ретко води кон промени во вашите сопствени часови? Ова ќе ги потврди сознанијата на проф. Липовски. Тој препорачува обуки што се протегаат низ подолг временски период: така може да се работи поинтензивно и ефектите од променетото однесување на наставникот врз учениците стануваат сè повидливи.

Освен времетраењето на една обука, одлучувачки фактор е нивното структурирање по фази: Ефективни се мерките во кои Вие, како учесник, се охрабрувате да пробате или да промените нешто ново на Вашите часови. По ваквата фаза на испробување, треба да имате можност повторно да разговарате со своите колеги за овие искуства. Оваа новост може да биде материјал за учење, добро функционална форма на работа како што е групната работа или, пак, начинот на давање повратни информации. За време на овие обуки, кои се одвиваат во форма на циклус, учесниците веќе работат на тоа како да ги применат новите идеи во сопствената настава за време на семинарот. По практичната проба во пракса, во последователната онлајн-фаза следува презентација и разговор околу наодите.

Тренинг или колегијално советување од страна на колегите ќе бидат дополнителни можности да се дополни фазата на обука и со тоа да се зголеми нејзината ефикасност.

Наш совет: Врз основа на наведените критериуми, креирајте чек-листа за Вашата следна обука и дополнете ја со свои критериуми. Со оваа листа е полесно да изберете соодветна обука за Вас.