Експерименти во наставата по германски како странски јазик Зошто лета балонот со жежок воздух?

Како лета балон со жежок воздух? / Со ова прашање може да се занимаваат и учениците во наставата по германски како странски јазик.
Исечок: SE Viera Photo © Adobe Stock

Природнонаучните експерименти носат живост во наставата по германски како странски јазик. Ги прават учениците љубопитни и го поттикнуваат нивниот истражувачки дух. На тој начин учениците можат да експериментираат на Вашата настава, без притоа да се скратат содржините од наставната програма.

На патот од учењето кон разбирањето се наоѓаат личното спознавање и доживување. Учениците постигнуваат когнитивен успех преку откривање и разбирање едноставни природнонаучни или технички соодноси. Овие соодноси може да се визуелизираат и во наставата по германски јазик преку едноставни експерименти, а позитивните искуства од учењето ги мотивираат учениците да ги искажуваат своите сознанија и на странски јазик. Тоа ја збогатува наставата по германски јазик.

ЦЕЛНА ГРУПА ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК

Наставниците може да спроведуваат природнонаучни експерименти во наставата почнувајќи од А2 ниво. Притоа не е важно дали учениците се деца, младинци или возрасни. Важно е учениците да се во состојба умствено да ги сфатат природнонаучните соодноси, дури и (сè уште) да не се во состојба да ги објаснат на германски јазик. Нивната вербална/или невербална реакција им дава на наставниците повратна информација дали тие ги разбрале упатствата на германски јазик и техничките содржини.

ИЗБОР НА ЕКСПЕРИМЕНТИ

Наставниците, доколку е можно, треба да ги избегнуваат демонстративните експерименти во наставата по германски јазик. Тие треба да избираат експерименти што учениците може да ги спроведуваат во мали групи. Групната работа ги поттикнува учениците да разговараат за истражувањето, за идеите за решавање, за експериментот и резултатите. Со почетници во изучувањето на јазикот, тоа сè уште делумно ќе се одвива на мајчиниот јазик. Но, наставникот има можност да им се обрати на групите поединечно на германски јазик и на тој начин индивидуално да ги поддржи.

Експериментот со чаши што пеат може лесно да се изведе во мали групи. Експериментот со чаши што пеат може лесно да се изведе во мали групи. | © Гете-институт Тежинското ниво и неопходните материјали се важни критериуми за избор на експерименти. Експериментите секогаш треба да бидат едноставни и важно е тие да може да се изведуваат со користење домашни или барем со евтини материјали.

Покрај тоа, при изборот, наставниците мора да внимаваат кои природнонаучни или технички прашања може да се договорат со експериментот и како тоа се вклопува во темата на часот.
 

ТИПИЧНИ ТЕМИ НА ЧАСОВИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
   ПРИМЕРИ НА ИСТРАЖУВАЧКИ ПРАШАЊА
Патување
 
Зошто лета балонот на жежок воздук? Како лета ракетата?
Годишни времиња и празници
 
Зошто езерото се замрзнува одозгора надолу? Зошто ротира Божиќната пирамида?
Време и околина
 
Зошто кога има невреме, не смееме да се капеме? Што е ефект на стаклена градина?
Ориентација
 
Кога има полна месечина? Како да се ориентираме на море?

ПРИМЕНА НА ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ ВО НАСТАВАТА


Вака треба да се примени експеримент во наставата Вака треба да се примени експеримент во наставата | © ScienceLab Најважно е да се создаде врска со животната средина на учениците. Во зависност од возраста и степенот на развој, може да се очекуваат различни научни и технички предзнаења. Наставниците треба да користат теми согласно наставната програма, како основа врз која ќе формира воведна ситуација која, пак, ќе го пробуди интересот на учениците. Тоа може да биде набљудување, измислена или вистинита приказна, фотографија, филм, предмет или личност.

Од оваа воведна ситуација произлегува истражувачкото прашање. Ова истражувачко прашање го претставува централниот предмет на истражување. Учениците развиваат идеи за тоа како може да одговорат на ова истражувачко прашање. За оваа цел, во зависност од јазичното ниво, наставниците може да понудат разни алтернативи во смисла на „скаффолдинг“ (поддршка преку инструкции) или, пак, да ги остават учениците слободно да дискутираат. Од оваа ситуација произлегува истражувачкото прашање. Важно е, притоа, на крајот учениците да разговараат за резултатите и јазично да го разработат текот на експериментот. Резултатите можат да доведат до ново истражувачко прашање и продолжување на експериментот.


8 ЧЕКОРИ ЗА ПОДГОТОВКА

1. Разгледајте ги подобро тематските области од наставниот план по германски јазик и одберете научна поврзаност.

2. Побарајте соодветен експеримент во некои книги со експерименти и веб-страни.  

3.Најдете поврзаност со темата: кое истражувачко прашање може да го одговори експериментот? Како може да се вклопи ова истражувачко прашање со Вашата тема?

4. Испробајте го експериментот!

5. Размислете, кој вокабулар и кои граматички конструкции може да се разработат или извежбаат со овој експеримент (на пример, споредби или степенување).

6. Побарајте соодветни активности со кои ќе го предадете вокабуларот и граматиката во различни контексти.

7. Формулирајте ги наставните цели за оваа содржина.

8. Најдете можности да ја продолжите и продлабочите темата.

Сега Ви посакувам многу забава во потрагата по соодветен експеримент за Вашата настава!