СТУДИРАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВЕНИ ЗА НА ФАКУЛТЕТ

150 бегалци од различни земји ќе почнат во 2016 година да студираат во Бремен. Есента 2018 година, Ахмад ал Зоуби, исто така, ќе биде дел од оваа група.
© picture alliance / Кармен Јасперсен

Во 2015 година, Ахмад Ал Зоуби избегал од неговата родна Сирија; Денес студира механичко инженерство во Германија. Тој беше помогнат од јазичната програма Интегра, која им помага на бегалците да се подготват за високото образование во Германија.

Од Петра Шенхефер

Нападите врз неговиот роден град Дараа во југозападна Сирија ја уништија основата за живот на тогашниот 19-годишниот Ахмад Ал Зоуби и неговото семејство. Претходно, завршил средно училиште и се стекнал со диплома по механички инженеринг во Дамаск. Но, да студира во Дамаск? Тоа било незамисливо во есента 2015 година. Бегството за Ахмад конечно завршува во Бремен. Шест месеци семејството Ал Зоуби живее во засолниште за бегалци. Ахмад учествува на вообичаените курсеви по германски јазик за бегалци, но тој има уште една цел: тој сака да студира во Германија.

УЧЕЊЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ФАКУЛТЕТ

Тој постојано се рааспрашувал сè додека не дознал за јазичната програма „Интегра - интеграција на бегалците во специјализирани студии“, која беше иницирана од Сојузното министерство за образование и истражување (BMBF) и Германската служба за академска размена (DAAD) во 2015 година (види инфо-катче). Таа ги поддржува бегалците кои сакаат да студираат во Германија за можат што е можно побрзо да се подготват за студирање на германските универзитети. Во повеќето сојузни држави им е дозволено да започнат со студиите за време на тековната процедура за азил, поради што можат и рано да започнат со Интегра. Предуслов: Мора да имате статус на бегалец и да сте квалификуван за влез на универзитет - односно соодветна образовна квалификација.

Во средиштето на Интегра е интензивен курс по јазик кој Ахмад го учи на Гете-институтот во Бремен. „Но овој курс се подготвувавме да студираме во Германија на многу високо јазично ниво“, вели Ахмад. „Претходно, имав завршено курс за B1, на Интегра научивме сè за завршниот испит C1“. Сертификатот на C1 е испит за германски јазик за возрасни, со кој се потврдува познавање на јазикот на напредно ниво. На странските државјани им е потребен, на пример, за да се подготват за работа на медицинско поле или за да аплицираат за студирање во Германија.
„Германскиот јазик беше многу тежок за мене, бидејќи никогаш не сум се занимавал со него во Сирија“, се присетува Ахмад. „Зборувавме на англиски и знаев зборот „Германија“, но кога стигнавме, тоа беше одеднаш „Добредојдовте во Германија“. Тешко ми беше да ги научам и производите, бидејќи тие како такви не постојат на арапски“. „Оние кои се од Европа, често може да користат слични зборови за споредба. Но, за нас Арапите сè беше сосема ново.“

„ИСКУСТВО ОД ПРВА РАКА“

Со курсот Интегра Ахмед го достигна нивото C1. За зимскиот семестар 2018/19, 21-годишниот добил одобренија од областа на машинството од три универзитети и го избрал Бремен. Тој би сакал подоцна да најде работа во областа на обновливи извори на енергија. Патем, тој не сака да ја изгуби од вид својата втора голема страст, филмовите. Неговиот документарен филм „Бегство од Сирија“, кој прикажува снимки од мобилен телефон од неговото бегство, веќе се прикажа во неколку кино сали и универзитети и е примен од страна на публиката и медиумите со слично голем ентузијазам.

За младите бегалци кои сакаат да студираат во Германија како него, Ахмад советува особено за сопствена иницијатива: „Оди на универзитетот и прашај. Не прашувај ги твоите пријатели, туку прашај од прва рака какви можности има за вас.“ Младиот Сириец единствено жали дека програмата Интегра не е понудена на национално ниво во сите германски држави.

Со цел да студираат во Германија, бегалците мора да постигнат високо ниво на јазични вештини. Со цел да студираат во Германија, бегалците мора да постигнат високо ниво на јазични вештини. | © picture alliance / Паул Цинкен ПАТ ДО СТУДИИТЕ: ИНТЕГРА ЈАЗИЧНА ПРОГРАМА ЗА БЕГАЛЦИ

Интеграцијата на бегалците на една студиска програма претставува голем предизвик за германските универзитети. Поради големиот број на бегалци кои во Германија беа забележани на крајот на 2015 година, Сојузното министерство за образование и истражување (BMBF) и германската служба за академска размена (DAAD), ја иницираа програмата „Интегра - интеграција на бегалците во високото образование“, која се нуди на околу 200 германски универзитети и високи школи. Интензивните курсеви за јазик, како и интер-културните курсеви и специјализирани понуди треба да помогнат бегалците во најкраток можен рок да се подготват за студирање.

Високообразовните институции во Бремен се вклучени во оваа програма од април 2016 година и дополнително се поддржани од државата Бремен. „HERE студии“ (Higher Education Refugees Entrance Studies) е заеднички проект на центарот за странски јазици на универзитетите, на посебно основаната канцеларија при универзитетите и Гете Институтот Бремен. Гете Институтот им нуди на бегалците јазични курсеви до ниво Ц1, тој ги подготвува за испитите за познавање јазик како услов за влез на универзитет и ги спроведува истите. Центарот за странски јазици универзитетите ги надополнуваат интензивните јазични курсеви преку придружба туториал за учење јазици.

Успехот на програмата ќе биде анализиран од истражувачки проект. Проф. Д-р Клаудија Харш, директор за наука и управител на центарот за странски јазици на универзитетите во Бремен и професор за учење и истражување јазици, ќе го следи јазичниот развој и интеграцијата на бегалците во текот на програмата за јазик Интегра и во првата фаза на универзитетските студии. Преку интервјуа и прашалници бегалците ќе дадат ретроспектива, меѓу другото, за својата прва година на студии, степенот до кој понудата ги подготвила соодветно за нивните студии.

Во првата година на поддршка во рамките на цела Германија учествуваа повеќе од 6.800 бегалци потенцијални студенти на околу 700 јазични и стручни подготвителни курсеви, кои биле поддржани од програмата Интегра. Во 2017 година, овој број веќе се зголеми на над 10.000 учесници.